Број 2867  сабота, 20 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Пентагон го разгледува планот за затворање на Гвантанамо

Администрацијата на Буш ќе треба да реши каде ќе се држат сегашните затвореници

ВАШИНГТОН - Пентагон работи на план за затворање на американскиот воен затвор во заливот Гвантанамо, Куба, за да биде достапен за новоизбраниот претседател Барак Обама кога ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, изјави претставник на одбраната. Американскиот државен секретар Роберт Гејтс побара од неговиот персонал да излезе со процена што би било потребно да се затвори затворот, кој стана дамка на меѓународниот углед на САД. „Ако ова е една од првите наредби за работа на идниот претседател, секретарот сака да биде подготвен да му помогне што е можно поскоро“, изјави секретарот за печат на Пентагон, Џеф Морел за новинарите. „Гејтс побара од неговиот тим да даде предлог како да се затвори затворот - што би било специфично потребно за затворање, и преместување на затворениците од тој објект, а во исто време да се осигура дека го заштитуваме американскиот народ од некои опасни личности“.

Обама вети дека ќе го затвори затворот во американската поморска станица во јужна Куба, која ја симболизира агресивната практика на притворање, што пак им наметнува тврдења за тортура на САД. Се' уште нема информации колку брзо Обама би можел да го решава прашањето за Гвантанамо.

Но, новоизбраниот претседател, кој повеќе пати го опиша затворањето на затворот како главен приоритет на надворешната политика, изјави за списанието „Тајм“ дека се надева оти затворот ќе биде затворен во текот на првите две години од неговиот мандат. Гејтс, кој беше именуван од Буш, но се согласи да остане во администрацијата на Обама, исто така, сака Гвантанамо да се затвори.

Во затворот моментно има околу 250 затвореници уапсени како дел од вој��ата против тероризмот на претседателот Џорџ Буш, а меѓу нив е и Калид Шеик Мухамед, обвинет за организирање на нападите на 11 септември.

Претставници на одбраната изјавија дека задачата за затворање на Гвантанамо веројатно ќе биде долг комплексен процес што ќе ги инволвира сите три ограноци на владата. „Вакво прашање се разгледува рано бидејќи тогаш постои моментум за промени.

Со доаѓањето на новата администрација ќе има луѓе кои ќе бидат подготвени за да го направат тоа што е потребно“, рече претставник на одбраната. Официјални лица јавија дека членови на кабинетот на секретарот за одбрана и началникот на здружените сили ќе го обезбедат Обама со низа опции за решавање на комлексните прашања кои произлегуваат од Гвантанамо. Не е познато дали Пентагон би препорачал специфична насока за акција за новиот претседател.

Администрацијата на Буш ќе треба да реши каде ќе се држат сегашните затвореници, особено околу 110 затвореници за кои Пентагон верува дека се премногу опасни за да бидат ослободени од американски притвор. Во опциите има воени објекти на американска територија и цивилни федерални затвори. САД, исто така, ќе треба да донесат одлука каков вид судски систем треба да ги решава постапките за околу 80 затвореници. Сега има обвиненија против 20. (Ројтерс)

 


Статијата е прочитана 149 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Кастро понуди размена на затвореници за разговори со Америка
Процесот на ширењето на НАТО во рацете на Обама
Грузискиот парламент го теши Михаил Саакашвили
Почина службеникот на ФБИ што го обелодени „Вотергејт“
Протестите во Грција стануваат социјални немири
Лукашенко побара пет милијарди од САД
Хамас прогласи крај на примирјето со Израел
Франција е земја со најголема стапка на мртвороденчиња во ЕУ