Број 2867  сабота, 20 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Хамас прогласи крај на примирјето со Израел

ГАЗА - Хамас прогласи крај на шестмесечното примирје со Израел, постигнато со посредство на Египет, во појасот Газа, што создава изгледи за ескалација во граничните борби. „Примирјето е готово“, рече официјален претставник на Хамас, Ајман Таха, во соопштението по завршувањето на разговорите со палестинските фракции во крајбрежната енклава под контрола на исламистичката група. Тој рече дека примирјето, кое според Хамас требаше да истече на 19 декември, нема да биде обновено „бидејќи непријателот не се држи до своите обврски“ за олеснување на блокадата на појасот Газа и запирање на сите напади.

Хамас не се закани со непосредна ескалација против Израел, кој се надеваше дека ќе се продолжи примирјето и се чини дека е претпазлив околу конфронтација која би можела да предизвика големи жртви на двете страни. „Сметаме дека примирјето е во најдобар интерес на двете страни“, рече портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи, Јигал Палмор. „Би сакале да продолжи. Ако Хамас избере насилство наместо примирје, ракетирање наместо можност за подобрување на ситуацијата во Газа, тогаш мора да се запрашаме дали Хамас мисли на најдобрите интереси на своите луѓе или има инволвирано надворешни интереси“.

Палмор не ги наведе надворешните влијанија, но Хамас добива поддршка од Иран, а лидерите на Хамас живеат во егзил во Сирија. Марк Регеф, портпарол на премиерот Ехуд Олмерт, изјави дека над 30 ракети истрелани од Газа во Израел во текот на викендот се „спротивни на примирјето“.

Израел е подготвен да ги почитува условите од примирјето, но „секоја истрелана ракета е директно и флагрантно кршење на постигнатото разбирање, и не може да се толерира“, рече тој. ЕУ повика во едно соопштение на „итен прекин“ и на ракетниот оган и на израелските упади. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 245 пати.

Испрати коментар

Од: ибро
Датум: 20.12.2008 19:44:33
Кој не ја познава Израелската политика ќе верува што зборуваат нивните политичари. Врз Газа за време на примирјето водено имбарго ,како резултат од тоа, луѓето немале храна,нафта,струја,нито лекови,болните умираат во болниците зради прекин на струија ,за тоа се виновна Израелска окупаторска власт.Дури не ги пуштеа тешло болни да се лечат во соседните држави. Се надевам дека ќе го објавите тоа.
Од: Стојко
Датум: 21.12.2008 14:53:31
Да, да објавите, сигурно е така. Ибро ми кажа...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Кастро понуди размена на затвореници за разговори со Америка
Процесот на ширењето на НАТО во рацете на Обама
Грузискиот парламент го теши Михаил Саакашвили
Почина службеникот на ФБИ што го обелодени „Вотергејт“
Пентагон го разгледува планот за затворање на Гвантанамо
Протестите во Грција стануваат социјални немири
Лукашенко побара пет милијарди од САД
Франција е земја со најголема стапка на мртвороденчиња во ЕУ