Број 2867  сабота, 20 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Протестите во Грција стануваат социјални немири

Демонстрантите ја нападнаа специјалната полиција пред парламентот, а како одговор добија плотун од солзавец

АТИНА - Меѓу демонстрантите и полицијата во Грција повторно избувнаа судири, во континуираните немири поради убиството на тинејџер од страна на полицијата. Демонстрантите ја нападнаа специјалната полиција пред парламентот, фрлајќи молотови коктели. Полицијата одговори со плотун од солзавец. Дванаесет дена по убиството, гневот се соедини со незадоволството во другите делови од грчкото општество. Демонстрантите сакаат владата да ја смени социјалната и економската политика. Контролорите на воздушниот сообраќај се најновите работници од јавниот сектор кои стапија во штрајк. Околу десет илјади луѓе во четвртокот се придружија на демонстрациите во Атина кои се одржуваа пред Универзитетот, а потоа маршираа кон парламентот, во гнев поради убиството на петнаесетгодишно момче од страна на полицаец на 6 декември.

На транспарентите имаше критики за владата, која демонстрантите ја обвинуваат дека го разочарала грчкиот народ. „Долу за владата на крв, сиромаштија и приватизации“, пишуваше на еден транспарент, јавува новинската агенција Ројтерс. Новото насилство избувна на плоштадот во центарот на градот, каде што се наоѓа грчкиот парламент, при што демонстрантите фрлаа молотови коктели врз зградата и се обидуваа да го запалат големото божикно дрво во Атина. Дрвото веќе беше заменето, бидејќи беше запалено во претходните протести. Околу 70 луѓе се повредени, а околу 400 се приведени за време на протестите. Стотици продавници и банки се уништени и ограбени. Полицаецот обвинет за убиството на Александрос Глигоропулос (15) е обвинет за убиство.

Во меѓувреме, сите летови кон и од аеродромот во Атина во четврток��т беа во прекин неколку часа, бидејќи контролорите на воздушниот сообраќај протестираа против политиката на владата и бараа зголемување на платите. Тоа е дел од индустриските мерки организирани од граѓанскиот синдикат АДЕДИ. Во средата демонстрантите поставија огромни транспаренти на Акропол, античката локација која доминира во Атина, повикувајќи на „отпор“. (Би-Би-Си)

 


Статијата е прочитана 545 пати.

Испрати коментар

Од: setac
Датум: 20.12.2008 13:47:36
MALA SADISVAKCIJA -Makedonskiot narod pred nekoe vreme ke puknese od muka i od zlina koga ne ne primija vo NATO , ne deka ja skam bidejki e vojna organizacija no davase malku svetlo vo totalniot mrak na izolacija vo koja denes se naodjame. Ne trebase mnogo da se ceka, Severniot sosed sam si ja zakuva corba, mislam na nivnata vlada so nivniot sef na diplomatija tetka Bakojani ,nea najpovece ja gledav... -Sto ce kaze Makedonce ,,Imalo gospod,,Ili cestitka od predsedatelot Bus vo zaminuvaje.Pozdrav-
Од: sladj
Датум: 20.12.2008 18:47:38
sadisvakcija?? severen sosed?? hmmmmm...
Од: cacko
Датум: 20.12.2008 23:00:45
Dobro de, " setac " verovatno ispil nekolku casi pred da go napisi comentarot.
Од: goran do sladj
Датум: 21.12.2008 01:49:53
sto mozes da ocekuvas od setac? :)) zapazi go i zborot preDsedatel! no comment

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Кастро понуди размена на затвореници за разговори со Америка
Процесот на ширењето на НАТО во рацете на Обама
Грузискиот парламент го теши Михаил Саакашвили
Почина службеникот на ФБИ што го обелодени „Вотергејт“
Пентагон го разгледува планот за затворање на Гвантанамо
Лукашенко побара пет милијарди од САД
Хамас прогласи крај на примирјето со Израел
Франција е земја со најголема стапка на мртвороденчиња во ЕУ