Број 2867  сабота, 20 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Лукашенко побара пет милијарди од САД

МОСКВА - Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, им се обрати на САД да му дадат кредит од пет милијарди долари. Засега Американците не му помогнаа. Таа информација Лукашенко ја соопшти пред државните медиуми кои ја објавија вчера. Белорусија годинава веќе доби од Русија две милијарди долари. „Нам сега ни е тешко, па им се обративме и на Американците за помош. Навистина, тие не брзаат да ни помогнат. Мислам дека за нив пет милијарди не се проблем. Всушност ние не бараме бесплатна помош, тие пари ние би ги вратиле...Односите со Вашингтон забалежително може да се подобрат“, изјави Лукашенко.

Претседателот на Белорусија изјави дека Америка и Западна Европа ја поддржале Белорусија за Меѓународниот монетарен фонд да и' даде кредит од две милијарди долари. „Дај боже новата американска администрација да сфати дека ние сме за нормализација на односите со САД не само затоа што тие се поголеми и посилни. Тие многу можат да помогнат во почитувањето на нашите интереси“, изјави Лукашенко.

Во истото интервју Лукашенко изјави дека поставувањето на елементите на ПРО во Полска и Чешка ја загрозува Белорусија. Во споменатото интервју Лукашенко во повеќе наврати истакнуваше дека желбата на Белорусија да ги нормализира односите со Запад не значи нејзино одвојување од Русија. (Б.В.)


Статијата е прочитана 671 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Кастро понуди размена на затвореници за разговори со Америка
Процесот на ширењето на НАТО во рацете на Обама
Грузискиот парламент го теши Михаил Саакашвили
Почина службеникот на ФБИ што го обелодени „Вотергејт“
Пентагон го разгледува планот за затворање на Гвантанамо
Протестите во Грција стануваат социјални немири
Хамас прогласи крај на примирјето со Израел
Франција е земја со најголема стапка на мртвороденчиња во ЕУ