Број 2871  четврток, 25 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Култура

Ретроспективна изложба на Драган Петковиќ

Ретроспективна изложба на дела на Драган Петковиќ (1952-2004) ќе биде отворена вечерва во Музејот на современата уметност во 20 часот, каде што ќе бидат прикажани околу 150 слики и цртежи, што го претставуваат и историски го вреднуваат неговото богато и слоевито, но, за жал, прерано прекинато творештво. Автор на изложбата е Зоран Петровски, а е отпечатена и монографија во издание на Музејот, во која покрај Петровски, со свои текстови учествуваат и историчарите на уметноста Соња Абаџиева и Мирослав Поповиќ. Публиката ќе може да ја види изложбата до почетокот на февруари 2009 година.

„Апстрактното сликарство зазема централно место во историјата на модерната и современа македонска уметност во 20 век. Во таа историја, обележена со творештвата на Мазев, Калчевски, Анастасов, Шијак, Перчинков или Луловски, делото на Драган Петковиќ се вбројува во последните значајни изрази на идејата на модернизмот за автономија на уметничкото дело и истовремено отвора пат кон уметноста на постмодерната епоха“, ќе посочи, меѓу другото, Петровски, за авторот, кој беше роден во Скопје, каде што и го заврши Средното уметничко училиште, а дипломираше на Ликовната академија во Љубљана.

Во оваа прилика, прв пат ќе биде прикажан најголем дел од творештвото на Петковиќ, во кој спаѓа циклусот „Радоста на живеењето“, создаван од 1985 до 1987 година, како и делата настанати подоцна до неговото трагично загинување во сообраќајна несреќа. (К.Б.)


Статијата е прочитана 96 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Културата ни е на интензивна нега
Спотот „Македонија вечна“ од денеска на Си-Ен-Ен
Во Битолската епархија иконите препуштени на забот на времето
Свечена изведба на „Тапани во ноќта“ во Прилеп
„Среќна Нова ’49“ за крај на „Пред актерот - простум“
„Травијата“ за Нова година
„Најубавата - невестински фустани од 19 век до денес“