Број 2871  четврток, 25 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Култура

Спотот „Македонија вечна“ од денеска на Си-Ен-Ен

„Tатковината се брани со квалитет“, рече Милчо Манчевски на вчерашната промоција

Спотот „Македонија вечна“, направен по сценарио и режија на Милчо Манчевски, а снимен на осум јазици, вчера ја доживеа својата промоција во Музејот на современата уметност. Ова е првиот од низата рекламни спотови кои ќе бидат наменети за туристичка промоција на Македонија во светот, а неговото јавно емитување ќе почне денеска на Си-Ен-Ен и на Си-Ен-Ен Интернешенел. Потоа, прикажувањето ќе продолжи во уште десетина земји, на Фокс њуз, Канал 4 во Велика Британија, Франс 24 итн. За поддршка на оваа кампања, изработена е и веб-страницата www.macedonia-timeless.com, која вчера беше промовирана заедно со спотот на Манчевски.

Промоцијата помина во присуство на премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска, претставници од МАНУ, голем број луѓе од културниот живот во земјава, кои прикажувањето на „Македонија-вечна“ го поздравија со аплауз. Спотот, како што истакна Манчевски на промоцијата, е замислен како сторија за магична сликовница за Македонија, како место каде што живеат легендите, а ги истакнува македонското културно и природно богатство. „Најважно ни беше да направиме проект по највисоки стандарди, без извинување и без оправдување, оти татковината се брани со квалитет. Спотот има практична цел - да привлече туристи во земјава и со тоа да ја помогне економијата, културната и секаква друга размена на земјава со светот“, рече Манчевски.

На промоцијата на „Македонија-вечна“ говореше и премиерот Никола Груевски, кој истакна дека спотот е одличен почеток од одличен мајстор како дел од еден поширок проект, кој покрај претставувањето како туристичка дестинација, има цел брендирање на Република Македонија. „Со овој спот во почеток сме на една нова ера во презентацијата на Република Македонија. Треба да бидеме горди со природните убавини и културното наследство. Навистина Македонија заслужува да го види тоа и светот. Ако не го покажуваме на ваков начин, нема да има сознанија дека тоа постои“, истакна Груевски. Веќе започната е и, како што рече Груевски, законската процедура за изработка на уште пет спота од кои еден ќе биде од општ карактер како и денеска промовираниот, а останатите ќе бидат тематски и посветени на брендирање на македонското вино, за македонската археологија, за убавините на македонските цркви, манастири и џамии, а еден спот ќе биде посветен на Охрид како најпосетеното место во државата.

Само да потсетиме, спотот „Македонија вечна“ почна да се снима во октомври, на локации во Преспа, Велес, Прилеп, Крушево, Охрид, Кокино, Стоби, Курбиново, Конопиште, Скопје... Спотот е во продукција на „Сенка филм“, а е финансиран од Владата и Министерството за култура. Неговиот буџет изнесува 190 илјади евра. Директор на фотографија е Изабел Дума, дизајнер е Дејвид Манз, монтажери се Петар Мостерт и Петар Џуровски, музиката на Кирил Џајковски, а високотехничките специјални ефекти ги изработи њујоршкото студио „Обтус“. (Т.И.)


Статијата е прочитана 1805 пати.

Испрати коментар

Од: gagi
Датум: 25.12.2008 00:14:08
kako toa nema nisto da pocni so aleksandar makedonski?????!!! istorijata na makedonija ne e biljana platno belese
Од: miki maus
Датум: 25.12.2008 00:51:27
mnogu dobar spot i dobra promocija na makedonija
Од: VMK
Датум: 25.12.2008 01:06:21
Македонија е Вечна!...Одлично ми се допадна..Браво г.дин Манчески!....Само некој што не е сака Македонија може да рече дека не му се допаѓа спотот..Инаку се што е поврзано со Македонија за мене е СВЕТО!
Од: Valter
Датум: 25.12.2008 01:35:25
А ��ти Историјата на Македонија да не почнува со Билјана платно белеше???Билјана може платно да белела и пред 100 века,а Александар знаеме кога живеел.Таман работа историјата на Македонија да започнува од Александар,ние Сме горди на него,ама имало живот и пред него.
Од: Andrej
Датум: 25.12.2008 01:46:01
Ne e los spotot, no izgleda e praven prekutrupa. Vo 13 sekunda vo eden kadar se gledaat reflektorite vo studioto, i e malku cudno Milco kako golem perfekcionist toa da ne go zabelezal, ili pak premnogu veruval vo timot i ostavil drugi da vodat smetka za toa, a tie pak napravile nedozvolen gaf, posebno ako se znae kolku pari se vlozeni vo toa. Nejse, mozebi ke se popravi greskata ponatamu. Srekjno
Од: demokrat
Датум: 25.12.2008 01:49:26
Spotot kako spot e ok. No, moze li nekoj da mi objasne, koja e negovata cel?
Од: зоран87
Датум: 25.12.2008 01:59:59
Овој спот е уште еден доказ дека Македонија со малку труд и добра презентација може да стане доста атрактивна дестинација.За овој спот намногу треба да бидеме благодарни на господинот Манчески и секако на Владата на Република Македонија која несебично ја поддржа изработката на овој спот и на идните кои се планирани за промоција на нашата држава.Мислам дека ова е еден добар пристап на промоција и дека наскоро ќе донесе добри резултати
Од: Nikola
Датум: 25.12.2008 02:09:45
Na moja golema zalost,spotot e ocajno los,nerazbirliv i vnatre voopsto ne se gleda,ne mirisa na Makedonija.Izlgeda bese vistina koga M.Mancevski kazuvase deka ke odi vo penzija.Milco,dosta e.Daj nekoj mlad cirak da zakova sajka.Sekoja cest kon se so si napravil,no posle Prasina a osobeno posle posledniov film rabotata ti odi nadolu.Odmori se malku i prepusti ja cetkata na nekoj mlad majstor.
Од: Makedonsko Dvizenje од Tetovo
Датум: 25.12.2008 02:10:32
Spotot na Mancevski tehnicki e dobar, no na "Den vo Makedonija" od Ideja Plus ne moze voda da mu nosi. Toa sto zagrizuva e web stranicata sto e nositel na informaciite sto odat zaedno so spotot: www.macedonia-timeless.com ! Informaciite koi sto se prezentiraat se tendenciozno odbrani, a linkovite do Vikipedia pak samo "cementiraat' MPO-vski stavovi i probugarski planovi za postoenjeto na Makedoncite i Makedonija na Balkanot (popisi, dijaspora i t.n.)ja nema edna POPOVA SHAPKA na linkovite za turizam, a Kozuv i Mavrovo se "biserite" na skijanjeto vo Makedonija?! Nikakvi artefakti od Sar planina i Makedoncite vo tie delovi na Makedonija...!!! BROJOT na Makedoncite spored vikipedija se porazitelni ( a zosto tamu dale link?!koi se pa tie? KOi Makedonci se promovirat tamu?, Da se protestira protiv Vikipedia i protiv Vladata za sodrzinite na stranicite!
Од: Blagoja
Датум: 25.12.2008 05:03:32
Kvalitetot na spotot e dobar,megjutoa mislam deka vo nekoja dimenzija e taka da recam"naporen" i nema da odgovara na populistickite baranja na zapadniot komercijalizam.Dobar spot no nisto posebno.
Од: Странски турист
Датум: 25.12.2008 05:07:32
„Буџет на спотот изнесува 190 илјади евра.“ А буџетот за поправање покрив на Музеј на Македонија? Очигледно ниту еден денар! Tamy се наоѓа највредниот и најубавиот дел од македонско културно богатство, а кога врне дожд тече вода од дупки во покривот. Беше таму пред една недела и ги видев големите дамки од вода во теписи и зидови.
Од: Skender
Датум: 25.12.2008 07:17:35
znaci Kumanovo, Skopje(preko mostot), Tetovo, Gostivar, Kicevo ,Debar, Struga he se vo R. MAkedonija. Dobro nema problem moze i tako.
Од: Мислител
Датум: 25.12.2008 08:03:03
Браво за Милчо Манчевски. Преубав спот за промоција на Македонија.
Од: zs
Датум: 25.12.2008 08:34:47
Da, ubav e. No 200 ilj.evra? Sega Mancevski najde da zarabotuva na Makedonija? Do koga? Se dodeka moze, normalno. Dodeka e vo pozicija da graba i nikogas nema da mu e dosta.
Од: kristina
Датум: 25.12.2008 08:35:20
Bravo 1000 milioni evra.........
Од: vera
Датум: 25.12.2008 09:21:47
Милчо, од добиените пари за спотот вратит ги парите на својте должници во квантитет!
Од: Elena
Датум: 25.12.2008 09:44:30
Od vcera edvaj cekam da go komentiram spotot. Ocaen e! Tolku strasen, tolku primitiven, nema nisto da ti go zagree srceto. Denesniot covek ne bara mitovi i legendi, bara opustenost, nasmevnatost, ubavina. Nisto od toa, samo mornicava agresivnost. Atmosferata vo Skopje pred natprevarot so Skotska bi bila podobra prezentacija za Makedonija. Se slavese zivotot, mladosta, spotot, razlicnostite.
Од: Penzioner
Датум: 25.12.2008 09:56:21
Милчо, ти посакуваме среќни и весели пензионерски денови со спотот „Македонија е вечна“. И пушти го Пензискиот... пардон - Филмскиот фонд да си избере директор, време е и други да снимаат филмови.
Од: dragan
Датум: 25.12.2008 10:00:05
Spotot e ok i kakao takov mi se dopaga no od druga strana ne mi e jasno shto dobivame nie so toa.Dali ke se otvarat novi fabriki,dali ke imame stranski investicii,dali ke se otvarat novi rabotni mesta,dali .........ova poveke mi lici na veke videno od grujo.
Од: neutralen
Датум: 25.12.2008 10:02:01
Spotot e dobar, no mracen i ne ja reflektira jasnotijata na soncevata ni Makedonija. Mnogu pari, mnogu calami, vo prisusustvo na Premierot (neizbezno). Spotot trebase da ima posovremena komponenta, bidejki ova e spot za privlekuvanje turisti (neli sme neotkriena destinacija), a za promocija na istorijata i dokazuvanje koi sme, sto sme pravele itn., - toa go pravat nekoi drugi, pak bliski do Premierot. Edno prasanje, neli e zagrizen Gruevski sto Iska od Kranj se otkaza i drugi se premisluvat, neli e vreme za politicko-diplomatska ofanziva, spotovi se vrtat i vrtat i na Eurosport za Hrvatska, Kipar, Grcija i prekrasni se i atraktivni. Slovenija nema spot, ama ima turisti za skijanje, ima more kolku ima ta duri i tamu ima turisti. Ubavo za nas, no povedro i pomoderno za stranskiot pazar.
Од: Zana
Датум: 25.12.2008 10:07:59
Preubav portal, nesto sto dolgo vreme ni nedostasuvase. Veke isprativ nekolku strani, koi uspesno gi simnav, na moi prijateli nadvor od Makedonija. Koga moite zborovi za da ja opisam ubavinata na mojata tatkovina ke bidat nedovolni, prezentiranite spotovi ke mi se od golema pomos. I navistina tatkovinata se brani so dela. Bravi za Milco i negovite sorabotnici i tie sto resiva da odvojata od nasite pari za ovaa prezentacija.
Од: idea movement
Датум: 25.12.2008 10:40:13
Spotot ne e los za Muzej na Makedonija, no daleku od takov kako sto treba da bide za celta za koja e promoviran, cenata od 190.000 evra e frapiracka!! Mancevski e potrosen materijal, spotot na momenti e naporen i neprivlecen, kadri neobjasnivi, covek so bozdogan (koj turist saka nekoj da zamavne na nego so bozdogan osobeno posle renometo od 2001), devojce so krivi zabi koe jade lubenica i semki nasekade po nejzinoto lice koi licat na muvi po lice.. da ne go spomnuvam kadarot od Ohridskiot varos so reflektori i filter na nego, neobjasniv propust koj sega preku CNN cel svet seir moze da ni fakja. Za pofalba e samo muzikata, i del od montazata na odredeni kadri, celta totalno promasena, cenata frapiracka!!
Од: режисер
Датум: 25.12.2008 10:44:14
Премалку за 190 000 евра.Или ова е "испран спот"
Од: ne e bitno
Датум: 25.12.2008 10:51:10
ocajno los. gospoda ovde ne ziveat samo makedonci.
Од: optimist
Датум: 25.12.2008 10:58:52
E сега ке видите после гледанјево на спотов на с с.н.н. кога ке невалат од цел свет море каква криза каков бакрач.Панели видовте колку туристи од америка имавме летоска кога одеа рекламите за Македонија исто на с.н.н.Абе каква реклама каков бакрач нели гледате дека се е перење пари .Па ако ска да се рекламира што не се рекламира во соседниве земји Србија ,Бугарија па и Грција од каде што имаме најмногу туристи.Ама таму е сто пати поевтино рекламирањето а и ефектот е поголем анекој изгледа тоа не го сака.
Од: ana
Датум: 25.12.2008 11:01:39
nekako ne mi se dopagja.....nekoj sto ne ja znae makedonija, od spotot NISTO nema da vidi, samo pustelija, krs...voini......so sto ke gi privleceme turistite?
Од: Maja
Датум: 25.12.2008 11:18:19
Тажно, тажно и тажно! Ако сите овие реномирани светски познати Македонци својот патриотизам дебело не го наплатеа ќе беше за поздравување, вака останувам без коментар. Секој од нас кој ја љуби оваа земја, без надомест би бил учесник во подготвувањето на промотивниот материјал, а средствата дадени за спотот ќе можеле да покријат некоја дупка на асфалтот или некое прокиснато училиште. Г-не Манчевски секоја чест за изјавата дека земјата се брани со квалитет , но не заборавајте дека вистинскиот , а не лажниот патриотизам е многу битна нишка за сиромашна земја како нашата.
Од: rusa
Датум: 25.12.2008 11:23:36
Zosto poveke spotovi ne bea prezentirani i narodot neka odberese sto treba da gleda svetot ,poglednete gi spotovite na sosednite drzavi .Neznam na ova kriza vo Makedonija 190 iljadi evra da se frlat e sramota.Makedonija ima potencijal da snimi eden podobar spot.
Од: kavadar
Датум: 25.12.2008 11:50:49
Dobar den, Prvo do Milco - Bravo majstore. A koga nekoj makedonec nesto ke naprave i site drugi koi neznaat podobro a i onie koi mislat deka znaat podobro ke molcat togas moze i ke trgnime napred. Da bese napraven spotot od nekoj si srbin ili hrvat i da kostase duplo povekje site nie od utctivost ke molceme ... Super spot - gledan od strana!!! Pozdrav od soncevata Svajcarija
Од: Trocki
Датум: 25.12.2008 11:55:41
Спотот не е туристичка, туку националистичка пропаганда! Натрупан е со се и сешто. Ниедна земја на Запад не се рекламира веќе вака. Ова е повеќе да се исплаши човек. Потоа, се фрлаат наши пари за вакви спотови, а нема летови ефтини до Македонија! Европските туристи сакаат во фебруари да резервираат авионски билет за одмор во јули, а тоа во Макеоднија не е можно.
Од: Bitola
Датум: 25.12.2008 11:56:04
Alo Mancevski plakaj redovno danok i prijavuvajgi zemenite pari tocno oti .........eden den.Ne zaboravaj tie se narodni pari sto gi zemas.
Од: nekoj
Датум: 25.12.2008 12:20:06
Pa mene mi e podobar spotot od MRTV koga zavrsuva so programa barem gi pokazuva prirodnite ubavini.Vizuelnosta i efektite se ubavi no ideata na spotot e kompletno pogresena.So ovoj spot makedonija se prikazuva kako seuste da ziveeme vo 1900 godina a toa so krale marko kako e napraen da te plasi.Pokazena e makedonija kako zemja so mnogu vojnici kade ako odis mozes da naides na problemi.Nekoi delovi od prirodata mi se dopadnaa.No ako spotot e napraven za cel da ni nosi turizmi togas pokazi malku za turizmot priroda, hoteli, zabavi, klubovi, kaj sto ima kaj da se odi a ako e napraven spotot samo za inaet na grcite togas dobro e napraen.
Од: darko
Датум: 25.12.2008 12:35:29
Spotot e katastofa . Nema skoro nisto od ubavinite na makedonija, samo skulpturi, predmeti, ikoni.
Од: zelezara
Датум: 25.12.2008 13:54:22
Selo gori baba se cesla.Abe narodov nema leb da jade a oni se rasvrlaat so pari.Pa neli svetska kriza e treba da se stedi,sto korist ke imame nie od ovoj spot?Ustvari ke ima korist vladata ke ispere uste nekoe mozoce.
Од: eden, ama vreden
Датум: 25.12.2008 14:18:30
Od sto se sramite Makedonci? ja poznavate li svojata zemja? kakvi zabi treba da ima devojce na 6-7 godini? kolku minuti trae den vo makedonija, a kolku makedonija vecna? znaete da se derete na sportski natprevar ili znaete i da se prosetate da go naucite svoito parce zemja? ima li komentar bez da se spomene cifrata? morate li vecno da plukate po samite sebe? kolku li toa go mrazite manchevski, a kolku li toa se mrazite samite sebe?
Од: eva
Датум: 25.12.2008 14:35:52
ne e nisto posebno...nema nisto za makedonija...glupav e
Од: Макидон
Датум: 25.12.2008 15:16:32
Трошење пари за глупости, т.е. перење пари... Тоа што се кажува во спотот може да се однесува на географската територија Македонија, така што со тој спот и со Александар во него, ние всушност ги рекламираме грчките туристички места во Makedonia (Егејска Македонија) Грција. Секогаш кога на некој странец му кажувам дека сум од Македонија, ми поставува второ прашање - Од Грција?! Да се рекламира Македонија со Александар Велики е глупост над глупостите. Да се надеваме дека оваа гркоманска влада што поскоро ќе замине во историјата заедно со нивниот варварин Александар Велики.
Од: Goran-Ohird
Датум: 25.12.2008 15:18:04
edna golema nula za spotot , kako li samo mozel Milco da napravi tolku mnogu propusti izgleda tie 190000 evra mu go ispile umot. A be Milco od koga taa Biljana pocna platno da beli na prespanskoto ezero,a i plaosnik si go zaboravil najubavoto nesto vo makedonija i limenka od skopsko pivo kako najdobroto od makedonija
Од: Бале од Мелбурн
Датум: 25.12.2008 15:22:25
Не можам да се изначудам: родени сме само да се напаѓаме, да се навредуваме, обвинуваме, и се друго, са��о не да се бодриме. Па зарем ништо е подобро од овој „каков-таков„ спот? Зошто спотов да не се искористи како „провокација„ да се направи уште подобар спот, па уште, уште подобар итн. А за цената, само познавачи на „пазарот„ можат да коментираат, а јас не сум таков. Вие сите што коментиравте?
Од: don kihot
Датум: 25.12.2008 15:23:55
Sekoj vakov potek e odlicen za nas, sekoja reklama za Makedonija e dobrodojdena.Ziveam na zapat, nas bukvalno nikade ne nema, skoro i nikako, Makedonija ne se reklamirase vo izminative 18 godini.Mora da sme poaktivni na ova pole treba da sme prisutni segde, site Drzavi vo Evropa imaat vakvi spotovi, posebno Htvatska taa se reklamira na ovoj nacin preku cela godina na Germanskite kanali.Za kvalitetot na spotot nema sto nie da komentirame da ostavime vremeto da pokaze.Pozdrav do maestro Mancevski.Treba da da naucime da si go cenime naseto.
Од: lidija
Датум: 25.12.2008 15:31:49
Site emocii sto gi poseduvam mi gi razbudi g-not Mancevski kako i sekogas. Voodusevena sum od spotot i se prasuvam samo, do koga nie Makedoncite ke si plukame sebesi? Milco, samo napred, maestro, i ne se osvrnuvaj na negativnite kritiki, Bog da im prosti, ne znaat sto zboruvaat...
Од: Canada
Датум: 25.12.2008 15:34:43
Izgleda Milco & Co. ne gi biva za "advertisement." Medjutoa, Milco treba najmalku da e kriv, idejata sigurno ne e negova. Po se, ova e promasena investicija. Bez nikakva idea i zaklucok. Daj be malku nase, onaka so "toplo" srce, kako sto ne znaat i pametat lugjevo. Se prasuvam kako da ja objasnam ovaa promocija na strancive sto gi poznavam. Samo da prasam, ovaa devojkava Kleopatra izigrava ili sto? Bogami i malku lici na nea. Naravoucenie: Ovde na zapadov znaat sto ke reces pred da otvoris usta. I zamisli, rekorderite se isklucuvaat. Na zdravje neka ni e spotot.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Културата ни е на интензивна нега
Во Битолската епархија иконите препуштени на забот на времето
Свечена изведба на „Тапани во ноќта“ во Прилеп
Ретроспективна изложба на Драган Петковиќ
„Среќна Нова ’49“ за крај на „Пред актерот - простум“
„Травијата“ за Нова година
„Најубавата - невестински фустани од 19 век до денес“