„Среќна Нова ’49“ за крај на „Пред актерот - простум“
Денеска со проекција на култниот македонски филм од 1986 година „Среќна Нова ’49“ на Столе Попов завршува десетдневниот циклус на Кинотека на Македонија, насловен „Пред актерот - простум“. „Среќна Нова ’49“ е филмот кој направи голем успех кај нас и во цела Југославија, освои голем број награди, беше југословенскиот кандидат за „Оскар“ и, она што е најважно, придонесе за подемот на македонската кинематографија. Филмот е направен според сценариото на Гордан Михиќ и се навраќа на карактеристичното време по Втората светска војна. Главните улоги во овој филм ги играат: Мето Јовановски, Александар Ацо Ѓорчев, Петар Арсовски, Душко Костовски, Мите Грозданов, Милица Стојанова, Гоце Тодоровски, Синоличка Трпкова, Светозар Цветковиќ, Владица Милосавлевиќ и други. Проекцијата е во 20 часот во Кинотека на Македонија, а влезот е бесплатен. (С.У.) |