„Реновирање“ на Детроит пистонс
Трикратниот НБА првак Детроит пистонс тргна во голема реорганизација на тимот за новата сезона по разочарувањето во претходната. Веднаш по првиот ден од отворениот пазар за слободни играчи Детроит ангажираше двајца млади кошаркари 26 годишниот Бен Гордон од Чикаго и 24-годишниот Чарли Вилануева од Милвоки.
Гордон минатата сезона имаше просек од 20,7 коша, додека Вилануева имаше 16,2 коша и 6,7 скока.
Според, американските медиуми Гордон потпишал пет годишен договор и ќе добие 55 милиони долари, а Вилануева за пет години верност ќе добие 35 милиони.
Пистонси во вторникот го отпуштија Мајкл Кари по само една сезона мината на таа должност. Кари оствари скор од 39 победи и 43 порази, а во првиот круг од плеј-офот загуби од Кливленд 0:4. |