Бугарија домаќин на трка од 2011?
Организацискиот комитет за Гран-при во Бугарија и неговиот претседател Румен Петков добија официјална покана за средба со првиот човек на Формула 1, Берни Еклстоун, на која ќе се преговара за организирање трка. Средбата ќе се случи за време на трката за Големата награда на Германија во Нирбургринг од 10 до 12 јули.
Според нацрт-договорот што го добил Организацискиот комитет за Гран-при во Бугарија, источниот сосед би бил домаќин на трка од Светскиот шампионат во Формула 1 во периодот од 2011 до 2015 година, со можност за продолжување на договорот до 2020. |