Серена Вилијамс прва финалистка на Вимблдон
Американката Серена Вилијамс е прва финалистка на годинашниот Вимблдон. Во полуфиналето таа славеше над Русинката Елена Дементиева со 6:7, 7:5, 8:6. Бранителката на трофејот, Венус Вилијамс, вчера попладне играше против Динара Сафина во второто полуфинале.
Четвртфиналните мечеви на Вимблдон кај мажите донесоа едно изненадување и изобилство од одличен тенис. Најнеизвесно беше во последниот дуел на дневниот репертоар во кој Американецот Енди Родик во пет сета го елиминира Лејтон Хјуит. Четири сета му беа потребни на Родик да го скрши отпорот на Австралиецот, гладен за победа, за конечни 6:3, 6:7, 7:6, 4:6, 6:4.
Германецот Томи Хас претходно, неочекувано, го порази четвртиот носител, Новак Ѓоковиќ со 7:5, 7:6, 4:6, 6:3. За српскиот тенисер ова е втор пораз од Хас за кус период, откако беше поразен и во мечот за титулата на турнирот во Хале. Полуфинале обезбедија уште Швајцарецот Роже Федерер и Британецот Енди Мари.
Миленикот на домашната публика во Лондон, Мари, славеше над шпанскиот тенисер, Хуан Карлос Фереро, кој со вајлд карта доби можност да настапува на третиот годинашен Гренд слем, со 7:5, 6:3, 6:2. Во полуфиналето тој ќе игра со Родик и доколку го мине ќе биде во ситуација да стане прв Британец со трофеј на сеанглискиот тениски клуб по Фред Пери. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Федерер и Хас.
Резултати, четврт-финале, мажи: Мари (3., В. Британија) - Фереро (Шпанија) 7:5, 6:3, 6:2; Хас (24., Германија) - Ѓоковиќ (4., Србија) 7:5, 7:6, 4:6, 6:3; Родик (6., САД) - Хјуит (Австралија) 6:3, 6:7, 7:6, 4:6, 6:4. |