Број 3037  четврток, 16 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Роми бараат да се изгради теќе на скопскиот плоштад

Ќе има ли место да се задоволат сите барања: плоштадот „Македонија“

На скопскиот плоштад да се изгради Вардали баба-теќе! Вакво барање до Општина Центар неодамна поднеле од „Светиот стол на суфиските еренлери на светот во Македонија“, здружение во кое 70 отсто од членовите и' припаѓаат на ромската популација. Тие инсистираат да им се овозможи изградба на теќето во зеленилото спроти кафулето „Тренд“.

Владимир Тодоровиќ, градоначалник на Општина Центар, најави дека допрва ќе го разгледа барањето и ќе донесе одлука дали врз основа на него ќе предложи измени на постојниот Детален урбанистички план. Со важечкиот ДУП во зеленилото спроти „Тренд“ сега има маркичка за изградба на хотел и административно-деловен објект, а земјиштето е во приватна сопственост. Градоначалникот, не само за барањето за изградбата на теќето туку и за џамијата на која инсистираат од ИВЗ, нема оформено конкретен став, дали е „за“ или против овие објекти да никнат на плоштадот. Смета дека основа за барањата е одржување баланс на верските објекти откако се актуализира и поведе постапка за реализација на владината идеја за изградба на црквата „Свети Константин и Елена“.

„Иницијативата за промена на ДУП во интерес на џамијата ја добивме и прифативме. Се бара на местото на Офицерскиот дом да се изгради џамија. Во меѓувреме, планирам свое видување да кажат и стручни лица, од архитекти до обични луѓе. Во секој случај, дали ќе има промена на планот ќе зависи од одлуката на општинскиот Совет. За теќето, пак, допрва ќе одлучуваме“, дополни Тодоровиќ. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 1896 пати.

Испрати коментар

Од: Сергеј
Датум: 16.07.2009 00:57:23
Ах, да, деновиве и едно индијанско племе од Мексико објави дека сака да постави свој тотем на плоштадот „Македонија“. Се чудам само зошто уште не се огласиле Јапонците и Абориџините. Баш ни недостасуваат. ( http://www.otpor.net.tf )
Од: Evrein
Датум: 16.07.2009 02:56:34
Jas sakam na plostadot da se izgradi sinagoga.Smetam deka pored teketo, crkvata, djamijata, treba da ima sinagoga, a mozebi i katolicka crkva. Od plostadot vo Skopje ke se zasrami i Vatikan.Toj ke ostane "Vatikan vo malo", a Skopje ke ima "Vatikan na golemo".
Од: mitko edvaj ceka
Датум: 16.07.2009 03:12:31
Taka e toa VMRO ke izgradi crkva pa potoa site verski zaednici ke zapnat da se izgradat djamii, tekinja i sl. Da povtoram edna moja bistra misla (barem takva mislam deka e): Na pravoslavnite vernici poveke ke im skodi djamijata (i teketo) otkolku sto ke im godi crkvata.
Од: mkd17
Датум: 16.07.2009 03:21:33
Abe luge NORMALNI LI STE
Од: Alek
Датум: 16.07.2009 08:36:32
Нормални сме mkd17 :). Јас би сакал да се изградат на еден простор обележја на сите поголеми и помали верски заедници во државава, па тоа ќе биде, ем своевидна атракција за туристите, ем пример за меѓуверска толеранција за младите генерации. Ама плоштадот оставете го да дише, и онака веќе тешко дишеме од преродбата во 100 и кусур чекори.
Од: Do mkd17
Датум: 16.07.2009 08:53:34
Ovaa vlast ne e normalna.
Од: mene
Датум: 16.07.2009 09:32:46
Ако македонија треба да демонстрира мултиетничност и мултиконфесионалност,плоштадот е идеално место за таа демонстрација .Уште повеке што се вика „Македонија„ и уште повеке што наскоро ке се всели Аце Големиот со 22 метри висина па одозгора ке го гледа својот космополитски успех после 24 века.Предлагам пред диспечерскиот центар во паркот во низа да се наредат сите верски објекти на малцинствата во РМ.Така ке престане дебатат околу ова прашање.*Или НГ преку својот пион ВТ во Центарпод итно да донесат Дуп во кој не само што ке се избришат сите маткички допишани по налог на власат туку и изричито ке се определи дека на плоштадот нема да има весрки објекти.Мегутоа мене ме згружува молчењето на МПЦ.Како усрани голуби се овие наши владици сега ,а кога објави НГ за црква на плоштадот еден понизок чиновник се осмели дури да ја именува како Св Никола(најмасовна слава во Скопје). Само заборави изгледа да каже Св Никола Груевски.Овој Синод на чело со профитерот Стефан немаат верски морал .
Од: jimmy1
Датум: 16.07.2009 09:32:58
Ako nema mesto ke go srusite trgovskiot centar pa ke izgradite po nesto za site religii. Mkd, lugeto se normalni no za zal vladata ne ni e normalna. Pa koga mozi da gradat crkva zosto drugite malcinstva da nemaat nisto svoe na plostadot. Zatoa Grujo prvo neka e udri glavata vo zid, da mu se razrabotaat klackalicite pred da dava odluki. Ako ima vnatre nesto?
Од: mkd
Датум: 16.07.2009 10:18:51
Kakva dzamija si zamisluvate. Vo opstina kade se 95% hristijani??? Dosta terate politiki.Ako e taka na sekoja izgradena dzamija vo drzavava nie Hristijanite barame da se izgradi po edna CRKVA. Kako e mozno koga se vleguva vo Skopje od Tetovo kako da se vleguva vo Bejrut. Eve predlog do Gradot: Pokraj avtopatot da se izgradat golemi celicni krstovi (kako vo Spanija) za da ima balans.Koga se gledaat dzamiite jas sakam da gledam i Krstovi bidejki etnicki na avtopatot pominuvat 50% Makedonci. Ne moze da se dogovara samo na steta na Makedoncite
Од: Проф. Жарко од Злетово
Датум: 16.07.2009 10:22:11
И, ете, конечно се расчисти ситуацијата. Уште синагога и општина “ЦЕНТАР“ ќе се појави како нов ЕРУСАЛИМ! А зошто и да не. Време беше, благодарејки на мудрите глави од ММРО-то,да се покажа дека сме генијалци во изумот и производството на ГЛУПОСТИ! Новите крстоносци на големо маршираат по библиската Македонија. ММРО-вските алхемичари каде стапнат трева не никнува... На здравје нека ни е на сите!
Од: Aleksandar Popovski
Датум: 16.07.2009 11:06:43
Ајде лицитација...кој дава повеќе за пирамида на плоштадот....Еѓипќаните прв пат, Еѓипќаните втор пат.....ПРОДАДЕНО!
Од: verag
Датум: 16.07.2009 11:35:11
A зашто пак да не? После Глупчо ЉУБЧО добивме Глупчо Грувчо. После сите градби- црква,џамија,мега споменик на Александар,лавови,војници,на плоштадот уште треба да изградиме психијатриска клиника,како што рече Геровски. Само таа ќе биде закаснета,треба сите политичари да се пратат таму на посматрање пред избори.На крај,кога се ќе се изгради,ќе нрмамеимаме се освен плоштад.
Од: kris
Датум: 16.07.2009 11:56:27
Што еден будала ќе замеси... триста паметни не можат да поправат?????????????????? Фаштен Македонијоооооооооооооооооо.............................
Од: Klinton
Датум: 16.07.2009 13:38:06
POlse ke baraat i pokraj sekoj trgovski centar i sekoja pogolema raskrsnica po naselbive da se izgradi po edna dzamija, eden skenderbeg i edno teke.
Од: Muamed Aloski
Датум: 16.07.2009 15:22:43
Mislam deka predlogot za izgradba na teke e odlicna i treba da se podrzi od site gragani bez razlikqa na nivntata opredleba.
Од: шљока
Датум: 16.07.2009 16:32:33
Ги заборавивте скиентолозите. Ако изградиме еден скиентолошки храм, можеби и ќе ги видиме Том Круз, Џон Траволта и останатите...

Најди! во Утрински
Насловна
Црвенковски ја средува партијата и исчезна од јавноста
Карикатура
Битолчани ќе пијат екстра скапа вода, референдум нема
Крај на фрустрациите
Ќе има навалица за биометриски пасоши
Големо „уа“ за законот за парламент
Забранети концертите во црквата „Св. Софија“
Матуранти тројкаши
Правични популисти VS предавници