Број 3037  четврток, 16 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Забранети концертите во црквата „Св. Софија“

Проблемот е во нерешените односи меѓу Министерството за култура и Дебарско-кичевската епархија

„Министерството за култура и Дебарско-кичевската епархија, под која спаѓа охридската црква ’Св. Софија‘, се уште ги немаат регулирано своите односи. Концерти во црквата во рамките на ’Охридско лето‘ имало и ќе има, но откако ќе се решат односите меѓу двете институции“. Ова беше кусиот одговор на портпаролот на Синодот на МПЦ, Тимотеј, во врска со завчерашната забрана во црквата „Св. Софија“ да се одржуваат концертите кои се дел од програмата на „Охридско лето“.

Завчера, квартетот флејти „Сиринкс“ требаше да настапува во црквата „Св. Софија“, но од надлежните лица на црквата на членовите на ансамблот им било кажано дека не смеат да настапуваат внатре, туку само надвор. Иако не најавен, концертот се одржа пред храмот на „Св. Софија“.

Селекторката за музика на „Охридско лето“, Гордана Јосифова-Неделковска, вели дека не е информирана за овој проблем, дека техничките работи не се во нејзина надлежност.

Флејтистката Будимка Имери, која е член на квартетот „Сиринкс“, вели дека за тоа дека не можат да настапуваат внатре им кажале непосредно пред концертот. „Пред самиот концерт ни кажаа дека нема да свириме во ’Св. Софија, дека имало некаква забрана од црквата, дека е тоа спор кој го има фестивалот неколку години со црквата. Тоа беше за нас стресно, зашто во последен момент не известија, а ние сме квартет, помал камерен состав и предворјето на црквата не е најсоодветен простор за одржување на концерти, зашто се губи звукот и не можеме да се слушаме меѓу себе. Сепак, среќни сме што одржавме концерт“, вели Имери.

Директорот на „Охридско лето“, Тони Симоновски пак, рече дека го префрлиле концертот во предворјето зашто бил најавен голем интерес, односно 50-ина странци купиле билети, па просторот во внатрешноста бил претесен да ги собере сите заинтересирани. Тој вели дека до нивната Дирекција не стигнало никакво соопштение за забрана за концерти и дека не постои никаков проблем.

Сепак, проблемот најверојатно лежи кај Министерството за култура, под чија капа спаѓа фестивалот „Охридско лето“, а единствената причина да не се одржуваат концерти во црквата „Св. Софија“ се нерегулираните финансиски сметки. Односно, Министерството ги нема платено средствата за откупување на просторот. Од Министерството за култура пак, велат дека тие односи треба да ги средат самите организатори на „Охридско лето“.

Следниот концерт на „Охридско лето“ во црквата „Св. Софија“ е утре, кога треба да настапи познатиот руски виолинист, Валериј Ојстрах. Организаторите сеуште не знаат дали ќе може концертот да се одржи внатре. Фестивалот „Охридско лето“ почна токму во црквата „Св. Софија“ со концертот на оперската певица Ана Липша-Тофовиќ пред 49 години, и оттогаш во преубавиот амбиент на храмот со одлична акустика концертирале голем број на врвни музички имиња и ансамбли од светот. (Т.И.)

 


Статијата е прочитана 1441 пати.

Испрати коментар

Од: verag
Датум: 16.07.2009 08:41:00
Уа за црквата,научила само да добива а не да дава. ааааааааааааааааадбро и е кога добива на поклон црква или вреден плац на плоштад,но не дозволува да се одржи бесплатен концерт во нејзина црква.Колку е расипан овој потег пред самиот концерт,а не неколку месеци порано. А кој ја изградил црквата,сигурно пак народот. А зашто тие се изземени од обврска за давање фискална сметка и плаќање даноци на државата?
Од: klimet
Датум: 16.07.2009 08:46:02
Plati li MPC naMinisterstvoto za kultura koga se izgradi Sv.Pantelejmon na mestoto na Imaret Dzamija so koja sega toa stopanisuva?Da ne bese toa podarok od vladata na Ljupco Georgievski na MPC-crkvata se izgradi so budzetski sredstva.Krovnata konstrukcija na hramot Sv.Sofija kompletno e promenet od strana na Zavod i Muzej Ohrid-plati li Timotej. Konzervacija se vrsi vo site crkvi koi imaat status na kulturno nasledstvo-plaka li MPC ili Ministerstvoto za kultura so narodni pari.?Kako toj anatemisan denesen ohridski Meletie na 21-ot vek ednas ne se zasrami,civ e toj predstavnik?Bese vo Rusija da pregovara-misli li MPC deka toj e vo sostojba da pregovara,da razgovara-toj sekogas e namurten ,se kara so mesnoto naselenie.Neka se zaprasa kakva e negovata misija vo Debasko kicevskata eparhija.Znam samo tolku Sv.Kliment bi se sramel od nego.
Од: Menka
Датум: 16.07.2009 12:49:58
Уа за владиката Тимотеј. Зар парите се пред духовното и културното значење и функција на црквата Света Софија, тој храм на божјата мудрост? Срамота. Кои активности тој ги има во оваа црква, па да бара надоместок за културни активности? Впрочем таа црква исторриски е катедрала на Охридската Архиепископија. Со неа треба да раководи архиепископ а не владика. Бог се славел и кога била џамија, а сека ниту Литургии ниту култура, па што тогаш нуди Тимотеј? Или само парите се важни....

Најди! во Утрински
Насловна
Црвенковски ја средува партијата и исчезна од јавноста
Карикатура
Роми бараат да се изгради теќе на скопскиот плоштад
Битолчани ќе пијат екстра скапа вода, референдум нема
Крај на фрустрациите
Ќе има навалица за биометриски пасоши
Големо „уа“ за законот за парламент
Матуранти тројкаши
Правични популисти VS предавници