Број 3037  четврток, 16 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мислења

Правични популисти VS предавници

Петар Арсовски

Се' додека и ние не се соочиме со агресивниот „правичен популизам“, нема да создадеме капацитет за градење мултикултурно и прогресивно општество

Се' посилен станува постојниот тренд на агресивна промоција на атавистички, деволутивни, базични и ретроградни нагони, под фасадата на „народни“ вредности. Овој тренд, кој резултира со анестетизирана интелигенцијата, исплашени или прогонети неистомисленици, и хипнотизирана маса, лесно се затскрива зад терминот „блиску до народот“. Иако привремено хазарден, овој процес е неминовен чекор кон созревањето на една нација и нејзино излегување од адолесценција и колку побрзо го преживееме, дотолку побрзо ќе станеме возрасни и ќе се осознаеме.

Албертази и Мекдонел го дефинираат популизмот како идеологија која спротивставува виртуелна и, наводно, хомогена „народна маса“ или народ, наспроти сет елити кои ги нарекува „другите“. Ваквиот популизам е според истите автори „зачеток на фашизмот“, бидејќи претставува зародиш на интерната ксенофобија која експлодира и станува движечка сила зад процесите во фашистичките и сличните диктаторски општества.

Во Македонија ваквиот процес може да се карактеризира со кованицата „правичен популизам“. Имено, постои комплекс, зајакнат од популизмот на власта, дека сите кои не се или не сакаат да бидат „блиску до народот“ се на некаков начин елитисти или предавници. Под терминот блиску до народот се подразбира приклонетост кон оној сет конзервативни вредности кои сега се промовираат како mainstream во Македонија, притоа придружени и карактеризирани со неколку когнитивни оски, кои ги одделуваат „правичните популисти“ од „другите“: (1) антиинтелектуализам, односно презир кон интелектуализмот, науката, напредното образование, кое популистите го сметаат за привилегија и декаденција на елитите; (2) прогон на малцинските групи со различна социјална или сексуална ориентација, повторно сметајќи ги за троскот што треба да се искорени; (3) агресивна промоција на т.н. конзервативни вредности, како што се религиозност, многудетност, „семејни“ вредности; (4) втемелување виртуелен, лажен, ксенофобичен и агресивен анален патриотизам, кој се фокусира и лепи на некоја надворешна, најчесто измислена или надуена, закана; (5) мистична фантазма за предодреденост или припадност на некоја специјална исконска раса од редот на антички Македонци, ариевци и слично; (6) прогон и линч на сите оние што не ги делат „народните“ вредности, под обвинувањето за елитизам или предавништво.

Се разбира, ваквиот социјален дискурс се карактеризира со уште некои клучни карактеристики, кои му даваат и трета, суштинска димензија. Првата карактеристика е замолчени неистомисленици и анестетизирани интелектуалци. За двете најчесто се виновни самите репресирани групи, кои, бидејќи се малцинство, или свесно молчат чекајќи „да помине бурата“, или немаат храброст и поддршка за суштинска дебата. Притоа, „популистите“ често применуваат метод на општонародна индоктринација против овие групи, промовирајќи кон нив отворена агресија и социјален линч. Другиот процес кој оди во паралела е т.н. урамниловка, односно „факултет на секое ќоше“, наменет да ја „неутрализира елитата“ преку егализацијата на образованието. На крајот, за ваквите општества е карактеристично и криење од интелектуално соочување, притоа препочитајќи рурални контакти под маската „директно со народот“.

Овие процеси во Македонија се во полн замав. Секојдневно сме сведоци на антиподската поставеност на популистите и предавниците, карактеризирана со денунцијантство и вербален линч. Ако зборуваш англиски или пишуваш латиница: предавник. Ако си атеист: предавник и плус богохул. Ако си по убедување космополит, застапник на тезата за глобализација: предавник. Ако не си за повеќе деца: предавник. Ако си хомосексуалец: предавник и изрод. Ако си против црква на плоштад: предавник и антихрист. Ако си за компромис со Грција: предавник и непатриот. Ако си за слободно изразување на мислата преку дијалог или протести: предавник и анархист. Ако купуваш странски производи или, уште пострашно, одиш во Грција на одмор: врвен предавник.

Во основа, ваквиот тренд има спирална, нагорна линија. Од една страна, популизмот му дава на народот илузија на моќ, а од друга страна, го зајакнува политичкиот капитал на популистичките водачи, кои се во директна спрега со овие рудиментарни нагони. Тие се хранат од енергијата на „масата“, а притоа неа ја хранат со проекти „блиску до народот“, втемелувајќи директен линк до таа базична енергија. Притоа, за одржување на цврстиот политички капитал на популистичките водачи, општеството станува заробеник на тие вредности, заковано во неможноста да се соочи самото со себеси и да се помрдне напред во насока на национална еманципација и осозревање. Ваквата архитектура на владеење или се претвора во диктатура, или најчесто пука кога народот ќе сфати дека и „популистите“ се елита, па нивната љубовна врска одненадеж се прекинува кога масата ќе извикне кон популистите „не' оставивте на цедило“. Од таа катарза нацијата излегува како возрасна единка, која не се срами да се погледне самата себеси.

Овој процес во Македонија доцни. Други земји во регионот во изминатата деценија успешно се соочија и го надминаа овој неминовен адолесцентен период на квазифашизам, и низ таа катарза излегоа со посилен државотворен и социјален капацитет. За жал, се' додека и ние не се соочиме со агресивниот „правичен популизам“, јаловоста на сопствената лажна гордост, и надуениот етноксенофобичен патриотизам, нема да создадеме посериозен капацитет за градење мултикултурно и прогресивно општество.

(Авторот е магистер по политичка комуникологија)


Статијата е прочитана 1306 пати.

Испрати комента��

Од: Теарчанец
Датум: 16.07.2009 08:38:19
Е, чаре?
Од: читател
Датум: 16.07.2009 08:59:46
Се посериозно се прашувам дали овој народ има државотворен капацитет.
Од: MG
Датум: 16.07.2009 09:19:19
Odlicno napisano.
Од: Donald Duck
Датум: 16.07.2009 09:34:11
Odlichen tekst....budenjeto sledi za 2-3 meseca
Од: eli
Датум: 16.07.2009 09:49:08
odlicen tekst, super analiza.. da se cukneme site po glava kade sme i sto ni pravat
Од: kosmopolit
Датум: 16.07.2009 10:08:43
Bravo batka, ednostavno maestralna statija!
Од: trajko
Датум: 16.07.2009 10:14:59
Cestitki za avtorot.Ova e vistinskim prikaz na nasite sostojbi, Za zal i ova nema da go izbegneme, kako i mnogu drugi sostojbi. Dobra vest e deka najdobro se uci od ona koe ce go iskusis na sopstvena koza.
Од: od citatel
Датум: 16.07.2009 10:37:43
A bidejki Makedonskiot narod nema nikogas da soozree bidejki ocigledno nema kapacitet za toa ostanuva da bide vo vecita adolescencija, treba da se dodade na krajot na tekstot. Statijava vi e preubava i vistinska
Од: BB
Датум: 16.07.2009 11:03:38
Ne se složuvam deka toj proces kaj nas docni, duri bi rekol deka e vo najblaga forma. Jas živeam vo druga bivša republika i ksenofobijata tuka se zabeležuva sekojdnevno - ne samo do strancite, tuku do se što e poinakvo. Makedoncite kako narod sepak go imaat toj kvalitet (kojšto se počesto izleguva deka e sprotivno) da se kako narod tolerantni do drugite. Samo eden primer: za vreme na konfliktot, najgolem del od makedoncite gi ignoriraa albanskite pazarđii, posle mnogu kratko vreme konfliktot se zaboravi, pazaruvaat site kako porano. Sepak se složuvam, deka posebno za mali državi nema poinakov način da se formira državata tuku kako nacionalna. Nie toj voz go ispuštivme (takva ni e prirodata - meka) i posledicite ke traat ušte dolgo. I bugarite go vikaat istoto: makedonec ne e za država pravenje - premnogu e "mek"
Од: eleni
Датум: 16.07.2009 11:32:17
A sto mislis ,slikite od zurkite na Berluskoni se slucajni , isturanjeto na Karla Bruni, Misel Obama ili na gospogja Brown pred javnosta e nepopulizam? Pa Britanskite vesnici velat nie ne glasavme za gospogja Brown ili Michele Obama. Berluskoni e populist , koj nema konkurent.
Од: nekoj
Датум: 16.07.2009 12:02:36
Taka e. No toa e normalen proces vo sekoja zemja. Razlikata e sto vo nasata zemja, kako prvo do 1945 99% od naselenieto bile nepismeni. Loso e sto pd 1991 navaka, procesot na razvoj bese uste poveke usporen od vladeackite partii, taka da narodot se soocuva so egzistencijalni probemi koi nosat niza na drugi posledici vo negovoto odnesuvanje na sekoj plan. Care? Vreme.
Од: gragjanin
Датум: 16.07.2009 14:07:11
Dobra statija, no zboruvash i za pojavi shto vo Makedonija gi nema! Na pr. pishuvash za "сет конзервативни вредности " na vlastta i "анестетизирани интелектуалци" zaboravajki deka kaj nas nema nitu edna od ovie vrednosti. Vo Makedonija nema konzervativizam bidejki nemalo i nema aristokratija i nema kritichna masa na intelektualci za da go povlechat opshtestvoto vo modernizam, a anesteziranite se samo obichni obrazovani lugje vo svoite oblasti...za zhal
Од: janev
Датум: 16.07.2009 14:58:50
популизмот и блискоста со народот не се две идентични работи. Не можам да се сложам дека власта сама по себе треба да биде елитистичка до тој степен што треба да се оддалечи од народот како обична раја(таквата дефиниција ја дадоа едни политичари кои пак сакаат да бидат актуелни) Најлошата работа од која авторот треба да се плаши е да не ни се повтори, ке употребам кованица, криминална демагогија, која 15 години го разјадуваше нашето општество
Од: perica
Датум: 16.07.2009 17:17:54
Vo vreme na Tudjmanova Hrvatska bese pogolem grev da si ateist nego Srbin.Ne veruvav deka istoto ke go doziveam i so VEMROVO.Kako i da e ne mi e lesno posto pripadjam vo site opisani zigosani kategorii , osven sto ne sum peder , a od muka moze i toa da stanamI I uste odgovor na komentarot koj bara care- care nemat.

Најди! во Утрински
Насловна
Црвенковски ја средува партијата и исчезна од јавноста
Карикатура
Роми бараат да се изгради теќе на скопскиот плоштад
Битолчани ќе пијат екстра скапа вода, референдум нема
Крај на фрустрациите
Ќе има навалица за биометриски пасоши
Големо „уа“ за законот за парламент
Забранети концертите во црквата „Св. Софија“
Матуранти тројкаши