Број 3037  четврток, 16 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Ќе има навалица за биометриски пасоши

МНР прави напори да се отворат базни станици во дел од македонските амбасади

Даниела Трпчевска

По препораката на Европската комисија за укинување на шенгенскиот ѕид за граѓаните на Македонија, Србија и на Црна Гора до крајот на годинава се очекува засилен бран на граѓани кои ќе аплицираат за замена на старите патни исправи со биометриски пасоши. Иако постои можност старите пасоши да се заменат најдоцна до март 2012 година, се очекува граѓаните да побрзаат да извадат биометриски пасоши, кои ќе им овозможат полесно патување во европските држави. Патување без визи, но само со биометриски пасоши е предвидено во препораките од Брисел.

Метеж, редици и нервози пред пасошките одделенија не се очекуваат, убедуваат од МВР со оглед на досегашните процени дека 65 отсто од граѓаните кои редовно патуваат надвор од земјава веќе ги имаат заменето старите патни исправи со нови. Според официјалните податоци, до почетокот на јули годинава се издадени 457.779 биометриски пасоши.

„Реално, над 90 отсто од граѓаните кои редовно патуваат во странство веќе ги имаат заменето старите патни документи со нови. Оние што досега не успеале да го направат тоа, ќе можат да аплицираат до крајот на годинава. МВР има капацитет да ги смени сите патни исправи во наредните шест месеци доколку има интерес од страна на граѓаните“, вели помошник-министерот за односи со јавност, Иво Котевски.

Но, се' уште останува отворен проблемот за промена на документите на македонските државјани кои живеат во странство. Иако веќе неколку години се прават напори за заживување на проектот за мрежно поврзување на дипломатско–конзуларните претставништва со централата на МВР и МНР во Скопје, сепак, во практика само стотина македонски државјани успеале да извадат биометриски пасоши без да допатуваат во земјава.

Новиот услов за патување во ЕУ за многумина ќе ја усложни работата, оти за да патуваат низ Европа со македонска патна исправа, иселениците ќе мора да поседуваат биометриски пасош. Поради тоа, мобилни станици во текот на август ќе им бидат ставени на располагање на иселениците во Австралија, САД и скандинавските држави, кои во тамошните конзулати ќе можат да поднесат барања и да им бидат земени отпечатоци од прстите за новите пасоши.

Пред неколку месеци мобилни станици беа испратени и во три европски града, кои се центар на региони каде што има голем број македонски државјани – Венеција, Берн и Бон. Таму биле поднесени 105 барања за нови документи. Потоа барањата им биле процесуирани во македонското МВР, кое по изготвувањето на пасошите им ги доставило на граѓаните во земјата во која моментално живеат. Иако МНР и МВР потпишаа договор за привремено користење седум мобилни станици, досега само три се ставени во функција.

„Со оглед на тоа дека станува збор за сложен проект, чија имплементација започна пред неколку години, се прават напори што побрзо да профункционираат базни станици во дипломатско–конзуларните претставништва во странство, каде што иселениците ќе можат да извадат нови патни документи“, вели Рамадан Назифи, директор на Директоратот за конзуларни работи во МНР. Идејата е да постојат повеќе базни станици, кои ќе бидат лоцирани во градовите каде што ќе се процени дека има потреба за тоа.

Од минатата година функционира и Националниот визен центар во кој мрежно се поврзани 33 македонски амбасади и конзулати во светот. Тоа, според Назифи, овозможува полесно и пософистицирано вадење визи за странските државјани кои сакаат да транзитираат или да престојуваат привремено во земјава. Во текот на 2008 година, биле издадени 5.226 транзитни визи, 2.117 визи за краткотраен престој и 122 визи за подолг престој во земјава.

Според полициските статистики, до почетокот на јули годинава се издадени 457.779 пасоши, од кои 735 службени патни исправи, 959 дипломатски пасоши, како и 362.156 лични карти и 152.550 возачки дозволи кои, исто така, содржат висока заштита што ги исполнува европските стандарди.

Според законските одредби, граѓаните ќе можат да ги заменат личните карти со нови до септември 2010 година, додека старите возачки дозволи имаат важност до 2012 година, како и пасошите за оние граѓани кои не планираат да патуваат во шенген-зоната.

Новите биометриски пасоши Македонија ги воведе во април 2007 година, откако заврши вториот тендер на кој беше избрана германската компанија „Гисеке и Девриент“ да го спроведе проектот вреден 23,5 милиони евра. Експертите тврдеа дека фалсификувањето на пасошот ќе биде многу тешко бидејќи има 26 различни безбедносни заштити. Пасошите содржат отпечатоци од прсти, воден жиг, флуоресцентни белези и други видови заштити.

Првиот тендер за изработка на пасоши беше поништен од страна на поранешниот министер за внатрешни работи, Хари Костов. Спорниот договор меѓу ексминистерот Љубе Бошкоски и фирмата „Хјулит и Пакард“ беше поништен во 2003 година по ревизијата спроведена во МВР, која овој договор го оцени како незаконски. Договорот тежеше 39 милиони долари.


Статијата е прочитана 2640 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 16.07.2009 00:10:36
Jas ne brzam da vadam biometriski pasos. Cekam rezultati od"razumniot kompromis". Da ne treba posle kompromisot da se vadi nov pasos!
Од: mitko dava dobrocuden sovet
Датум: 16.07.2009 03:19:30
Podobro ne brzajte so vadenje na novi pasosi. Ako Grujo go smeni imeto pak ke mora da cekate vo red.
Од: zabegan.
Датум: 16.07.2009 07:08:24
Не би требало на тие што им треба одамна си зема Бугарски.Со ваква економска моќ на Повеќето Граѓани не им требат пасоши.
Од: Trajko
Датум: 16.07.2009 12:12:18
Ajdeeee,propagandnata vlada ke se fati ozbilno za rabota.Pred pasoshkite odelenija vo MVR,narodot se naredi vo redici za pasoshi.A shto ke se sluchi od 1 januari 2010 god toa e druga rabota.Na nivnite falbi i nema kraj.Ovoj narod koj ima potreba od pasoshi sigurno gi imat veke zameneto starite paasoshi..A shto da kazeme za ovie koi nemozat od seloto da si platat da dojdat do gradot ili pak i ovie koi nemat izlezeno od sopstveniot grad ,poradi ubavinite na standardot so koj se zivee.Falba frz falba za ozbilnata rabota na ova vlada.A narodot se prashuva dali ke ima pari utre leb da si zeme.A ne da misli da odi na turistichki patuvanja.Sitiot na gladniot nikogash ne mu veruva.Dali nekoj od ovaa vlada ima prestava shto znachat za nekogo 2000 denari.A pod ovoj izgovor deka mora da se namali guzvata,tie mora da se mobilizirat ke uspeat da si vrabotat svoi partiski vojnici.Ama treba da vodat smetka svetot ne snima.

Најди! во Утрински
Насловна
Црвенковски ја средува партијата и исчезна од јавноста
Карикатура
Роми бараат да се изгради теќе на скопскиот плоштад
Битолчани ќе пијат екстра скапа вода, референдум нема
Крај на фрустрациите
Големо „уа“ за законот за парламент
Забранети концертите во црквата „Св. Софија“
Матуранти тројкаши
Правични популисти VS предавници