Број 3037  четврток, 16 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Црвенковски ја средува партијата и исчезна од јавноста

Од лидерот на СДСМ не слушнавме пораки дека тие се алтернатива за излез од економската криза

Билјана Јовановска

Изминативе два месеца е забележливо отсуството на Бранко Црвенковски, лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, од политичката сцена. Прво како да го затече неподготвен идејата на Тито Петковски за формирање на владата на национален спас, а не се огласи ниту минатата недела која беше прилично драматична за партијата на власт, ама и за иднината на државата. Црвенковски одбра да не излезе во јавноста и од политичарот со богато искуство не слушнавме сериозни пораки дека тој и неговата партија се вистинска алтернатива за излез од тешките кризи низ кои поминува државата и на економски и на политички план. Практично, Црвенковски со Груевски не се конфронтирал од заминувањето од претседателската функција, така што овој молк од најголемата опозициска партија дури и за нивните приврзаници е малку зачудувачки.

Но, Црвенковски очигледно е фокусиран на средувањето на внатрепартиските состојби на општинско ниво и се тврди дека 30 општински организации веќе добија нови раководства. На пат е без малку секој ден, некаде промените и не одат лесно, па искусниот лидер работите ги „пегла“ на самото место. Како што велат партиски извори, нема да биде одмината ниту една општинска организација за наесен СДСМ целосно да биде освежен со нови кадри и консолидирана.

Истовремено, тимови експерти од различни области ја изработуваат партиската програма во која акцентот ќе биде ставен на економскиот дел и сето тоа треба да биде завршено до почетокот на септември. Тогаш се очекуваат и посериозни промени во младината на СДСМ, која, практично, остана нечепната во бранот промени што ги направи Црвенковски по враќањето на „Бихаќска“, а се најавува дека партијата ќе добие и нов портпарол. Истовремено, ќе се промовира и Советот за надворешна политика, за кој се говореше дека ќе го предводи проф. Љубомир Фрчкоски. Со тоа партијата ќе потврди дека стратегиските планови, сепак, им се доверени на поискусните, иако ангажманот на некои млади во СДСМ воопшто не е занемарлив. Меѓутоа, факт е дека освен ретките појавувања на новите партиски ��отпретседатели, јавноста се' уште немаше можност да ги слушне другите нови партиски лица.

Се најавува дека од есен СДСМ ќе промовира и поинаков однос спрема јавноста и ќе ја смени установената перцепција дека е тоа партијата на самобендисани интелектуалци кои немаат допир со секојдневието на граѓаните, со проблемите што ги мачат.

Зоран Заев, потпретседателот на СДСМ, вели дека интензивно се работи на економската програма, во чија изработка се вклучени два главни тима и неколку поттимови.

„Иако конечно решение за економскиот развој на државата ќе има кога ќе станеме дел од колективните системи, сепак, и дотогаш мора да имаме решенија кои ќе значат вкупен економски развој, но над се' ќе бидат и конкретни решенија за секое домаќинство“, вели во изјавата за „Утрински весник“ доскорешниот в.д. лидер на СДСМ. Особено им е важно оние решенија што ќе ги дадат да бидат реално спроведливи и тоа во услови на криза во која е државата, согласно со потенцијалите и ресурсите со кои располага Македонија. „Решенијата што ќе ги понудиме не се изборна програма, туку претставуваат визија за економската иднина на државата и треба да бидат своевидна најава пред граѓаните, а дури подоцна ќе бидат преточени и во изборна програма за идните парламентарни избори, без оглед кога ќе се одржат“, нагласува Заев.

Според партискиот потпретседател. ангажирани се голем број експерти, но во изготвувањето на програмата СДСМ се потпира и на практични решенија што произлегуваат од бизнис-секторот, а кои ќе треба да го решат проблемот со невработеноста. Наедно, тие ќе подразбираат и поттикнување нови инвестиции. „Целосно се разработува и макроекономската политика, која ќе понуди сосема нов концепт – стабилно развоен наспроти овој што го имаме, а кој претставува своевидна фурија со премногу ризици што ги чувствуваат граѓаните“, објаснува Заев.


#
Статијата е прочитана 6130 пати.

Испрати коментар

Од: Сергеј
Датум: 16.07.2009 00:52:01
Ех, наш Бранко... Додека вие се консолидирате, препукувате и премислувате, Груевски не спие и нема да пропушти и најмала можност за да ве збрише од сцената. И додека се занимавате со внатрешни избори, Груевски за тоа време ви спрема нови предвремени парламентари избори, на кои, после „неговиот“ успех за „укинување“ на визите, ќе може во старт да смета на - 93 пратеници. Тогаш и со глад да штрајкувате ќе биде доцна. Зошто Бранко Црвенковски, политичарот кој го нарекуваат „искусен“ не може да согледа дека пред себе има бесен противник, чија единствена опсесија е да остане ЕДИНСТВЕН на власт и тоа ЗАСЕКОГАШ?! Ако сака да спаси нешто од тоа што остана од Македонија, Бранко не треба да спие ни дење ни ноќе. И така предолго спиеше ... ( http://www.otpor.net.tf )
Од: ја
Датум: 16.07.2009 01:08:45
Да,потребни се подготовки за партијата да застане конечно на здрави нозе но со вредни и докажани активисти кои до сега беа маргинализирани од страна на самобендисаните и арогантни локални лидери подржувани од исто такви препотентни лидери од централата.Потребен е спој на младоста и „искуството“ но искуство само на млади и вредни активисти.Во Кичево од предложените кандидати постои само еден кој ги има сите главни атрибути за добар лидер а тоа е личноста која единствено добива избори од СДСМ а тоа е Градоначалникот на Опш.Вранештица г-дин Ванчо Србаковски.Ова е моја лична порака до Претседателот г-дин Б Црвенкоски затоа што веќе ни е преку глава од досегашните на кои и имиња не сакам да им спомнувам.
Од: Ribarot Klime
Датум: 16.07.2009 01:43:13
Zakasnija, edno 18 godini. Abe sikter doma, site do eden. Da mozevte vie da napravite nesto, ce napravevte na vreme. Mislam deka Makedonija ne treba da si dozvoli uste eden TAT, uste edna prodazba na Telekom i Elektrodistribucija, uste edno.... Dosta e, aman vece.
Од: mitko slabo percepira pa gi mesa zborovite
Датум: 16.07.2009 03:08:47
Recenicata : " СДСМ ќе ја смени установената перцепција дека е тоа партијата на самобендисани интелектуалци кои немаат допир со секојдневието на граѓаните, со проблемите што ги мачат" treba da glasi " СДСМ ќе nema nikogas da ja смени установената перцепција дека е тоа партијата на самобендисани stopanski kriminalci кои немаат допир со секојдневието на граѓаните, i se glavni krivci za проблемите што ги мачат". He, he malku kirilica malku latinica i tekstot mi lici na CV na VMRO-vski minister.
Од: Bitolcanec
Датум: 16.07.2009 07:01:36
Denot koga Crvenkovski za stalno ke iscezni od javnosta treba da bidi proglasen za nacionalen praznik, ili so drugi zborovi kako vtor drzaven praznik po povod osloboduvaneto od tiranijata!
Од: zabegan.
Датум: 16.07.2009 07:04:27
Стар волк е БРАНКО? И што би досадувал нон-стоп да биде присатен во јавноста.Што се однесува да се јавува, За последниве случувајна во Македонија се знае ГВУЈО сам Политички ќе си се уништи,Не треба ни БРАНКО ни никој.Како ја води ДРЖАВАВА не му останува многу време дури порано требаше да си поднесе оставка.Ја запусти Македонија ја донесе на питачки стап.
Од: tatoo
Датум: 16.07.2009 08:21:51
Е злобни душички. Такви сме ние и затоа тапкаме во место. Бранко се врати а кога ќе се покаже на политичката сцена има тоа е само негов избор. Човекот уваво кажа. “Се вратив повторно во партијата за да победам“. Со тоа се` кажа.
Од: Ivan
Датум: 16.07.2009 08:52:41
Razocaran sum od noviot pretsedatel na SDS. Obekase nova energija i nov nacin na rabota, a gledam se e po staro: on vo kabinet, a negovite podlizurkovci na teren. Zatoa, vo partijata kadrite gi bira Igor-Sema! Kakov e toj-nikakov, takvi ke bidat i tia. Ne e bitno dali se cesni i pocituvani, tuku samo dali dobro se ulizuvaat. Nisto ne promeni Branko, toj si ostana istiot i taka ke bidi i sega. So vakva opozicija, Grujo mozi vecno da vladej.
Од: Donadoni
Датум: 16.07.2009 08:58:11
Brane moze da ja zajakne opozicijata samo ako si odi vo penzija.Pa i vo fudbalot,koga na eden tim ne mu odi se zasiluva so mladi i perspektivni igraci.Samo me cudi kako ovie od SDS-ot toa ne mozat da go sogledaat.So Branko na celo na SDS,nema zima za VMRO.
Од: Sova
Датум: 16.07.2009 08:59:50
Abe zaVegan, od takvi kako tebe i drugar ti Branko, preku glava im e na site vo Makedonija! Ako stignavte do toa Branko da ve spasuva, teshko Nam...
Од: Donald Duck
Датум: 16.07.2009 09:11:11
Znae Branko deka Grujo sam kje se unisti, mnogu podobro bez negovo ucestvo i zatoa ne se mesa... Do: Ribarot Klime - noviot TAT se vika Swedmilk, a Telekom go prodade VMRO a ne SDSM....a parite od prodazbata normalno isceznaa....Za Okta i da ne zboruvam....ni prodava najskap i najnekvaliteten benzin, go true lokalnoto naselenie so sumpor, sve so zasluga na bezgresniot Grujo....
Од: menemk
Датум: 16.07.2009 09:19:43
Ако по утро денот се познава не би рекол дека СДСМ прави соодветна алтернативна замена во однос на самобендисаните.Дури може да се констатира дека извесен дел од новбоизбрани- те во ЦО се изгубени во самобендисаноста и несопособноста на поширок партиски активи-зам.Ама некои сеуште мислат дека социјллде-мократијата е право на „високите„ инетелктуал-ци (кои немаат абер од партиски живот) додека граганството или секогаш апострофирано како среден слој го нема никаде,односно негова компензација ке биде во Општинските и други пониски форми на партиската „власт„каде по-вторно ке треба да трчаат за високите себични интереси на високоинтелектуалците.Но имам впечаток дека и покрај што се летни одмори оваа приказна веке не проага кај повекето симпатизери и подржувачи на СДСМ.Се додека истата се редефинира како елитистичка парти-ја,ке биде надвор од дострелите на интересите на пошироките грагански интереси без разлика каква програма ке донесат.БЦ во моменторт не треба ама баш ништо да прави кон НГ
Од: h1n1
Датум: 16.07.2009 09:25:34
Ako partijata uspee da nametne avtenticna socijaldemokratska ideologija,istata da ja sproveduva a vo nea da poveruvaat tie sto najmnogu treba da bidat opfateni so istata a toa se rabotnicite ,sindikatite ,studentite,zemjodelcite,zdravstveno bolnite itn...togas moze da dojde do krupni pomestuvanja.Ako kako do sega ovie sloevi se samo eden vid sindikalno partisko telo,na eden grst profiteri koi kako da se osudeni da bidat upraven odbor koga partijata e na vlast,togas rabotaata vo start e promasena i nema spas.Istocna makedonija komplet treba da bide rekonstruirana,tamu se e izgubeno,a za Delcevo posebna metla,dijaliza.Vo sprotivno,razmerot so Vmro samo ke se povtori na nekoj novi poseizgleda i mnogu skoresni izbori.
Од: Ace
Датум: 16.07.2009 09:28:36
Crvenkovski igra za Grujo, toa da vi e jasno na vas od SDSM. Stom Grujo pravi glupost, Crvenkovski e zadolzen da SDSM odgovori so uste pogolema glupost. Dosta vie od SDSM izigravate zrtvi za interesite na Branko, Zingo i Grujo. Dva-trojca vo drzavava si igraat majtap so pravite clenovi i na VMRO i na SDSM, a i so celiov narod. Dosta bese. Zatoa Latas vo sekoe vreme si "igra" te VMROovec te SDSMovec, po potreba.
Од: nikola
Датум: 16.07.2009 09:51:38
Ne bidete de nestrplivi. Ke najdat nesto i ke r'cnat negde za da i 'pomognat' na Makedonija i na gragjanite. Sega se zafateni so otkrivanje i patentiranje na volsebnata formula do koja dosle otkako ja izgubile vlasta. Koj znae kako ke mu se dodvoruvaat na narodot koga i onaka go gledaat od 'golema' visina, i go tretiraat kako krdo koe ne znae nisto za demikratija za EU i za NATO.
Од: Лебед
Датум: 16.07.2009 09:52:26
Додека некој си игра држава и троши народни пари, другиот си ја консолидира партијата и прави програма и стратегија за спас на оваа држава. Грујо го има фатено јака паника, бидејќи Бранко се врати и тек сега ќе се изнагледаме глупости од негова страна
Од: beni sk
Датум: 16.07.2009 10:00:11
ne e lud on pa da nudi nesto sto e nevozmozno... odnosno ne e lud da se nudi kako kapetan na brod sto tone...... a tone drzavata..nelikvidna ,veke vo bankrot......pisuva obvrznici so astronomski kamati.(ne ni pomisluva deka ke mora da se vrakaat) ekonomijata e vo kolaps.....barem sto se odnesuva do postenite danoko plakaci....edino cuta sivata ekonomija ...namesteni tenderi .......
Од: od citatel
Датум: 16.07.2009 10:00:59
Ako e Branko pameten i ne treba nisto da pravi i da se javuva vo mediumite zarem Grujo ne sakase da e apsolutist, pa sega eve mu. Jas bi go ostavil da vladee seuste i da ja zbrise Makedonija i ovoj glup Makedonski narod, a za toa vreme inteligencijata ke se skrasi nekade. Koga glupite koj sto glasaa za ovaa bagra ke gi snema ,ke stigne inteligencijata so pamet iskustvo veke zapadnjacko i so pari, pa Makedonija togas ke se prerodi i ke izleze od ovaa kasa popara. Brane napred i so sreka ti znaes i umees koga da se javis ti nema ramen.Edinstven politicar so vistinski kredibilitet.
Од: makedonce
Датум: 16.07.2009 10:09:09
imeto ako se zacuva nase vekovno makedonija sdsm ke dojde na vlast na kukov den ...
Од: nekoj
Датум: 16.07.2009 10:21:50
Mitko me iznasmea, a Klime mislam deka e vo pravo. Se soglasuvam i so Sergej. Mislam deka SDSM so onie luge koi gi ima, vklucuvajki go i Branko, navistina nema sto da ponudi. Arogantni, ne glupavi, no mnooogu ograniceni, samobendisani, site od asistentski i profesorski funkcii, znaci vo rana mladost opsednati so svojot prosek na fax, i za zal nemale vreme da se razvijat duhovno i emocionalno, pa ostanale so ona: "nie sme najinteligentniot sloj" sto cesto i ni go povtoruvaa. Za zal ovoj koncept odgovara samo na eden sistem koj ni e minato, a so kapitalizmot nema nikakva dopirna tocka. Vprocem se vide i kakvi rezultati imaa, a sposobnosta na covekot se ceni spored rezultatite. Gruevski i co. mozebi nemaat mnogu pamet, no za vo politika i mnogu ne treba, dovolno ke bese da se fati vistinskata nasoka,za zal toj tezi kon izolacija na Mk. Fali flexibilnost, otvorenost, pocituvanje na razlicniot, i kaj ednite i kaj drugite, sto e odlika na duhovno zreli luge. Kaj nas za zal se brojat na prsti
Од: Kuzman
Датум: 16.07.2009 10:29:18
Crvenkovski e iskusen politicar, kako i Gruevski. Ima premnogu prepukuvanja i nistenja megju nas sto na neprijateli kako grcite mu ja olesnuvame rabotata. Neka se kritikuvaat konstruktivno, neka ima konkurencija vo idei za kako podobra ekonomija i administracija, no za nadvoresna politika mora da se ima ist stav: Makedonci postojat, imaat pravo da postojat i treba i grcija toa da go prifati. Posle vekovna zelba konecno Makedoncite se samostalni, ja narekoa svojata drzava za R.Makedonija, mu dadoa posebni prava na svoite sogragjani od drugi etnicki pripadnosti i samo kako Makedonci baraat vlez vo organizacii. Nudat diskusii za bilateralno ime kako dobri sosedi, no grcija treba da se sooci so realnosta: Makedoncite se tuka i ne odat nikade.
Од: Mitko 2
Датум: 16.07.2009 10:53:03
Drag Brane. Znam deka nekoj tvoj pajtas gi cita ovie komentari i ti prenesuva, pa eve da ti kazam dve tri reci. Niti ste znaele nitu ke naucite kako se vodi partija, posebno koga ste opozicija. Do sega imase million momenti koga Grujo zariba ama vas nikade ve nemase toa da go kazete. Mislite narodot sam znae i ne mu treba nekoj da mu soli pamet? Golema greska! Grujo vladee na baza na marketing tri godini a ke vladee uste 33, ako vie ne naucite sto znaci marketing. Vtoro, sreduvanjeto na SDSM ne se pocnuva od opaskata, tuku od glavata. Za volja na vistinata, i po makedonija imate tesko zaribani kadri ama tie okolu tebe se nevidena stvar. Uci od Grujo, ne se praj pameten da izmisluvas topla voda. Samo copy paste.
Од: do Klime ribarot i Paja Patak
Датум: 16.07.2009 11:00:44
Klime, ti si ekstra neinformiran, Telekom go prodade VMRO za skoro milijarda evra i parite se potroshija za nabavki za vojnata...po principot pola pije pola Ukraincima daje. Nego, da bideme objektivni, posle TAT trebashe da gi naredish: prugata kon Bugarija (200 milioni $), propadnati fabriki, kriminalna privatizacija, Ramstore vo 4 ochi, shverc na cigari i nafta za celo vreme, krshenje na embargo i sozdavanje na oligarhija od dovcerachni kloshari, 2 atentata na pretsedateli... Povtorno da bideme objektivni, Donald patakot trebashe da dodade: bezbroj ponishteni i namesteni tenderi, stotici milioni potrosheni bez veze (neproduktivno), ekonomski kolaps namesto preporod, O (nula, zero) evra stranski investicii, ni D od demokratija... Poentava mi e deka se mnoooogu loshi i ednite i drugite. Vo nedostig na treta opcija, pomalo zlo e Grujo, a od 2 zla se bira pomaloto, ili? Kako mene, nikogash ne izleguvam na glasanje!!!
Од: Тони
Датум: 16.07.2009 11:08:32
Ова е мало подсетување до ВМРО-овците со кратко памтење http://www.youtube.com/watch?v=GpuicvZ0YOU погледнето го и ке се уверите неписмени
Од: mila
Датум: 16.07.2009 11:28:26
" Искусен лидер " Не бидете смешни...
Од: oileoi
Датум: 16.07.2009 11:58:21
Abe lugje so vi e??? Se raboti za strategija! Ne deka go sakam Branko ama definitivno covekot znae kako se pravat nekoi raboti....Ako nekoj u ovaa drzava najveke go biva za zagovori, toe e Brane.... Zatoa ne go potcenuvajte....
Од: Petar
Датум: 16.07.2009 11:58:48
Рибарот Климе (штом се крстил рибар) навистина има интелегенција на риба...а рибите се најглупави суштества, па заборава.... дека ТАТ е ситница во однос на.......(ми е страв)!
Од: Ристе
Датум: 16.07.2009 12:03:31
Ajde Brane izbirisi gi ovie decistava od politickata scena i prati gi tamu kaj so mu e mestoto
Од: Trajko
Датум: 16.07.2009 12:26:57
Hee,he,heee, dpmne-ovcite chekat na ovnot da mu padnat madinjata.Dali se tie svesni deka i od obichniot graganin veke se prochitani.Na lagata i se kratki nozete,koga togash ke bidat otkrieni.Narod ednash,dvapati se laze no tretiot pat nebiduva.Sega za sega tie veshtachki se odrzuvat na vlast .No iako ne sakat da priznat rejtingot i paga.Branko e iskusen politichar,koj na trula daska ne gazi.Toj raboti bavno ama slavno.Vo SDSM ,ne se odi samo na mladi politichari.Tamu se spojuvat mladosta,starosta i iskustvoto.Na dpmne-ovcite,radosta ushte malku ke i trae.Interesni ke bidat koga nivnite funkcioneri ke se razbegat niz svetot,kako chuma da gi ima fateno.
Од: suzanapetkoska
Датум: 16.07.2009 12:40:37
Krajot ne mu se naoga na vmrovskive dusegriznici,sega zosto go nema?Sto se sekirate vie imate super vlada i sega uzivajte,samo sega nema kriv koj da vi bide pa sami ke se trebite kako sto pocnavte.A tie nezadovolni sdsmovci ,neka si zaminat ima drugi partii ako ne mu cini.Se znae koj e najdobar,site sami znaete
Од: mamamia
Датум: 16.07.2009 12:45:13
e ova me plasi stom nikoj od vistinskite ljubiteli na sdsm ne se javuva znaci nesto ne cini so novite kadri pak e istata bolka branko i ostanati pak li poltroni i tuzibabi na rakovodni mesta ako e taka nisto od sdsm za zal cesnite i rabotlivite se marginalizirani oti ne se nadareni za zavrzlami tuzakanje pokvarenost i egoizam pazete dobro ovaj pat nema popraven za sdsm
Од: KPMarija
Датум: 16.07.2009 13:22:20
DA !!!! YEEEEEEEEEE !!! Zatoa i ni se slucuvaat pozitivni raboti , zoshto tokmu ovoj g-din go nema aktivno vo politickiot zivot poslednata godina .....
Од: trajanka
Датум: 16.07.2009 15:10:11
Do nepismenite VMRO-vci i ostanati, Za ludje koi smetaat deka "preporaka za vizna liberalizacija" e isto shto i ukinuvanje na vizite a toa bilo i uspeh na VMRO, shto da se kaze.??? Vizi ke ima samo mozebi so pomalku potrebni dokumentri, a koga i kako i kakvi doprva ke vidime. Za ostanatoto ne vredi da se komentira.

Најди! во Утрински
Насловна
Роми бараат да се изгради теќе на скопскиот плоштад
Карикатура
Крај на фрустрациите
Битолчани ќе пијат екстра скапа вода, референдум нема
Ќе има навалица за биометриски пасоши
Големо „уа“ за законот за парламент
Забранети концертите во црквата „Св. Софија“
Матуранти тројкаши
Правични популисти VS предавници