Број 3037  четврток, 16 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ПОГЛЕД

Матуранти тројкаши

Жаклина Хаџи - Зафирова

Колку трагикомична приказна... Матурантите прво беа под стрес дека ќе полагаат екстерни тестови, па потоа се спасија. Потоа дојде државната матура, а сега откако заврши, ќе се тресат дали ќе се запишат на факултет. И така летото ќе им отиде јабана. Исто како што се случи со нивните оценки што ги добиваа во текот на целата учебна година, па сега откако ги видоа резултатите од матурата, ептен ги дотолчија. Сега, со ваквиот низок успех ќе можат да се запишат онаму каде што ќе мораат, а не каде што сакаат.

Нашите матуранти и годинава како и лани покажаа дека подобро ги знаат странските јазици отколку мајчиниот, а најлоши им беа резултатите по математика. И затоа од Министерството за образование и наука најавија строгост спрема наставниците, демек, ете тие требало да се обучуваат. А, кој ќе ја понесе одговорноста за тоа што учениците не го знаат доволно мајчиниот јазик, па најголем дел од нив добија тројки и четворки. Зар така лесно се стопија сите оние петки што ги добиваа преку годината?

Новиот министер за образование, Никола Тодоров, се пофали дека годинава матурантите покажале подобри резултати во споредба со лани. Но, каде го гледа подобрувањето - знаат само тој и неговите соработници, бидејќи новинарите очигледно не можеа да ги разберат. За нив е добро тоа што се подобрил процентот на повторувачите, а не ги загрижува тоа што стануваме нација на тројкаши во училиштата.

Битно е тие да си ја спроведуваат програмата и секоја година да ги заоструваат критериумите, иако не објаснија зошто го прават тоа. Нивното образложение беше дека, сепак, „тоа е основата што би требало да ја има еден интелектуалец“. И да е така, оние советници во Министерството треба да се замислат дали се се мери ��о бодови и или, пак, ќе треба да се угледаат на европските системи каде што критериумите се многу, многу поблаги.


Статијата е прочитана 1041 пати.

Испрати коментар

Од: Anonimen
Датум: 16.07.2009 02:23:47
Sramota. POchnavte kako mali deca da se bunite. Mnogu trojkashi imalo. Pa zarem intuicijata ne vi kazuva deka taka i bi trebalo da bide? Zarem da se dobie 5 ne treba eden uchenik da se pokaze kako poseben od negoviot klas. Zarem 3 ne oznachuva statistichka sredina? Zarem ne e toa realnata sostojba vo edno opshtestvo. Najgolemiot del od lugjeto, ili od podatocite vo edna statistichka analiza ze nagjaat vo edna standardna devijacija od prosekot. Vo sluchajot so nashite ocenki toj prosek e 3. Znachi, se ochekuva da se vidi golem broj na trojkashi. Dokolku imame nekoja anomalija i ne go vidime ovoj rezultat i prosekot se pomesti pogore ili podole, testovite treba soodvetno da se pomestat vo tezinata nivna. Kako poinaku ke gi odvoime onie koi se istaknuvaat i koi navistina ke vlozat neshto vo nasheto opshtestvo od onie koi ke "dzabolebarat"? Sakate 5-ki? Zemete kniga namesto da idete po kafinja po cel den.
Од: citatel
Датум: 16.07.2009 06:21:57
Pa ovoj vas natpis zboruva deka sme dvojkasi a ne trojkasi.tolku e bez smisla, bez poraka da od koga go procitav voopsto ne svativ sto sakate da kazete.Za da rezultati bidat podobri treba da se uci i raboti, a vasa poruka e deka ete letoto im otide jabana,zar e toa najbitno za luge koi treba da bidat studenti i ozbilno da se zafatat so pripremi za svojata zivotna profesija.
Од: Alek
Датум: 16.07.2009 08:48:57
Се’ е во ред, Жаклина. Знаејќи го (не)залагањето на учениците, за многумина од нив тројката е идеално достигнување. И не мора неоправдано некој помалку способен да го земе местото на некој поспособен во високообразовната институција. За жал, лани имаше големи неправилности да избијат лоши ученици пред солидни (со мала помош од одредени фактори). Доколку таквата практика е продолжена и годинава, тогаш државната матура е беспредметна.
Од: Mene do Vas
Датум: 16.07.2009 09:21:14
Obrazovanieto vo EU voopsto ne e vazno niti potrebno za evropjanite. Zosto nie treba da sme odlicni? Sekoj eden nepismen od EU moze da vodi pretprijatie i da ima miljardi. Lopovskata skola e povredna. Nie "Magistrite i Inzenjerite" mozeme konduri da im cistime i morame da sme zadovolni so toa. Mladinci - ne e sé vo ocenkite i skoloto. Vazni se cvrsti race i zdrav razum.
Од: mene
Датум: 16.07.2009 10:03:56
Па и не е така лошо како што може да се очеку-ва.Сигналот дека сме во образованието на сре-дината јасно говори за степенот на општообра-зовното ниво на нацијата,на генерацијата.Мене лично и не ме чуди што е така.Па сега во обра-зованието на сцена се дел од наставници кои во средните училишта едвај или со двојка завр-шуваа и најлесно беше да се запишат за учите-ли.Ич не ме чуди со учениците од гимназиите помалку знаат и имаат низок степен на обра-азовно ниво.Насстваниците се незаинтересира-ни за пошироко образование Си ја работат ра-ботата занетчиски без да вложат дополнителен напор.Второ,погледајте го составот во министе-рството па и и раководните луге во образовани-ето. Еден до еден партиски војник со партиски заслуги.Ретко кој е на висока позиција ради докажаност и стручност.Што сакате.Во нивната пецепција нема нешто повеке од подпросек.За нив просекот е највисок дострел,такви биле како ученици и такви се сега .Битно е парт. да не им се налути.Впрочем министерот ги отвори картите.
Од: Професорка
Датум: 16.07.2009 12:43:22
Почитувана Новинарке, Не мислите ли дека сте многу контрадикторни во вашиот натпис. Прво ги искритикувавте учениците заради добиените оцени, потоа советниците спордувајќи ги со образовниот систем во Европа. При тоа заборавате или не сте доволно информирани дека ниту во Европа учениците не се со сите петки. Напротив. И замислете, тоа и не е толку трагично. Верувајте, знам точно што зборувам бидејќи основно и средно образование завршив во Европа. Немав никаков притисок ниту од родителите ниту од било кој друг оцените да ми бидат се петки- не велам дека не ми беа. Освен тоа кога ке ви се разјасни еднаш дека оценките што ги добиваат учениците ги добиваат во текот на целата учебна година, а не само на крај. Во ниеден систем во Европа не се зема само оцената од завршниот испит или државната матура, туку во текот на целата учебна година собираат бодови-не оцени. Ние професорите не треба да оценуваме во текот на годината. Да им дадеме на крај еден годишен тест и таа оцена да биде дефинитивн
Од: Trajko
Датум: 16.07.2009 13:04:36
Ama visinata na ocenkata,ich ne e vazna.Vazno e da se polozi.No, se toa da bide so sopstveno znaenje.Steknatoto znaenje e najvazno.Иако во моментот знаењето нема некое значење,koga togash ke ispliva na povrshina.Зарем не гледаме денес што се случува,какви функционери имаме и тоа на значајни места.So ovaa programa shto ja ima deneshnata vlast i fakulteti vo sekoe selo,na visoko obrazovanie ke prodolzat i ovie koi nemat polagano drzavna matura(so zavrshen ispit).So partiska knishka golem del ke magistrirat ili i ke doktorirat.Partiskata knishka e sila i mok.
Од: maldivija
Датум: 16.07.2009 14:56:52
Navistina e taka :vo vakva drzava prosekot treba da raduva,a ne da frustrira.Ako zboruvate za nekoi vreminja,zboruvate za 22.milioni i za ucenici koi imaa zosto i so kogo da se natprevaruvaat.Vredese secij trud i nemase iskompleksirani roditeli koi baraat ocenki,za da se' im bide potaman vo nivnata novokomponirana idila.a paradoksalno,nim ocenkite ne im trebaat,imaat pari za privatni i stranski fakulteti,no i te kako im treba da si gi lecat kompleksite pred drugite-demek,ete ima i ocenki,ne samo haciendi i pari...Duri i na gospod mu se ulizuvaat da ne im zeme se' sto ukradoa od "postenite budali i prosecnite",pa da vidime do koga?Se dodeka site se zadovolni sto navecer mirno si spijat,ovie ne ke se nasitat na nisto...
Од: тројка=петка
Датум: 16.07.2009 15:14:17
"За нив е добро тоа што се подобрил процентот на повторувачите, а не ги загрижува тоа што стануваме нација на тројкаши во училиштата." Камо среќа да сме вистински тројкаши.И,зошто се срамиме од тоа,кога од сите страни ни идат експерти.Инаку зошто ни се.Секогаш така било, и полошо ,а сепак земјата беше одлична нација. Инаку,петкашите не се барани на нашиот пазар,во секој случај,и зошто само да произведувами готови производи за некој друг да им го види ајрот.Вака е супер,Во толкуте тројкаши,ќе се најдат неколку петкаши.Толку и ни требаат.

Најди! во Утрински
Насловна
Црвенковски ја средува партијата и исчезна од јавноста
Карикатура
Роми бараат да се изгради теќе на скопскиот плоштад
Битолчани ќе пијат екстра скапа вода, референдум нема
Крај на фрустрациите
Ќе има навалица за биометриски пасоши
Големо „уа“ за законот за парламент
Забранети концертите во црквата „Св. Софија“
Правични популисти VS предавници