Број 3037  четврток, 16 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Битолчани ќе пијат екстра скапа вода, референдум нема

БИТОЛА - Од 1 јануари 2010 година битолчани ќе пијат екстра скапа вода, а комуналните сметки ќе скокнат за дури 117 отсто. Оваа одлука завчера ја потврди Советот на Општина Битола, на седницата која како ретко кога помина во жешка и долга советничка расправија. За поскапувањето гласаа единствено советниците од власта, советниците од ВМРО-Народна беа воздржани, додека, пак, опозиционите советници од СДСМ и ЛДП демонстративно ја напуштија седницата. Референдум за ова прашање ќе нема.

Со новата одлука цената за кубен метар за домаќинство од сегашните 14 ќе поскапи на 30,25 денари, а за стопанството од 26,50 на 45 денари по кубен метар. Поскапувањето на водата беше по барање на Управниот одбор на ЈП „Водовод“ со образложение дека фирмата е во тешка финансиска криза.

Уште пред да почне расправата советниците од ЛДП побараа точката да се симне од дневен ред како крајно штетна за граѓаните, додека, пак, советниците од СДСМ предложија линеарно поскапување.

„Ако ВМРО-ДПМНЕ работи за народот, тогаш не е јасно каква математика направи за да ја поскапи водата дури за 120 проценти. Ако ’Водовод‘ е во загуба, тогаш нека ги намали сметките за репрезентација, а не да удри по џебот на граѓанинот“, предложи Горан Милевски, советник на ЛДП, во Битола кој посочи на конфликт на интереси.

„Не гледам каде има конфликт на интереси. Јас и директорот на ’Водовод‘ сме баџанаци. Значи, нашите сопруги се сестри и тука нема крвно сродство помеѓу мене и него. Не знам зошто не би требало да гласам за оваа одлука“, праша зачудено Томислав Стојчевски, советник од власта.

Директорот на ЈП„Водовод“, Зоран Илиоски, од советничката говорница предложи дека единствено со поскапувањето на водата претпријатието може да обезбеди иднина. Во спротивно, за неколку години битолчани можеби ќе останат и без вода за пиење.

„За да биде ’Водовод‘ надежен систем и да нема проблеми во испораката на вода за п��ење, потребно е да ја зголемиме цената и тоа не за 30 или 50 отсто, туку за толку колку што треба. Секој ден имаме дефекти. Ако продолжиме вака, треба да вработиме многу повеќе луѓе за поправка на системот и тогаш ќе направиме поголема штета“, изјави директорот Илиоски. (А.Б.)


Статијата е прочитана 875 пати.

Испрати коментар

Од: oooooubavooo
Датум: 16.07.2009 07:08:34
so poloso to podobro.
Од: Bitola troa skolovan
Датум: 16.07.2009 09:37:56
Тргнувајќи во калкулација од потребите а не од реалните трошоци нормално е и овај процент да е малку.Како иначе ќе се покрие нечие неработење. Да не зборуваме за превработеност,неспособност и др. Сите овие елементи се од еден систем кој го критикуваме најповеке ама како придобивки не ги испуштаме.Затоа единствено решение е приватизација па да се одтргнеме од девизата на сите премиери досега дека државата е лош стопанственик.
Од: josif
Датум: 16.07.2009 10:03:23
od ubavo poubavo, ni vo tursko vreme ne bilo poloso

Најди! во Утрински
Насловна
Црвенковски ја средува партијата и исчезна од јавноста
Карикатура
Роми бараат да се изгради теќе на скопскиот плоштад
Крај на фрустрациите
Ќе има навалица за биометриски пасоши
Големо „уа“ за законот за парламент
Забранети концертите во црквата „Св. Софија“
Матуранти тројкаши
Правични популисти VS предавници