Како да се најде море за брод што долго стоел заринкан на суво?
Цела седмица не бев во Македонија: бев на книжевен собир во Херцег Босна. Се видов со моите студентски колеги и книжевни пријатели од Хрватска. На човек секогаш добро му доаѓа таква промена откако долго ќе го меле машината на нашето брутално секојдневие. И цела седмица бев исклучен од сите настани во Македонија: се погоди така што работевме напорно на симпозиумот, па дури се отпечати експресно и еден зборник. Така работат Хрватите. Темелно, а „учинковито“. Во нивните печатени медиуми не сретнав ништо за Македонија (ниту ред, ниту збор), освен тоа дека Македонија ја победила Шкотска во фудбал. И токму кога претоварен со книги и впечатоци се враќав назад, една подробност ми го расипа одморот: ми го врати чувството дека живеам во земја која допрва ќе треба да се бори за себе и за својот опстанок меѓу другите, рамноправни земји во планетарното семејство на народи и држави.
Имено, во местото Мала Циста, кое е едно прекрасно селце со само еден ред куќи распоредени околу патот, некаде на средината, наместо куќа, во еден двор, видов огромен брод. Брод на суво. Стоеше осамен меѓу сите други еднакви, архитектурно унифицирани куќи и се извишуваше во рамнината. Кога наближивме, моето изненадување премина во шок: тоа воопшто не беше вистински брод. Мислам – беше вистински, голем патнички брод според формата, но беше излеан од – бетон! Од бетон беше направено коритото, од бетон беа излеани дури и јарболите; беше тоа огромен, двокатен патнички брод од бетон, со стакла на патничките кабини, идеално калкиран од енциклопедиите за бродови со прекуокеанска намена.
Домаќините не реагираа онака како што реагирав јас: не гледаа ништо чудно во тоа, особено затоа што знаеја дека тоа некогаш бил еден од најпрочуените ресторани на патот кон Херцеговина. Сега, меѓутоа, беше напуштен: морскиот волк стоеше така сам, небаре заринкан Ноев кораб среде плодната рамнина, кому некоја голема вода му определила тажна судбина – никогаш повеќе да не заплови по ниедна вода. Изгледаше тажно: без ниту еден жител зад кабинските прозорци. Ми објаснија дека ресторанот пропаднал затоа што започнало масовно иселување на жителите од овој крај: тоа беше за мене само позната верзија на нашата македонска печалбарска приказна. Значи, неговите морнари и патници, откако увиделе дека тоа е мртов брод, почнале да ја напуштаат неговата палуба.
И, тоа беше доволно да почнам да мислам на Македонија. На тоа како не' третираат другите со тие визи, визички, гарантни писма со кои дури и на хрватската граница (каде што не е потребна виза) треба да докажете дека одите на научен симпозиум, а не во шверцерски поход. Почнав да ми��лам како Грците не ни дозволуваат да запловиме по морето на европските народи и НАТО, како многу драги и паметни луѓе заминаа од нашиот, македонски брод во други земји, почнав да мислам на тоа колку е голем нашиот копнеж да се одлепиме од калта во која заринкал нашиот брод, да се придвижиме, да запловиме. Колку колена од македонскиот брод се вложиле и допрва ќе се вложуваат со голи раце да го поттурнат тој брод на суво до првото европско пристаниште? Да: во таа слика на бетонскиот брод од Мала Циста јас видов што допрва не' чека. Веќе не е ни важно кој кормилар го заринкал бродот во рамнина; важно е само тој да се одлепи од другите куќи со длабоки темели, да се премести, да се однесе таму каде што припаѓа: меѓу другите бродови.
Потем, целиот пат за назад го доживеав како листа на нешта што треба да се направат за да се поттурне тој брод. Извадив тетратка и бележев, небаре сум јас сегашниот кормилар на тој брод. Во крајна рака, си мислев, од ова ќе излезе или една колумна или еден убав расказ за бродот на суво. Што се' не изнапишав во таа листа, драги мои, и се плашам дека ако ви кажам, ќе ги доживеете како баналности (иако, баналност не постои – токму потценувањето на „баналностите“ најчесто ви определува фатална судбина). Па еве, сепак, само неколку ставки од тој мој долг попис: на пример, патишта и железници по светски стандарди. Само за пример: хрватските тунели изгледаат како станици на НАСА – со СОС-телефони на секои 100 метри, со бочни излези со лифтови во случај на незгода, со вентилација, со дисплеи за температура и степенот на проодност на патот (фреквенција на возила), а осветлени се како хируршка маса. Кај нас, при реновирањето на патот за Велес (кое не донесе видливо подобрување), во она мрачна дупка од тунел загинаа неколкумина – и никому ништо. Еден Хрват, мој некогашен професор, ми се жалеше дека веќе не оди за Грција со автомобил од проста причина што низ цела Македонија нема ниту едно одморалиште. Сите што патувале со автомобил низ Хрватска знаат дека на секои пет километри постојат „одморишта“ со бензински станици: таму тоалетите се како нашите аптеки, со пристап за инвалиди, со стерилни простории за преповивање на бебиња, со тушеви. Кај нас, до излезот на грчката граница нема НИТУ ЕДНО место каде што човек може да појде дури ни во тоалет. Тоалетите на бензинските станици се најчесто заклучени и подобро е така, оти кога ќе се отклучат, тоа изгледа како да сте се нашле среде инфектолошки експеримент, и тоа како експериментално зајаче.
Ќе речете: тоа се само фасцинации на еден малограѓанин од „светлата на градот“. Но, не се воопшто во прашање ни тунелите ни тоалетите како такви: во прашање се мрачните тунели и валканите тоалети на нашата свест; нашата заспана свест дека треба да се поттурне бродот. Додека нив не ги осветлиме и исчистиме, нема да одиме понатаму. Па Хрватска до вчера не беше толку далеку од нас. Но, Хрватите вложија огромни средства за просвета на обичната свест. И затоа успеаја. Тунелите дојдоа отпосле.
И гледај парадокс: сепак сум среќен што стапнав на моја територија, на мојот брод на суво море. Чувствувам некаква силна возбуда од тоа што не' чека. Ќе сторам се' во мојата професија за да се поттурне бродот. Толку барем можам. Кога секој би го сторил истото во својата, сигурен сум дека при следното одење таму – нема да го видам тој бетонски заринкан брод. Или, дека барем нема да ми предизвика душевна мачнина: тој за мене ќе престане да постои како тажен симбол на едно тивко и тегобно, долго пропаѓање.
Se somnevam pocituvan Profesore deka nasiot zarinkan brod za skoro vreme ce se pomrdne od mestoto. Posebno toj somnez mi stana uste pouverliv pole praznicniot patriotsko-bolsevicki-milosevicevski govor. Ne, nasiot brod ce bide zacimentiran i zarinkan, kako sudbinsko prokletie na nasata nedozreanost , nemanje vizija i razum.
Од: od mirnata voda
Датум: 10.09.2008 02:10:32
"Во нивните печатени медиуми не сретнав ништо за Македонија (ниту ред, ниту збор), освен тоа дека Македонија ја победила Шкотска во фудбал." - Ne jasno zosto ovoj intelektualec za ovaa sostojba go obvinuva narodot, vlasta i drzavata vo koja zivee. Pa kade e negovata intelektualna dejsnost?. Kade se ostanatite intelektualci so svoite proizvodi da se dokazat nadvor od Makedonija?. Namesto da se zafatat za seriozna rabota nekoi od niv si izbraa uloga na "prosvetuvanje" na nerazumniot narod preku kolumni polni so "intelektualna mudrost". Na primer Simon Trpcevski ili Milos Mancevki go nemaat toj problem. Svetot im aplaudira. Jas mislam deka prikaznata za zarinkaniot brod moze da se raskaze i kako prikazna na zarinkani (nasukani) intelektualni umovi. Fakanjeto cekor so novoto vreme izgleda e gavolski teska rabota.
Од: macor
Датум: 10.09.2008 03:37:22
...prekrasen tekst, pisuvaj pocesto dragi Venko,da imase nasava mila makedonija poveke kako tebe,ke se peese druga pesna...jas znam kako e vo tugina,se e podobro,pocisto,pomirno,podostapno...no,nikade sonceto ne gree kako vo mojata makedonija, ama nisto ne pravime za nea,kutrata....se podelivme na pleminja,pleminjata na semejni klanovi i tajfi...oslepevme oti si gi izvadivme ocite, ozednevme, a si ja ispivme krvta....i sega nikoj veke ne ne saka, slepi i gluvi vo sopstveniot armagedon...i ne se za se krivi politicarite,tuku i nie samite....
Од: Marko
Датум: 10.09.2008 04:04:45
Profesore, blagodaram za dobriot napis. Po 17 godini ja posetiv Makedonija. Ista ja najdov kakva ja ostaviv. Mozam da kazam deka za klozet i netreba nikogo da prasas kaj ima. Ke go pronajdes po mirizbata! Svesta, vaspitanjeto, zakonite.. za zal, i tie mirisaat. Posebno zakonite, korupcijata trujat. Bega narodot po svetot. A sto srugo da pravi koga se znae deka sekoj den na masa leb za decata treba da se donese. Ostanuva uste pukanje, no i toa ne e resenie. Ne e dobro. Steta mnogu ubava zemja, narod.. se zarinkalo!!
Po sebe, mozebi dobar diktator na vlast e spasot. Clenstvo vo EU i NATO poveke bi odmognalo.
��д: Zlatko Zografski
Датум: 10.09.2008 07:18:31
Odlicno, Venko! Tokmu vo centar!
Од: emil morarcaliev
Датум: 10.09.2008 09:27:52
Ziveam vo stranstvo veke podolgo godini. Zaminav dve godini pred raspadot na Jugoslavija. Na sekoe vrakanje vo tatkovinata imav raspravii so moite drugari ( denes nekoi od niv vo samiot vrv vo politikata ), za odnosot na graganite kon prirodata, za grizata na politicarite kon infrastrukturata, za vospituvanjeto na lugeto vo ranite skolski denovi itn i tn. Ponekogas bev ismejuvan za moite zabeleski, ponekogas gi zamisluvav. Im velev deka nieden investitor nema da saka da investira vo zemja koja voglavnom lici na smetiliste, kade sekade kade sto odite ve gledaat vo dgebovite, nebare vo nasite dgebovi izviraat pari,kade ne postoi pocit od nikogo prema nikogo i tn. No se na se izleze deka navistina brodot ni e zarinkan. No i da mozeme da go odrinkame, ne ke napravime nisto. Ke potone ,zatoa sto e od beton.
Од: Nikola
Датум: 10.09.2008 09:42:13
Taka e vo hrvatska, oti se sluci da ne se projavi profesor koj ce podmetne klip vo "masinata na razvojot", kako sto ni se sluci , Profesore, nam, na makedoncite, vo vreme na povtorno vospostavuvanje na pravna drzava po etnicki voeni dejstvija, da ni se projavat profesori so nacionalisticki stavovi. A Vie bevte eden od tie klipovi!??
Од: perica
Датум: 10.09.2008 09:49:29
Ne e do brodot- do mornarite e.
Toaletite na avtopatot Zagreb - Belgrad niz Hrvatska izgledaat isto ko nasite, ako ne i beter.
Znaejki go sostavot na patnicite na ovaa delnica, zaklucokot e -ne e do koj gi cisti i odrzava tuku do koj gi koristi.
Од: Marija
Датум: 10.09.2008 14:51:01
Se kaam sto glasav za partijata koja nekogas mi bese vodilka i vo cii ideali veruvav..Se razocarav..Deneska pondesiv baranje za pasos i ke gledam nekade da kidnam za da ne izgnijam i da ne mi se ugusat ambiciite vo ovaa tegla..Zalosno za nas mladite da egzistirame ov perspektiva bez evropski institucii ;(. Navistina se rezprizira sbrskata inaetliva slobodanovska politika :(((
Од: od mene
Датум: 10.09.2008 15:08:19
Почитуван професоре
на почетокот ке се послужам со еден виц: кога загинале најмногу цајкани,..кога туркале еден брод да запали. Се плашам дека кај нас има премногу „цајкани„ кои не можат да проценат дали треба да се турне или да се повлече бродот. Едни велат треба да го туркаме оти наскоро следува удолница и ке оди полесно. Други велат треба да го влечеме оти ке се знае кој ке влечи а кој не оти ако го туркаме некој ке турка а некој ке оди по него. Ама сите заборавам дека ако веке бродот е на суво треба да остани таму каде што е и да изградиме наслеба за живеење. Зошто силата што ке ја потрошиме со влечење и туркање подобро да ја потрошиме на приспособување. Поздрав
Од: vesna
Датум: 10.09.2008 15:28:49
Marija, te molam zemi me so sebe dokolku uspeesh. Ja sakam ovaa zemja, ama narodot vo nea e bespomosen. Prekrasen tekst profesore, ama koj kako go razbira.