Брoj 2783  среда, 10 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Реториката на Груевски ја изненади јавноста

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека се извртуваат тезите и дека најважната порака била повикот за национално обединување

Оливера Војновска

Празничниот настап на премиерот Никола Груевски пред преполниот плоштад во главниот град предизвика огромно внимание во јавноста. Говорот на Груевски се коментираше во политичките кругови, меѓу новинарите, политичките аналитичари, а беше неизбежна тема и во кафеанските муабети на обичните граѓани.

Обраќањето на премиерот испровоцира жестоки реакции кај опозицијата и кај дел од експертската јавност, кои се убедени дека „Груевски подгрева атмосфера за изолација на Македонија“. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги негира ваквите обвинувања и тврди дека се извртуваат тезите и дека најважната порака на Груевски бил повикот за национално обединување за стратегиските интереси на државата.

Аналитичарот Владимир Мицев од Институтот за демократија е загрижен поради тоа што премиерот Груевски не предвидува светла иднина за македонските граѓани. Уште повеќе е изненаден од пораката на Груевски граѓаните да не се плашат да живеат во изолирана држава. „Изолацијата е крајно неповолно сценарио за Македонија. Очекувањата на граѓаните се сосема поинакви: да се интегрираме во ЕУ и во НАТО, меѓутоа не препознав во говорот на премиерот енергија за такво нешто. Напротив, тој како многу реална ја потенцира можноста за изолација. Изненаден сум и од неговиот агресивен настап. Премиерот како да бараше поддршка од пошироката јавност и граѓаните за неприфаќање на предлогот за името што се навестува“, вели Мицев.

Професорот на ФОН, Јове Кекеновски, вели дека не го слушал внимателно говорот на Груевски, но имал впечаток дека неговиот настап бил во стилот „ние сторивме се', а Грција прави проблеми“. Груевски нагласува дека „ние сме направиле реформи, сме ги исполниле сите критериуми за влез во ЕУ и во НАТО, но сето тоа не е доволно, бидејќи Грција се наметнува со ирационалните барања“, вели Кекеновски.

Политичкиот аналитичар Ѓунер Исмаил вели дека Груевски настапил во својот препознатлив стил: со патриотизмот во преден план и атакувајќи на националните чувства на граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ ја направи прославата за Денот на независноста во согласност со својата политика на вмровизација на државата. Премиерот уште еднаш го искористи своето главно, основно орудие - националистичка реторика. Неговиот говор беше дел од таа националистичка помија. Човек без демократски капацитетите не може да повикува на национално обединување“, смета Исмаил.

Потпретседателот на Собранието, социјалдемократот Јани Макрадули, во обраќањето на премиерот препознава типичен партиски и популистички говор. „Се покажа вистинското лице на Груевски, кој на сите граѓани ни соопшти дека Маке��онија не може да се надева на подобра иднина, како земја-членка на НАТО и на ЕУ.

Премиерот повика на самоизолација, а таков говор нашите соседи во Србија слушаа пред 15 години. Страшно е да се слушне тоа од устата на еден премиер“, изјави Макрадули, додавајќи дека опозицијата не присуствувала на прославата, бидејќи не сакала „да учествува на настан од кој се повикува на самоизолација со Македонија, како вовед во исклучително темно сценарио“.

Координаторот на пратеничката група на ЛДП, Андреј Жерновски, смета дека премиерот го злоупотребил националниот празник за промоција на своите лични политики. „Слушнавме говор што е бледа копија на настапите на Милошевиќ, со познатите тези дека можеме сами и изолирани од светот. Се разбира, со задолжителното поттикнување на националистички чувства. Од друга страна, сите добро знаеме како завршија Милошевиќ и неговата политика“, вели Жерновски.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, ги отфрла ваквите тврдења и изрази огромно разочарување затоа што на прославата на плоштадот „Македонија“ во Скопје не присуствувал ниту еден претставник од опозицијата. „СДСМ не собра сили да покаже доблест и да дојде на прославата на празникот што ја означува државноста на Македонија. Премиерот упати пораки дека за клучните прашања во надворешната политика ни е потребно единство, без разлика на етничката, религиската и партиската припадност“, вели Димовски.

 


Статијата е прочитана 5106 пати.

Испрати коментар

Од: marjan-viena
Датум: 10.09.2008 00:04:57
bravo za nikola gruevski....celosno go podrzuvam
Од: violeta dineva
Датум: 10.09.2008 00:53:14
Smetam deka komentarite na govorot na nasiot premier se bezpredmetni i maliciozni. Potpolno go poddrzuvam Premierot vo nasokite za nacionalno obedinuvanje kako osnova za idninata na zemjata. Vo tie ramki itreba da ostaneme cvrsti i vo zacuvuvanje na nasiot identitet vklucuvajki go i imeto na nasata drzava - Republika Makedonija. Da ne zaboravime deka ne se raboti samo za nas tuku i za narednite generacii Makedonci. Blagodaram za vnimanieto
Од: kris
Датум: 10.09.2008 01:07:03
100 % подршка за Груевски! Тоа што го кажа е реалноста. Пред НАТО во Букурешт не избомбардираа со ентузијазам, па некои како Шеќеринска велеа ќе сме го задржале и името и НАТО. По ветото од Грција, народот беше и збунет и раочаран. Вака сега Груевски ни ја дава реалната и вистинска слика а тоа е дека Копенхагенските критериуми не важат за Македонија, точно ради Грција. Впрочем Груевски не кажа ништо што Караманлис веќе сто пати не го кажал!
Од: pravda
Датум: 10.09.2008 01:07:54
Neka ni e cestit praznikot! kako i sekoj gradjanin na ovaa nasa mala drzavicka sum srecen sto imame vakov praznik,no onaa sto premierot se potrudi da ni go plasira kako povik za edinstvo bese totalno nevkusno,na najgolemiot praznik na proslavata ne bese pokanet pretsedatelot na drzavata pa togas za kakvo edinstvo zboruvase Gruevski.So avtobusi od site gradovi se mobilizirase clenstvoto na VMRO da prisustvuva na proslavata,pa zarem samo Skopje e mesto kade se slavi ili toa se site nasi gradovi i site nasi gradjani,dali ako ne sum clen na VMRO ne mozam da se kacam vo besplatnite avtobusi za Skopje,zalno e sto i ovoj praznik pomina so partiski delbi na podobni i nepodobni,na patrioti i predavnici.Kakov i da e Crvenkovski toj e pretsedatel na RM,na proglasuvanjeto nezavisnost vo 1991 toj bese obicen pratenik pa ne bese na binata no sega e legitimen pretsedatel i obvrska e na organizatorot da isprati pokana,ako pretsedatelot prisustvuvase na priemot kaj Veljanovski sigurno ke bese i na bin
Од: kole
Датум: 10.09.2008 01:16:57
Vnimatelno sledam sto ke kaze Grujo, ama nisto dobro ne ocekuvam... si ja zapecativme sudbinata na 1.06.2008 godina... neka ni e na zdravje Grujo so Familijata... ke ne upropasti...
Од: Patriot od London
Датум: 10.09.2008 01:39:06
Sto pobrzo se oslobodi Makedonskiot narod od samobendisaniot,narcisoiden kvazi-premier,pobr- zo ke go ogree sonce i posvetla idnina.Zalosno e sto go sledat zaslepeni i zabludeni simpatizeri,sa-monareceni "patrioti",so cija pomos se pothranuva nivnata kolektivna,izvitoperena svest.Zalosno.Od go vorot na maliot "diktator" Gruevski,koj ja suspendira Makedonskata inteligencija i nametna progestapov ska-Gebelsova diktatura,moze da se nasluti poce tokot na karajot na nadezite i perspektivite za podo bro utre.Vakvi i slicni nemu infantilni,neizziveani promaseni marginalci,ke ja raznebitat drzavata i na rodot.Gospod da cuva od poloso.
Од: strate
Датум: 10.09.2008 01:55:37
Makedonija nikogas nemala podobar i pocvrst premier od Gruevski i ne mislam deka ke ima.Pa zarem ne storivme sve so reformite sto ni gi bara EU,edinstvena precka ni e Grcija so nejzinata nacionalisticka politika,da ne zaboravime nie duri go promenivme ednas i ustavot za da ne se "naljutet" demeksosedite.ZA LJUBOV SE POTREBNI DVAJCA,NELI? Ovie od SDS(?) se navistina otideni po gjavolite i zatoa se na najdobar pat da se raspadnat.
Од: Баба Ката од Секлулцу
Датум: 10.09.2008 02:16:34
Сабајле на чесму, да проплакнемо очи, дочека не бате Стојанча и рекна ни: ДОДЕКА ВЛАДЕЕВ СОС МАКЕДОНИЈУ АМАТЕРИ, ЌЕ СТРАДА НАРОД, ПОСТАНАСМО СКОРО СВИ ПРОЛЕТЕРИ!
Од: ljupco
Датум: 10.09.2008 02:41:51
e be makedonce,makedonce do koga ke bidis podeleno??????????????????
Од: alan ford
Датум: 10.09.2008 03:20:09
...se potsetiv na vcerasniot komentar na citatelot ,alias macor, ... ''poznavav edna srbija do tokio'' ako pocituvaniot gospodin premier ne vozi po taa ulica, ke ni se ebe majkata...nacionalizam-ne...makedonija e na site koi ziveat vo nea,ne samo na nas makedoncite...ako nie ne sakame vo EU i NATO, mozebi tie sakaat...pa imam predlog,koj ne saka tamu neka si ostane vo getoto i izoliran,a nie ''predavnicite'' ke se integrirame kaj sakame..oti ne veruvam deka na bilo koj albanec,turcin,srbin ili marsovec mu dreme za aleksandar ili kralot na hunzite...a grujo neka si se izolira,nie sme pocovecni,ke mu dademe pivo i posle 19h
Од: blaze
Датум: 10.09.2008 03:52:12
Jani makrduli kazete gi vasite stavovi ili kako sto velite kompromisi go dadovte znameto go smenivte ustavot ja prodadovte Makedonija so ohridski dogovor isega sakate da im je prodadete i dusata na makedonskiot narod ako ne bea vasite komprmisi i popustajne grcija po inaku ke se odnesuvase Se borite sega za Evropskite stolici kade platite se debeli veruvajte deka so nato Eu mnogu malce narodot ke doceka podobruvnji
Од: prilep
Датум: 10.09.2008 05:32:31
abe kanacki edni sose partali da mozite ce ne prodajte na grcite.
Од: dragan
Датум: 10.09.2008 06:05:50
treba li premierot da laze, zosto sdsm uste misli deka vo makedonija ima samo dva mil. ovci . sekoj e svesen i jasno mu e sto e problemot so taa prokleta grcija. no za zal navistna ima ovci vo MK bidejci uste idat vo grcija po naj razlicen osnov. i na kraj neka kazeat site tie pameti , kako makraduli , kekenovski , djuner , i drugi , koe ime treba da gi prifatime , i na koja katra igraat tie .
Од: suad
Датум: 10.09.2008 06:35:06
sega koga vide grujco da je vrag odnia salu, bara da se obedini cela javnost. pred mesec dena pravese izbori za ostani sam bidejki drugite mu smetale vo prerodbata. kasno je zanovi pocetak, nazdravje makedon cinja , ke ostanite vo dupkata na balkanot, a nie albanezite odime so nasite braca vo Eu.
Од: Stojanco
Датум: 10.09.2008 07:36:59
Говорот на премиерот беше извонреден. Не им се допаѓа само на оние кои се жедни и желни за власт и на оние на кои името не им значи ништо. Токму и тие се најгласните и ги немаше мегу народот. За жал, тие како да не ја чувствуваат Р. Македонија како своја. Видете го размислувањето на Макрадули. А можеби тоа е нормално од Макрадули. Со таков цинизам тој и неговата партија се најдоа на тоа ниво.
Од: Zlatko
Датум: 10.09.2008 07:54:40
Можеби повеќето се согласуваат дека Груевски зазема политика на изолација, но се запрашале ли тие дали таква политика е негативна воопшто? Незнам зошто, но ваков став ме потсетува на почеток на политиката на Чавез - претседател на Венецуела, кој успешно го затвори општеството, но САД се противеше на неговите ставови бидејќи не играше по нивни "тертип", па затоа САД извршија напади врз Венецуела оправдани од нивната надворешна политика. Според мене ставовите на Груевски се сега-засега единствениот излез и решение, на многу опасна од негова страна. Краен резултат - затворено општество, крајна последица - напади од страна на САД.
Од: radovis
Датум: 10.09.2008 07:59:04
Graganite na Makedonija se vo izolacija 15 godini a ocigledno kvazi politicarite ili se slepi ili se pravat na "TOSO"
Од: igor
Датум: 10.09.2008 08:23:51
Ne mi se veruva deka za tlku kratko vreme moze da se upropasti drzava!!Zasluzuvame ds si ostaneme poslednata dupka na balkanot, osame, ograniceni, ksenofobicni, popaleni, nepismeni, izmanipulirani, sirmasni..Izgleda nemame srce da se borime na megjunarodniot megdan so drugite evropski drzavi kako demokratska drzava!!!
Од: pameten
Датум: 10.09.2008 08:24:47
Gruevski tvrdi deka e "konservator" No na tribinata ushte sedi gerbot so petokrakata! A zboruvame za identitet. Nashiot identitet ostanuva komunistichkiot od 1944! Site zemji vo Istochna Evropa oddamna se vratija kon svoite tradicionni simboli. Nie ne mozheme! Nashiot identitet e povrzan so komunistichkata rezhima. Em tvrdime deka vo 1944 ni se sluchilo neshto ubavo, em sakame NATO!
Од: jimmy1
Датум: 10.09.2008 08:28:05
Ne ni trebaat EU i NATO so promeneto ime. Ekspertite neka si gi promenat svoite iminja a nasata drzava nema ime za menuvanje. Neznam voopsto kakva p[osvetla idnina ocekuvaat ekspertite vo EU i NATO, so ovie diktatori. Nie sekako sme vo Evropa, ne sme vo Afrika ili na Mars. Ako na Grcija ne i odgovara toa e nivni problem a ne nas. Do nekoj si Zlatko: Seto ona sto go komentiram e tocno, i ne sum predavnik na svojata drzava, kako sto si ti nekolku mrsulkovci kako tebe. Sest clenovi od naseto semejstvo se borea za Makedonija, a ne za Severna, Juzna ili bilo kakva dodavka, i sekogas ke go podrzuvam ona za sto se borea. A tvoite ako se borele za interesite na nekoja druga drzava, toa e tvoj problem, i zatoa ne mi e cudno sto te sasega sto nekoj se zalaga za interesite na Makedonija. Osvesti se malu sto ke bide do kolku go promenime imeto.
Од: jovan
Датум: 10.09.2008 08:34:00
Gruevski i Vladata veke i samite neznaat sto da pravat. Mnogu raboti pogresno gi procenija i sega se najdoa vo losa pozicija. Megunarodnata pozicija na Makedonija totalno loso ja procenija. "Podrskata" od SAD i Bush isto taka loso ja procitaa. Covekot fino im kaza deka treba da se najde RESENIE za imeto a toa znaci i promena. Neznam kade vidoa deka Bush ne podrzal. Vo sto? Vo toa sto ni kaza da si go resime imeto? Pa toa znaci indirektno ni kazuva promenete go. Inaku bi ne sovetuval da izdrzime i istraeme i da go zacuvame imeto a ne da najdeme KOMPROMIS. Kompromis znaci nesto da se promeni. Vtoro: Skroz ja promasija ekonomskata politika. Drzavava e pred bankrot. Ogromni pari sekoj den se odlevaat od drzavnata kasa, a standardot vratolomno paga. Dovedeni sme vo situacija ova zimo da prezivuvame. Prasanje e dali voopsto do nova godina ke izdrzime. Pesimisticki zvuci no nataka odi.
Од: Albanec
Датум: 10.09.2008 08:37:27
Nie Albancite ne sme za izolacija. Nie sme za zaclenuvanje sto pobrgu vo EU i NATO, Gruevski nema da ne zapre vo ova sigurno.
Од: Kumanovo
Датум: 10.09.2008 08:38:24
Ete taka i ni treba. Ke se vrtime vo krug na ovaa malo parce zemja a Grujo ke ne true so negovite reklami i spektakularni nedemokratski apsenja. I ke dojde denot koga siromastijata ke ne natera zivi megu sebe da se jademe. Neli e svesen deka narodot se budi od sonot na patriotizmot i deka ke mu stavi kraj na negovoto fasisticko, nacionalisticko, nedemokratsko,samobendisano........vladeenje
Од: Vesna
Датум: 10.09.2008 09:03:20
Vlasta poleka,poleka, gi trosi svoite aduti pred gragjanite...kako trgnalo,na narednite izbori ke nema so sto da se pofali.Nitu napredok,nitu podobar standard,nitu pokvalitetno obrazovanie,nitu suzbiena korupcija i nepotizam,nitu izleceno sudstvo...nitu evropska perspektiva imame. Nekoj saka da ne vrati nazad vo minatoto, saka da ne izolira od normalniot svet, da ni go zatvori horizontot, da ne kazni !
Од: sasho negotino
Датум: 10.09.2008 09:24:03
ovaka , fidel kastro i pinoce gradele avtoritet i karakter vrz narodot so dolgi i banalni govori koi vo sustina se mnogu prazni. gujo ni rece da ne se plasime da ziiveeme vo izolirana drzava. epa makedonce corba...... gospod neka ni e na pomos so mladiot pinoce
Од: Bastion Prilep
Датум: 10.09.2008 09:26:45
Горчливиот вкус на вистината го голтаме како пелин,а шегите на Груевски стануваат невкусна вистина.Секој кој бил надвор,кој видел што е демократија,слобода,цивилизација,економија, не можеш да го убедиш дека е сеедно да си во НАТО иЕУ,или да не си.Не е сеедно,јасно е како ден.И безбедноста,и економијата,и образованието,буквално квалитетот на целокупното општество и живеење зависи директно од тоа дали сме членка или не.Тоа е болен избор за сите нас(и патриоти,и предавници),но ќе биде неминовен избор во име на сите идни генерации кои ќе ни судат за пропуштената шанса,која секако има цена.Жално е и болно да се слуша дека Србија побргу ќе влези во ЕУ и НАТО,а и дека имаат повисок стандард.Зошто тежнееме кон дното?Немаме ли сила да се справиме со предизвиците на модерното време и глобализацијата која станува дел од нас?Имаме ли стратегија?Многу прашања,а одговори нема.Ја пропуштивме ли историската шанса?-ова прашање уште долго ќе не измачува
Од: mene
Датум: 10.09.2008 09:33:48
Vakviot govor na Gruevski doaga dva dena otkako site od EU naglasija deka Makedonija izgubi mnogu poeni na izborite. Site pretstavnici na megunarodnata zaednica velea deka ne e pogoden moment za izbori zasto ce i nasteti na Makedonija. Zgora na toa, izborite pominaa so zrtvi sto se nema sluceno vo Evropa, ova mora site nacionalisti da go sfatat. E koga sega vo EU velat deka nemozeme da sprovedeme demokratski izbori, i toa ne pravi da izgubime poeni, Gruevski ja napaga Grcija. Strasno e sto svojata politika ja kreira na baza na kritiki na Grcija. Toa pokazuva deka samo nema svoja politika. Ako stvarno ima ideja kako ce ja vodi drzavata, neka ja izzeme grcija od svoite govori. Nikoj vo Makedonija nema nisto protiv grckiot narod i neka mu stane vece ednas jasno. Zivee vo nekoe vreme od pred sto godini, uste ne sfatil deka svetot odi napred!
Од: coraddo
Датум: 10.09.2008 09:36:50
ne znam koj vi e problemot,ta vam(so malo v) ta na spomenatite takanareceni politicki komentatori,analiticari i ostanati samonareceni misliteli? koja e celta da se ispluka premierot? koja e celta da se pokaze sprotivstavenoto mislenje na makraduli & company? logikata go veli ova.ako Gruevski povikuva na edinstvo,da se raboti,sozdava i napreduva vo demokratskite i ekonomskite reformi,a nekoj drug,go osporuva,so toa sto"ete,ne sakaat da go smetat imeto,samo da ne primat vo NATO i EU,i za toa e vinoven Gruevski,DPMNE,i narodot zad nego? ete vie,kako dneven vesnik,kako komentatori na zbidnuvanjata,javno kazete koj vie problemot? toa sto ostataok do zemjata se MAKEDONCI? ili toa sto po sekoja cena,mora da se smeni imeto,po direktiva na "stabot"?
Од: Trene
Датум: 10.09.2008 09:38:07
Uste pred Gruevski da izlezi na govornica, opozicijata gi spremaa izgleda svoite reakcii. Ne bile prisutni, a znaat za sto se zboralo, preku izvlekuvanje na delcinja slusnati preku carsiski muabeti. Govorot bese za edinstvo i zaednicki sili protiv blokadite na grcija kon makedonija, a reakciite na ovie samo za da se bidi protiv.
Од: Flying
Датум: 10.09.2008 09:49:16
Apsolutno za poddrska. Sekoja cest za covekot koj ja gleda realnosta i koj ne ja kazuva poinaku od kako sto e..Ako nekoj gragjanin politicar ili ne ima i gleda nekakvo resenie bez da se meni imeto, neka poveli da go dade predlogot, vo javnosta ... Samo SDSM misli deka Grcija ke ne pomiluva do kolku tie dojdat na vlast...
Од: trajan
Датум: 10.09.2008 09:55:07
Mislite deka Grueski za gjabe gi povika na ploshtadot vo Skopje vmrovcite od cela Makedonija i im obezbedi besplaten prevoz i dnevnici so parite od site gragjani na RM.Nacionalnata euforija vladee kaj nepismenite masi koi se raduvaa na glupostite izrecheni od premierot.Vidi ,bogati i poltronot Ilija kazuva site da sne bile vo Skopje i da da ja odobrime smoizolacijata(da jademe drvja i kamenja-Milisevic).
Од: Prof. Jana Lozanoska
Датум: 10.09.2008 09:57:57
Se dodeka ne se reazresi problemot za Imeto po sudski pat, vo Hag, ke bideme vo faktickata polu-izolacija
Од: mene
Датум: 10.09.2008 10:00:48
Народе тешко нам со ваков неписмен, прост и политички незрел премиер. Отидовме јабана. Останавме и натаму да се давиме во оваа балканска кал. Каде е Латас сега да го спасува својот љубимец??? Груевски на овој голем ден за Македонија истреска најголеми глупости, со кои сака да и ја запечати иднината на Македонија. Кај сте ВМРОвци????? Кај сте сите што гласавте за овие недоквакани??
Од: dr Tanja Petrusevska
Датум: 10.09.2008 10:10:42
Za da uspee premierot Gruevski, mora da dobije mislenje od M. sudot vo Hag za legalitet na referencata PJRM. Vo sprotivno SDSM ke bide vo pravo deka VMRO bez osnova ne drzi vo izolacijata i bez perspektiva za razvoj.
Од: makedonce
Датум: 10.09.2008 10:17:24
vmro e stolb na makedonstinata i opstanokot na maKEDONIJA I MAKEDONSKIOT NAROD BEZ VMRO KE JA NEMA I MAKEDONIJA I MAKEDONSKIOT NAROD ..TIE STO ZBORUVAAT ZA VMROVIZACIJA NA MAKEDONIJA I NE SE MAKEDONCI TUKU BUGAROMANI A NAJPOJKE SRBOMANI.. CELOSNA PODRSKA ZA GRUESKI..MAKEDONIJA KE OPSTANI BEZ NATO I EU..KOI ZA ZAL SE VO RASPAGANJE..
Од: Tomekk
Датум: 10.09.2008 10:27:56
Vnimavajte sto pisuvate, sto govorite pa na kraj i sto mislite, moze ne prislusuvaat-dobredojdovte vo svetot na napad na site setila, ama nikoj ne e kriv sami sme si krivi, koga dozvolivme populizam da ne ubedi i govori od tipot na poranesnite YU lideri, sega ke mozeme da patuvame bez vizi samo vo Makedonija, zasto evropa posle osmi septemvri i ovoj govor na premierot mi izgleda mnogu dalecna.
Од: do Igor Janev
Датум: 10.09.2008 10:32:01
Fakt e deka premierot gi slusa onie koj predlagaat odenje na megunarodniot sud vo Hag. Drugo e prasanje dali makedonija ke se izmachi so cekanje vistinata - pravdata da bide dostizna.
Од: Makedonec
Датум: 10.09.2008 10:53:15
Dodeka nie Makedoncite se obedinuvame so Gruevski, Albancite veke pocnaa da si krojat svoja idnina. Zatoa bi bilo dobro ekspertskata i intelektualnata javnost da mu kaze golemo NE na Gruevski, inaku drzavata ni otide jabana. Albancite ke ni ja podelat zemjata. Nie ke si ostaneme samo so Vardarska Banovina, a celiot severozapaden del ke prikluci kon Kosovo ili Albanija. Zatoa treba da mus se stavi kraj na glupavata politika na Grujo. Pozdrav!
Од: Taipov Abdula-intelektualec od turskata narodnost
Датум: 10.09.2008 10:54:03
jas sum redoven komentator na U.vesnik stavot na gruevski za imeto e da odluci narodot na RM preku referendum.Zosto opozicionite partii koga bea na vlast (koga bese Gruevski vo opozicija) ne go resija ovoj problem znaci sega mora da odluci gruevski i partijata nacionalnoto bitie imeto nitu eden politicar nema da odluci bez razlika na partiska pripadnost. Tocno e deka stalno Gruevski povikuva na edinstvo i sozitelstvo megju site koji ziveat i ja sakaat RM,bidejki ako nemas sozitelstvo i edinstvo vo edna drzava nemas prosperitet. Za prvpat site nacionalnosti vlegoa vo parlament siroka koalicija (toa se pocuvstvuva kaj turskata narodnost vo Istocna makedonija) bilo vo koja drzavna ustanova da se odi precekani sme kako ljuge i postuvani.Nas turcite ni e mnogu po preoritetno da RM ostane vo Balkanot pod ustavnoto ime nego da da se dodadaat nekoji dodatoci bidejki tie dodatoci od strana na grcija i bugarija ke stvaraat mnogu drugi problemi od kade shto ke nema vrakanje nazad. Bugarij
Од: Aleksandar
Датум: 10.09.2008 10:57:47
Jas ke go kritikuvam gruevski za investicii no sakam edno da prasam.Sto kaza loso Premierot na centralniot sobir po povod 8sept.Nisto ne kaza i vo pravo e NE MOZE DA SI IGRA NIKOJ SO IME.Makedonija ne bara ime od sosedite niedna zemja vo regionot nitu vo svetot ne se vika Makedonija.Nitu barame da se vikame severna bugarija,Juzno Kosovo,Zapadna Al,istocna Srbija niedno ime od sosedite isto ne barame i vo PRAVO E Premirot.
Од: Snezana,Veles
Датум: 10.09.2008 11:02:09
E vaka stojat rabotite za tie sto neprogledale ili ne sakaat da vidat.Na vratata od EU ne stoi Gruevski tuku GR. i kompanijata od EU.Tie se se se samo ne demokratija i pravda.Za nas imaat "special" uslov ,dogovorete se so komsijata(bozem nie vo GR. ke se zaclenuvame) t.e. smenete si go imeto.Zosto-logika nema,pravda-nema,ama oni taka sakaat.I sega nasive "eksperti-proevropejci" od petni zili zapnaa da im "udovolat".Toa e sindrom t.n. nedoststok na kicma.Nekoj na Hrvatot da mu rece deka ne e Hrvat so zabi kego izede.Ama nie sme si podatlivi -tolku.
Од: Македонија
Датум: 10.09.2008 11:06:48
Човекот кој го разединува Македонското ткиво повикува на единство, оваа што го слушнав беше жалосно, секој ден се повеке стравувам за еднината на нашата Македонија и нашите деца господ да не чува од најлошото.Да живее нашиот Енвер Хоџа.
Од: ma-ri
Датум: 10.09.2008 11:13:41
Komentarite od tipot na Makraduli i nemu slicni mnogu dobro ni se poznati!Ovaa drzava so sila ja dobi nezvisnosta{potsetete se kakvo bese referendunskoto prasane???]pa nee cudo za vakvite komentari.Nato zemjite kako Bugarija i Romanija ne ke da imaat kojznae kako podobar standar.Bez zalazuvane ovoj narod vo Makedonija ne vide nikakov air ni od sdsm ni od vmro!!!!!!!!!Site se rabotat za svoi interesi a narodot im sluzi kako moneta za potkusuruvane.
Од: makedonec
Датум: 10.09.2008 11:26:09
Ne treskajte gluposti.Grujo zakon si.Ednas i nie da pokazeme maskost.Celo vreme stradavme so takvi kako drzavnikot.I so eksperti kako Djuner Ismail i onoj od transparentnost tesko nas.Tie se daleku od eksperti
Од: lele lele
Датум: 10.09.2008 11:38:58
taka i se vika lele za ovoj narod so vakov premier.toa se znaese deka vaka ke bide ama na izborite ovoj narod(ovca)mislese deka grujo ke gi sredi.epa ubavo ne sredi ama samo ova e pocetok a ke go vidime krajot.nazdravje makedonijo so vakov diktator
Од: Glas na narodot
Датум: 10.09.2008 11:50:58
Треба сите македонци да се засрамат за сите навреди кои се изречени кон нашиот Премиер!!!! Зошто??? Па едноставно затоа што ВМРО доби повеќе од 60% подршка од македонците на минатите избори така да навреди од типот С.Милошевиќ или Е.Хоџа и што ти не држат место!!! И на врапчињата им е јасно во кого е проблемот со нашата држава,па ги прашал тие што испраќаат навреди како би се нарекувале утре нивните деца или пак кубурот го чуваат за некој позол час???Навистина многу непристојно од нивна страна.Жалосно!!!
Од: iki
Датум: 10.09.2008 11:55:00
Ke ostaneme crna dupka vo evropa so vodenje na vakva politika na GRuica i negovite podanici zalosno mladi luge a ne mislat za mladite vo Makedonija koj kako sto stojat rabotite ke ostanat izolirani do krajot na svojot zivot OSVESTETE SE mladi luge i recetemu stop na segasnoto vodenje na politikata na ovaa vlast koja misli samo na sebe.Zboruva za obedinuvanje so site albanci,turci,vlasi itn a go razedinuva makedonskiot narod po tv narocito na A1 se pustaat reklami daka makedonija e federacija i obedineta so site toa go saka i Grujo so negovata ceta na celo so nivniot dovcerasen terorist Ali Ahmeti koj koga koalicirase so sdsm ne cinese a sega za niv se reformatorite ako makedonskiot narod gleda i ne e glup ovie zborovi od Grujao za obedinuvanje e samo uvertira za priznavanjeto na kosovo i promenata na imeto za utre pred narodot da rece jas se borev ama pred zapadnite sili i pred opozicijata ne mozev e GRUICO GRUICO .
Од: saso
Датум: 10.09.2008 12:16:05
Marjan-Viena, Vrati se vo Skopje, pa poddruvaj go noviot Fidel Kastro.
Од: Zoran
Датум: 10.09.2008 12:19:58
Steta sto plukanjeto vo dalecina ne e olimpiski sport. Makraduli ke osvoese zlaten medal. Bi sakal da go zamolam gospodinot Makraduli, da izleze i da kaze kade e i dali ja ima dolnata granica pod koja sto SDSM ne bi pregovaral. Bidejki Grcija kaza sto bara. 1. Endo ime, za site upotrebi (vo nasite pasosi, vo licnite karti itn.) 2.Promeni vo ustavot. 3. Garancii od sovetot za bezbednost vo ON deka site drzavi ke go koristat novoto ime. Ako ovie tri tocki ne se ispolnat - nema NATO i EU E sega, neka iskoci gospodinot Makraduli, i neka se izjasni.
Од: Risto Avstralia
Датум: 10.09.2008 12:22:23
Dos site vo Makedonija,po se izgleda ne sme uste zreli za komentar.Ke pocnam od pocetok zarem Branko C.treba da se kani na miting zarem toj ne e vrhoven komandat malku mi e ne jasno bi sakal da znam kade bese na proslavata na toj den.Go prasuvam organizatorot i pod prasanje koj bese organizatorot ako bese VMRO dali gi pokani i ostanatite vlasto drsci ili se uste vo Makedonija vladee onaa ne bevme pokaneti.Da toa gospodo mozete da go pravite na privatna proslava a ne na drzavna ako ste del od upravniot aparat nema molenje so zakon tamu vi e mestoto bez pokana,a za demokratija mozebi treba da poziveete 15 godini vo vistinski dem sistem za zal koj ne postoi,pa povelete, za zal ne mozam da gi citam vasite komentari na internet posle mojot komentar.
Од: горд макеонец
Датум: 10.09.2008 12:28:32
Очигледно е дека нашиот народ сака да живее во големи заблуди и токму тука ја гледам вината на Груевски,кој наместо да прикаже уште некоја лажна слика како неговите претходници тој реално му кажа на народот дека преку леб погача не бидува.Како што се сеќавам и референцата бјрм ќе беше само за неколку месеци,па гледате што се слчува сега...Виновен е Грујо што е единствен политичар кој имаше храброст да им се спротистави на грците,виновен е што наместо да му дава лажна надеж на народот е икрен со него,виновен е што наместо да влезе во онаа криминална мафија на неговте претходници се обидува да ја стабилизира економијата...Само нашот народ има слаба меморија и ќе се свести дури откако ќе е доцна.
Од: Ристо Андовa
Датум: 10.09.2008 12:44:33
Говорот на Премиерот Груевски беше прилично конфузен, оптоварен со бројни непотребни повторувања. Но без обзир на тоа, во врска со името на нашата држава, за време на празничниот говор и во други прилики, тој го кажува скоро истото што го кажува и Претсдетелот Црвенковски. Разликата е во она што тие не го кажуваат. На пример, кога би било измислено поинакво име прифатливо за нас, види чудо и за Грците, нашите проблеми со нив, и оптужбите за провокации од наша страна, нема да престанат. Впрочем, тие не можат да замислат постоење на Македонци и македонска држава со граѓани равноправни во Европа, ете и со право на вето. Што се однесува до реакциите на анонимусите, според народната приказна, произлегува дека никој не смее да каже дека царот е гол..
Од: citatel
Датум: 10.09.2008 12:46:40
nema nisto strasno od govorot na gruevski, i bez toa e izoliran od svetot , i negovite govori gi slusaat samo na ovie 25000 kvadratni kilometri, inaku top tema vo svetot e momenatlno eksperimentot sto se pravi vo svajcaria, a gruevski e premnogu premnogu lokalen mal i provinciski tip so zaostanati diktatorski doktrini
Од: slave petreski
Датум: 10.09.2008 12:47:01
Se pitam zoshto mu e na Grujo gi zboruva ovite gluposti!!!!! Umesto da trsi shto da chini sos nevrabotenite vo zemljata, go pali fitilot na nacionalizma!!! Site znaem deka e sega srbinot Slobo i shto e izgubila Srbija!
Од: Реалност
Датум: 10.09.2008 13:45:47
реалноста е следна: додека не го смениме името нема влез во нато и еу. Тоа им е јасно на сите. Значи имаме две опции. премиерот го кажа неговиот став (не е битно дали е погрешен или исправен став, сепак има став) а тоа е дека нема промена на името со уцена и по секоја цена. значи јасно пред своите граѓани го кажа неговото личо мислење, и ги повика сите тие „аналитичари“ вклучувајќи го и лицето бц, да го кажат својот став (без обзир каков бил). значи без обланди и лажни ветувања (т.е. за 6 месеци ќе влеземе во нато и ќе добиеме преговори за еу). Такви шарени лажги не поминуваат кај народот (барем кај мнозинството). значи не треба само да се критикува туку да се каже јасно и гласно...јас лицето бц вака би го решил овој спор...
Од: pameti
Датум: 10.09.2008 14:08:05
Луѓето што со Милошевиќ шуруваа и ја осиромашуваа државата и кои што 17 години се бореа за изолација на Македонија и беа против апликацијата на земјата во НАТО, палеа амбасади на НАТО членки во Скопје, сега се јавуваат како спасители, дежурни душебрижници идеални и непогрешливи водачи. Абре луѓе разберете нема промена на името доста е, не може!!! До сите албанци кои се јавуваат во форумот сакам да им кажам дека тие одбрале да ја делат судбината со нас а не ние со нив. Вие браќа албанци имате шанса да се преселите во Албанија или на Косово доколку од таму побрзо ќе стигнете во ЕУ или во НАТО, но промена на името нема да има.
Од: graganin
Датум: 10.09.2008 14:08:06
Lesno Vi e na Vas od Viena da go poddrzuvate i da se soglasuvate. Dojdete tuka da ziveete
Од: Razocaran
Да��ум: 10.09.2008 14:10:37
Na site ni stanuva veke jasno za kogo glasavme I sto izglasavme na poslednive izbori.So eden zbor kazano,podobro I da ne se sluceja od 2 pricini: 1) ne oddalecija od EU 2) namesto da si odat vo 2010g,sega ke treba da gi cekame da si odat duri vo 2012,sto znacI deka dotogas ovaj narod nema nikakvi perspektivi.Kako da bese vcera reklamata vo koja opozicijata ne ubeduvase deka posle 1vi juni nema kaenje,togas poveketo Vmrovci(megu koi i jas) se ismejavavme na taa reklama,ama denes namesto da se ismejavam,poleka svakam deka toa ne bilo samo obicna reklama,tuku toa e vistinata koja samo posle samo 3 meseci od pobedata na prerodbenicite ja svakame kako gorcliva vistina.Posle ova izoliranje od cel citav svet koe sto ni go napravija "prerodbenicite",i posle ovaj ekonomski kolaps koj bese najavuvan kako prerodba vo 100 cekori,jasno ni e deka nie ne bevme 500.000 glasacI,tuku bevme 500.000 izmameni !!!
Од: andre
Датум: 10.09.2008 14:16:06
ako Grujo napravil se zosto vladata nese grizi za gradjaninot koj mizeruva?zosto ako nemas da platis za levenje treba da umres?zosto skopje edinsten 1/2milonski grad vo evropa nema dom za nega na iznemosteni strari,dom za hendikepirani i posebni zivealista za invalidi?zosto cigani pocnaa da ziveat kako cergari pokraj vardar?zosto nikakvi vrabotuvanja?zosto sociala 750den?ova li se reformi za vlez vo EU?Grujo e najgolemiot promasaj za mak vo poslednite 18godini ja vodi mak vo polos standard odosto crvenko,ljupceto,kljuse,gligorce...grujo e super glumec nisto drugo....no na l..... nozete se kratki...no za zal ce pominat uste 4prazni godini......
Од: gragjanin
Датум: 10.09.2008 14:36:42
Prvo. Svetot se obedinuva vo eksperimentot za dokazhuvanje na postanokot na Univerzumot a nie sme mozhele sami i izolirani da zhiveeme? Dali toa znachi deka nie Makedoncite sme nekoj izoliran entitet ushte od pred sozdavanjeto na svetot? Vtoro.Kako mozhe Premierot javno da PRIZNAVA deka ne e sposoben da reshi problem, vo sluchajot mnooooogu vazhen za opstanokot na drzhavata, problemot so megjunarodnoto ime, i NIKOJ da ne reagira i da mu kazhe deka ako ne mozhe da reshava problemi treba da si odi! Toj duri bara odobruvanje i aplauzi od narodot!? Za shto gi birame politicharite? Za da ni raskazhuvaat prikazni ili za da reshavaat problemi? Ako e za prikazni togash ima kvalifikuvani lugje, glumci, na koi toa im e rabota i mnogu podobro znaat da te omajuvaat so skazni. Ne mi se veruva, Premier da izleze i da kazhe: me kochat i zatoa jas ne mozham da reshavam problemi!!! I da dobie aplauz!?
Од: MK
Датум: 10.09.2008 14:49:21
Abe Dosta Gi SlusavmeTiaa "EKSPERTI" Koj Se Tia. Samo Da Kritikuvaat. Nie Go Kazavme Naseto Koga Go Izbravme. Napred GRUJO
Од: Българин
Датум: 10.09.2008 14:49:23
Да живей Македония - най-близката сестра на България! Ние сме с вас!
Од: sandra
Датум: 10.09.2008 15:39:48
Bravo za Grujo samo toj ja gleda realnosta i ima srce da mu ja kaze na narodot vistinata.Toa e ona vistinskoto a ne kako Rada i kompanija da obekat i ona sto e nevozmozno.A onie koi ne se cuvstvuvaat dobro vo R.Makedonija koi tezneat za EU ili NATO integracii (albanci,srbi,turci ili makedonci) slobodno neka si zaminat vo svoite drzavi pa neka se integrirat vo EU. taka ke si dobieme cista etnicka drzava i bez kodosi. pozz
Од: ivana
Датум: 10.09.2008 15:52:18
Sakam da gi prasham tie shto ne se soglasuvaat so Gruevski, kakva strategija imaat tie i dali se svesni deka za da vlezeme vo EU i NATO treba da si go smenime imeto i da ne se vikame Makedonija tuku nekoe slozeno ime? (i toa samo zatoa shto Grcija taka saka!!!) me interesira dali site shto se za vlez vo EU se spremni da si go prodadat imeto? ili voopshto kakvo reshenie predlagaat za vlez vo unijata?
Од: Molitel
Датум: 10.09.2008 16:15:16
Го молам гдинот премиер да престане да не труе со неговите политики,а исѕо така и неговите вмровчиња задолжени за плукање по медиумите по се што не е вмровско и го молам да објасни -Каде се инвестициите што ги најавуваше и од кои божем ке ни здосадеше слушајки за ново инвестиции на телевизија -Да го извади Ставревски од глувчовата дупка и да отиде во Струмица да провери кои се цените на земјоделските производи -Да го испрати Горчев на фризер а потоа да отиде и на лозарите да им каже зошто е таа цената на гроизјето -Да објасни зошто струјат ја покажи -само- 16% -Да се симне помегу народот и да им каже на земјоделците колку им даде стимулации а колку -малку- ке платат персонален данок -Колку луге во Македонија живеат на работ на сиромаштија колку пари даде за реклама и колку има ефект од нив. -Да направи кампања да живее Грујо те Пиниче
Од: Peta,Germanija
Датум: 10.09.2008 17:02:20
G.- Gruevski! imate podrska za socuvanjeto na naseto vekovno Ime Makedonija, od site Makedonski Gragani od Dijasporata!
Од: Dr. med. Krste pop-Stefanija
Датум: 10.09.2008 17:33:45
Груевски со последните два нАСТАПИ ДОКАЖА ДЕКА Е ЅРЕЛ ДРЖАВНИКЕМ КВАЗИ ДРЌЖАВНИКОТ бц. Треба да му чисти кондури,или подобро речено;нозете да му ги мие водата да му ја пие. крсте попстефанија
Од: verag
Датум: 10.09.2008 17:34:53
Kako [to veli Guevski,nie Makedoncite sme posebna solta i sakame soja джава. А како што рече Ивица боцевски,името ни е се што имаме. Од тоа и се плашам,дека само името ќе го имаме,а нашите деца и внуци и понатаму ќе живеат полошо одколку со "комуњарите".
Од: Анета
Датум: 10.09.2008 17:39:36
Отидов Фолтин,Суперхикс и Кирил да ги слушам...ама некако заспав на говоранциите!Некој го излажал премиерот дека неговото гугање е помилозвучно од музиката на (дел)од нашите најдобри групи. Мислам, нека се појави културно и нека каже фала што дојдовте на настан организиран од ваши пари,среќен празник ,да живее Македонија и толку. Целиот говор беше невкусен ама најневкусен момент ми беше спомнување на Грција на прослава на македонски национален празник...Ко Хитлер со Евреите..Сегде ги спомнуваат.На тој начин се добиваат поени од масата.
Од: Трпе
Датум: 10.09.2008 18:15:02
Да живее Македонија.Да живее идолот на румускиот сопцијализам.Да живее Николај.Бугарскиот не го спомннувам беше болји.
Од: Загрижен
Датум: 10.09.2008 20:57:41
Сето ова со груевата реторика ме плаши. Секоја различна мисла се обележува како непатриотска, се зголемува обемот на прислушкување, а новите закони му ги шепка Богородица на сон. Што ли ќе се случува во наредните години? А дијаспорците кои толку силно се лупаат во гради по Грујо и ВМРО место да лајат од своите сигурност во Австралија и Канада нека дојдат да живеат тука и да видат што навистина се случува. Маргиналците и медиокритетите стануваат главни фаци, а интелектуалците ќутат... Зарем така не започнува секој тоталитарен режим?
Од: strumicanec
Датум: 10.09.2008 23:18:04
abe blaze , ti amnezija da nemas ? kakov ohridski dogovor i SDSM , abe koj bese togas na vlast ??? koj ni ja napravi vojnata ??? VMRO !!!! koga i da e VMRO na vlast zemjava e vo raspad ! ako nekoj ja prodade drzavata toa se vasiot ljuBco - koj otvoreno barase ( dodeka bese premier ejjjj !!! ) podelba na makedonija , i sega crni grujo koj ne butka vo izolacija !!! otvorete gi ednas veke ocite , dosta pri oci se pravevte slepi dragi moi VMROvci
Од: Srradalnik
Датум: 10.09.2008 23:59:40
Dobro e sto citacot Albanec veli deka i tie sakaat da vlezeme vo EU. No tamu ne se vleguva so svest deka vozovite se opasnost i treba da se kamenuvaat i problemite da se resavaat so oruzje.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Пораките на Груевски
Мики Рурк
Зденко
Светот го сака Обама за претседател
Најтопол септември во последниот половина век
Петре Бакевски е добитник на наградата „Григор Прличев“
Шкотите во Скопје
Брод на суво море
Нимиц ќе предложи ново решение за името
Училиштата ги затворија вратите за инвалидизираните деца
Просечна туристичка сезона во Охрид
Вербатим
Карикатура