Брoj 2783  среда, 10 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Шкотите во Скопје

Наум Котевски

Една слика вреди илјада збора - е старата кинеска мудрост што го антиципира жалниот портрет на шкотските навивачи кои со своите гајди останаа, немајќи доволно воздух од шокот, да си потсвирнуваат фалш пред „Софка“, наместо да ја свират својата традиционална музика на трибините од Градскиот стадион, за што минаа илјадници километри.

Како убиствена последна четка на таа лоша слика, очекувано дојдоа и зборовите пласирани од медиумите на Островот со кои беше пратена неубава порака низ светот дека „Скопје не им кажа добредојде на добронамерните Шкоти“.

На сето ова ФФМ одговори дека работела според правилата на ФИФА и во таа насока биле обезбедени 1.000 влезници за гостинските навивачи за источната трибина, кои навремено биле доставени до Шкотската федерација.

Тоа се факти кон кои се држат ФФМ и полицијата, но на сите им е јасно дека овие две институции сестрински терцираа, пеејќи некаков антифон, на звуците на синтисајзерот на германскиот бизнисмен Дирк Виезнан, посредникот во аферата со препродажба на влезници за Јужната трибина за шкотските навивачи.

ФФМ сакаше да остане со чист образ, тоа и го направи, но дефинитивно ќе беше во таква состојба и ако ја фатеше попрагматичната насока. Можеше брзо да се одговори на искрените молби на Шкотите со пренасочување на нивните навивачи на Источната трибина, која не беше исполнета до крај, или со креирање посебен обезбеден пункт на Јужната, со цел сето ова да не се претвори во кошмарен крај на едно македонско-шкотско величествено дружење. Шкотите за неколку дена со својата веселост во Скопје оставија околу 1,3 милиони евра и заслужија да се најдат на трибините. Ако некој претходно ги излажал, тоа не значи дека не можеше да се најде решение.


Статијата е прочитана 1811 пати.

Испрати коментар

Од: Skopje
Датум: 10.09.2008 01:19:34
Navistina bedno i sramno e sto nasite dozvolia da se sluci vakov SRAM. Sto i da se slucilo so kartite nadleznite trebase da imaat sluh i pocit kon Skotite koj navistina bea dostoinastveni i prijatelski raspolozeni i odma pod hitno trebase da prevzemat prijatelaski merki i da gi smestat navivacite na tribinite. Skotite ne zasluzija da bidat taka tretirani. Tie sepak pokazaa besprekoren prijatelski odnos kon Makedonija. NAVISTINA ZALNO.
Од: Dejan
Датум: 10.09.2008 10:48:17
Skotite bea velicestveni navivaci koi samo mozea da ni bidat primer kako se bodri nacionalnata selekcija megutoa nasata organizacija na natprevarot e primer kako ne treba da se podreduvaat rabotite odnosno organizacijata od strana na ffm . Frazite od tipot mozese,trebalo se veke minato...Uste edna zalna slika za nasata Makedonija vo svetot,mala gorcina od slatkata pobeda!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Пораките на Груевски
Мики Рурк
Зденко
Реториката на Груевски ја изненади јавноста
Светот го сака Обама за претседател
Најтопол септември во последниот половина век
Петре Бакевски е добитник на наградата „Григор Прличев“
Брод на суво море
Нимиц ќе предложи ново решение за името
Училиштата ги затворија вратите за инвалидизираните деца
Просечна туристичка сезона во Охрид
Вербатим
Карикатура