Засилена Комисијата за заштита на конкуренцијата
Комисијата за заштита на конкуренцијата добива нови ингеренции. Таа сама без суд ќе санкционира компании за кои утврдила дека имаат монопол на пазарот. Досега решенијата на Комисијата не беа правосилни.
Владата го смени Законот за работа на Комисијата за да го усогласи со европското законодавство. „Доколку се констатира дека некој договор во иднина значи нарушување на пазарот, тој ќе може во согласност со законот да се прогласи за ништовен. Значи, со ова се намалуваат мотивите на оние што сакаат да ја злоупотребат позицијата на пазарот, односно се подобрува климата за конкуренцијата во Македонија и за еднакви права на сите стопански субјекти“, изјави Фатмир Бесими, министер за екон��мија. (Ек.Р.) |