Број 3375  сабота, 04 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Економија

Словачка бара банкрот за презадолжените земји

„Прекумерно задолжените држави би требало да бидат принудени да банкротираат, а не да се спасуваат“, изјави премиерката на Словачка, Ивета Радичова, за „Волстрит журнал“.

Таа смета дека спасоносниот фонд на еврозоната најверојатно ќе предизвика повеќе проблеми, место да ги реши. Словачка годинава одби да учествува во заемот од вкупно 110 милијарди евра за презадолжената Грција, потсетува весникот. Братислава требаше да и' зајми на Грција 817,85 милиони евра, но словачкиот парламент одби да усвои таква мерка, иако одобри Словачка да се вклучи во спасоносниот фонд на еврозоната. Радичова повика на промени во институциите на ЕУ за да се спречат слични кризи како во Грција.

Еврозоната треба, според неа, да направи редовна стечајна постапка за државите кои не се способни да ги отплатуваат своите долгови.

Весникот ја означи како „невообичаено груба“ изјавата на еврокомесарот Оли Рен, кој по одлуката на словачкиот парламент наведе дека може само да жали за кршењето на солидарноста во еврозоната.

„Волстрит журнал“, повикувајќи се на аналитичари, напомна дека Словачка, како сиромашна држава, заговара цврсто постапување спрема Грција, бидејќи словачките банки, за разлика од германските и од француските, не се во Грција значајно финансиски ангажирани. Француските и германските банки, како што е наведено, имаат милијарди евра во грчки обврзници. (МИА)


#
Статијата е прочитана 981 пати.

Испрати коментар

Од: Komentator
Датум: 05.09.2010 12:03:23
Bravo ...Radiceva...samo koj te slusa...ne saka EU da prizna deka i se nisat --kolenicite...!!!

Најди! во Утрински
Економија
Засилена Комисијата за заштита на конкуренцијата
Мелничарите биле виновни за скапото брашно
„Фејсбук“ ги мами врабо��ените, шефовите не го сакаат
Специјална агенција ќе ги снима европските банки
Лозарите ќе блокираат сообраќајници, визби...
Расте албанскиот трговски дефицит
Монетарците поголеми оптимисти од Папандреу
„Бургер кинг“ продаден за 3,26 милијарди долари
Балканските земји последни ќе излезат од кризата