Балканските земји последни ќе излезат од кризата
Глобалната економска криза подоцна ги зафати балканските земји, кои сега последни и полека излегуваат од неа, пишува лондонскиот весник „Фајненшел тајмс“. Повикувајќи се на мислењето на еден експерт за европска економија, весникот посочи дека балканските држави, за разлика од Централна Европа, што е тесно поврзана со Германија, повеќе зависат од Грција и од Италија, директно во трго��ските односи, а и индиректно преку нивната сопственост на банките.
Економијата на Велика Британија е подобра од таа Америка, а економските индикатори се многу добри и за Полска, Турција и за Русија, иако економијата на земјата почувствува последици од неодамнешната суша и пожарите.
Економскиот раст во земјите на ЕУ е значително зголемен во тримесечниот период до јуни, додека најновите бројки покажуваат дека невработеноста во ЕУ не е зголемена од февруари, иако таа останува на високо ниво од речиси 10 проценти. Се предвидува дека овој тренд ќе продолжи до крајот на годината. (Ек.Р.) |