Мелничарите биле виновни за скапото брашно
Пекарите ги обвинуваат мелничарите дека тие се виновни за скапото брашно во земјава. Претставници на Занаетчиската комора од Секцијата на пекари вчера имаа средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, на која го информирале дека мелничката индустрија, од каде што го набавуваат брашното за производство на леб и печива, секојдневно ја зголемувала цената на брашното.
Според пекарите, односот на мелничарите е некоректен и неосновано ја зголемуваат цената на брашното. Поради тоа, тие побараа да се укине или да се преиспита одлуката за врзување на увозот на брашното со откупот на домашна пченица.
Министерот Димовски истакнал дека нивните забелешки ќе бидат вградени во информацијата што треба да се разгледува на владината седница до 15 септември годинава и оти врз база на анализите и информациите ќе се преземат и соодветни мерки. (Ек.Р.) |