„Бургер кинг“ продаден за 3,26 милијарди долари
Компанијата „3-Г капитал“, инвестициска фирма со јаки позиции во Латинска Америка, ја купи компанијата „Бургер кинг холдингс инк“ за 3,26 милијарди долари. Претседателот на компанијата, Џон Чидси, изјави дека продажбата ќе придонесе за уште побрзо ширење на синџирот ресторани за брза храна надвор од САД. Тој истакн�� дека продажбата на акциите за 24 долари по акција, освен пари, носи искуство и врски во странство што ги има „3-Г капитал“. Во минатата година 90 отсто од новите ресторани на „Бургер кинг“ се отворени надвор од САД. (МИА) |