Број 3375  сабота, 04 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Економија

Монетарците поголеми оптимисти од Папандреу

Атина - Меѓународниот монетарен фонд и грчкиот премиер Јоргос Папандреу имаат различни ставови за тоа колкави се ризиците за банкрот на Грција. И додека Папандреу стравува, монетарците се убедени дека Грција нема да банкротира. Грчкиот весник „Етнос“ вчера го објави извештајот на ММФ, во кој четворица економисти, кои се ав��ори на извештајот, наведуваат дека инвеститорите ја прецениле опасноста од банкрот, со која се соочени развиените земји со прекумерно високи дефицити и долгови, вклучувајќи ја и Грција. „Дури Грција и да прогласи банкрот, тој нема да има смисла, бидејќи не е адресиран до пазарите и не е поврзан со нејзиното кредитирање“, тврдат економистите.

Еден од економистите, Паоло Мауро, смета дека опасноста од банкрот во Европа е преценета во овој момент. Тој ги критикува аналитичарите од американската банка Сити груп, кои во мај предвидоа дека Грција со сигурност ќе ги запре плаќањата или ќе го реструктуира долгот.

Тој смета дека за последните 30 години, многу земји, како Грција, чиј долг изнесува 150 отсто од БДП, применувале слични програми за буџетско закрепнување и успеале да се справат со кризата без да прогласат банкрот.

Но, дури Грција и да прогласи банкрот, тоа не значи ништо, бидејќи таа не е должна да излезе на пазарите за три години и поради тоа ќе има време да ја врати довербата на инвеститорите, проценува економистот од ММФ.

За разлика од економистите на ММФ, грчкиот премиер не е то��ку голем оптимист и се' уште стравува дека не е целосно надмината опасноста од банкрот на неговата земја. „Опасноста од банкрот на Грција не е целосно помината, иако во поголем дел е избегната“, изјави вчера Јоргос Папандреу на средбата со социјалните партнери.

Папандреу повика на општонародни напори за да бидат извршени промени во земјата, бидејќи, според него, „земјата не може да биде променета само од 15-20 министри“. „Дилемата ни е да ја промениме или да не ја промениме земјата“, рече Папандреу, истакнувајќи дека болната точка во Грција е државата, и оти државниот апарат е оној што не функционира правилно, најмногу по вина на политичарите.

Папандреу повика на радикално реструктурирање на сите сектори во општеството и во економијата и истакна дека е неопходно со заеднички напори на нацијата да се постигне заеднички договор.

Грчкиот премиер додаде дека Грција треба да ги развие своите предности, кои ги има во секторите, како што се туризмот и земјоделството, а оти е неопходно да се промени и нивниот модел на управување. (МИА)


#
Статијата е прочитана 558 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Засилена Комисијата за заштита на конкуренцијата
Мелничарите биле виновни за скапото брашно
„Фејсбук“ ги мами вработените, шефовите не го сакаат
Специјална агенција ќе ги снима европските банки
Лозарите ќе блокираат сообраќајници, визби...
Расте албанскиот трговски дефицит
„Бургер кинг“ продаден за 3,26 милијарди долари
Словачка бара банкрот за презадолжените земји
Балканските земји последни ќе излезат од кризата