Број 3150  среда, 02 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Долгови се трупаат - државата пак се задолжи со нови 52 милиона евра

Сосема е сигурно дека на властите им се потребни пари за да ги исплатат платите за административците и пензиите

Александрија Стевковска


Владата вчера повторно се задолжи со нови 51,7 милиони евра, преку аукција на тримесечни државни записи со евроклаузула. Каматната стапка на записите е 5,3 отсто, а датумот на нивно достасување е 3 март 2010 година.

Во сопственичката структура на тримесечните државни записи со девизна клаузула емитувани вчера, банките учествуваат со 84,24отсто, додека клиентите со 15,76 отсто.

Од овие пари што државата ги прибра вчера, веќе денеска треба да врати 31,8 милиони евра преку исплата на државните хартии од вредност кои достасуваат, што значи дека ќе и' останат слободни околу 21 милион евра.

Понудата на тримесечни записи се прави на почеток на месецот, практика што се случува со месеци, а која се прави заради покривање на тековните трошоци, поточно исплата на плати и пензии, која треба да следи деновиве.

Инаку, симптоматичен е и фактот што во проспектот за оваа аукција беше најавено дека државата ќе понуди записи во вредност од околу 40 милиони евра, за потоа, на крајот на аукцијата да излезе дека биле понудени, односно државата се задолжила со 52 милиона евра, што значи дека за дури 12 милиони евра ја надминала претходно најавената квота.

Министерот за финансии, Зоран Ставрески вчера призна дека продажбата на записите е заради финансирање на буџетскиот дефицит.

„Аукциите на државните записи е еден од начините за финансирање на буџетскиот дефицит и се користат за покривање капитални инвестиции, како и за покривање на останатите расходи во буџетот“, изјави вчера Ставрески.

Оваа аукција, со која државата се задолжува кај банките и ги истиснува парите од стопанството, се случува истиот ден кога министерот за финансии изрази надеж дека НБМ ќе истапи со похрабро намалување на основната камата заради заживување на кредитниот раст.

Останува енигма зошто Министерството за финансии на веб-страницата веќе не ги најавува аукциите, како што тоа беше случај заклучно со третиот квартал на годинава, па за аукциите за овој и за претходниот месец, едноставно нема календар.


#
Статијата е прочитана 1453 пати.

Испрати коментар

Од: Robert
Датум: 02.12.2009 00:08:11
Epa od kade pari za nekoj inspektor koj do pred 2-3 god imal plata od 16-17000 den. a sega ima plata od 60000 , plus procent od pisanite kazni ? Drzavata od kaznite mozebi sobrala samo 1 milion evra ,no od stravot od kazni sobira mnogu poveke.Taka da luge i firmi plakaat i sto treba i sto netreba.Novi danoci, novi davacki.Kako na primer, zemjodelec zaradi nivata da plaka tv pretplata.
Од: Од Граѓанин
Датум: 02.12.2009 00:12:42
Како граѓанин на оваа држава ме интересира да каже владата,онака собрана на купче цела на чело со Гујивски,што се случува со задолжувањето на државата? Зошто на владата не и достасуваат пари за трошење? Мисли ли владата дека тие долгови треба да се враќаат?Кој ќе ги враќа долговите што оваа в ласт ги прави на сметка на овој народ? и т.н,и т.н. до кога мисли оваа коалиција да владе со државата со задолжување, нели ќе правеше економски бум во сто чекори.Н акрајот се гледа дека нее способна да води држава,треба да има доблес да си поднесе оставка.
Од: Boban
Датум: 02.12.2009 04:08:13
Koi i kakvi kapitalni investici crniStavre(vski)... Za kakvi jadni investicii zboruvas bre ...eeej ???Zarem penziite i platite se investicii ...pa dosta go lazevte ovoj narod ....Vo crno ne zavivte ...samo stop narodot ne e seuste svesen ,koga ke se osvesti ke mu bide docna ....Velis da se ohrabri Gosev i uste povece da ja namali ref. kamatna stapka ...pa kako koga vie (vladata ) direktno i toa na prviot cekor mu stavate sopki .... Ne opva e navistina strasno ,a posledicite ke bidat postrasni od osto mozeme i da gi zamislime ...sekako ne za vas (vladata i bliski do vlasta ) ami za narodot ....Bog neka ni e na pomos!
Од: jovan
Датум: 02.12.2009 08:22:31
i ponatamu li ke se nadevate deka kamatite na kreditite ke pagaat?
Од: mirko
Датум: 02.12.2009 08:28:52
bravo grujo samo taka ti si najuspesniot premier na svetot.......nema potreba da go menuvame imeto vo sporot so grcija...kako si trgnal uste nekoj mesec nie ke nemame drzava ja prodade drzavata naraati nesreko edna izgleda na kursot po ekonomija koj go posetuvase vo prilep mnogu ubavo te naucile kako se prodava drzava vo 100 raati.....makedoncive gluvo i slepo ti veruvaat zasto?????????????
Од: zabegan.
Датум: 02.12.2009 09:10:51
АЈ несе бунете НАРОДЕ,Нели ГВУЈО обеќа 8 милиарди евра инвестици.Па нели и ова ЗАДОЛЖУВАЈНЕ е инвестиција. Глупо си бе МАКЕДОНЧЕ и ќе си останеш???.Кога му веруваш на секого.
Од: Јас-не-јадам-корења
Датум: 02.12.2009 10:45:22
Допрва доаѓаат задолжувањата! Допрва доаѓа јадењето керења. Ако, ОВИЕ, продолжат вака, и корења ќе нема за сите. Па, најзадоволните, оние кои го прават рејтингот (не оние со џиповите...), ќе можат да уживаат во резултатот на својот избор, да има само за нив корења. За останатите, ниту тоа.
Од: eden
Датум: 02.12.2009 11:20:24
nesto gi nema tuka "dedo dimo", "feliks", "nacional patriot" itn :)))
Од: dfg
Датум: 02.12.2009 12:02:43
bravo alal da ti e mislam fenomenalno ja vodis drzavata. Dobro de majkata ja prodade drzavata ne ostana mesto sto ne prodade koj ke gi vrati tie dolgovi moite pravnuci li ... A sto se odnesuva do nas kritikata samo ni e ostanata ....
Од: dimce veles
Датум: 02.12.2009 13:22:13
ajde raspisuj izbori pa da ti kazam kako mislam za politikava sto ni ja nametnuvas so sila ne ve glasam pa i da me otepate ne im se plasam veke ni na dpmne ni na gruevski od deneska ne me strav veke od naemnicite koj seat strav na dpmne i na gruevski ...
Од: kris
Датум: 02.12.2009 13:32:33
Остварувамееее..... ќе речат на ова глупавите ВМРО-вчички..........
Од: Трпе
Датум: 02.12.2009 14:26:39
Никако да свати,нашата ЕПП блада на чело со мистер Рејтинг , дека со лага Ага не се бидува.Но никако да сватат и нивните подржувачи кои еден дел се лажни патриоти кои го заведуват обичниот граганин кој информаците ѓи добиват само од пред селското гранапче.Ова блада ќе ги презадолжи и нашите внуци.Дали некој гледа какво ни е здравството.Лугето од дома си носат постелнина а за лековите да не стане збор.Инфузијата им е основното средство во болниците.Дали мониторите во училиштата ќе ги направат учениците по образовани.Дали дупките по патиштата ќе подобрат нешто.Дали арачот кој го собира МВР од вадење на нови документи или од казните.Само господ да не чува и брани од ваква блада.
Од: помодрен плавец
Датум: 02.12.2009 15:28:26
Добро, бре, па што е ова? Портокаловите портокали никаде ги нема да коментираат за оваа тема! Што, зарем оваа “комуњаркава“ новинарка не измислува нешто што Ставревски не го рекол??? Па, убаво си кажа портокалот, кој себе си се нарекува министер за финансии, ќе имало инвестиции!!! Ама, не кажува дека ќе инвестира во џебовите на портокаловите портокали!!! Само, повеќе од сигурно е дека на крај ќе добијат крива краставица! И тоа ПОЖОЛТЕНА со семки!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Албанците - нивното минато, потеклото и обичаите (11)
Зденко
Изборни бањи
ЕПП - битка за македонското прашање
Холандија ќе не' спасува со вакцини
Исправена неправда
Баросо чека добра вест од Груевски
Економски патриоти и предавници
„Златната топка“ за волшебникот Меси
Невообичаени жртви
Трагедија во Слатино, Охридско - со камења ја отепал мајка си