Број 3150  среда, 02 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Баросо чека добра вест од Груевски

Прва средба на премиерот со шефот на Европската комисија

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

Брисел - Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, денес првпат ќе се сретне со премиерот Никола Груевски, а фактот дека во пренатрупаната агенда оддели половина час за нашиот премиер значи дека очекува да биде сфатен и награден со добра вест од Македонија.

Баросо на разговори со Груевски доаѓа практично од Пекинг, каде што изминатите денови беше во работна посета и заедно со Рен се подготвени повеќе да слушаат, но и да упатат неколку пораки. Според она што се дознава од ЕУ, Баросо сака успешен прв самит со Лисабонскиот договор, па добрата вест од нашиот премиер би му помогнала да дојде до таа цел.

„Фактот дека во овој период, кога сака успешен самит, Баросо најде термин во календарот да го прими вашиот премиер треба да значи дека очекува Груевски да му даде нешто корисно“, порачуваат извори од Брисел. Според нив, ќе биде целосно неразбирливо за Баросо и за Рен доколку двајцата лидери и премиери не ја искористат можноста што е пред нив околу датумот за преговори и решавањето на спорот за името. Се надеваме дека двајцата ќе ја преземат одговорноста, порачуваат тие , јасно посочувајќи дека од Груевски се чека добра вест, но и добра волја од Јоргос Папандреу.

Овде ја отфрлаат можноста со Лисабонскиот договор да се смени нешто во процедурата околу донесувањето на одлуката за Македонија со зборовите „заборавете на тоа, ништо нема да се случи различно отколку досега“.

Премиерот Груевски ќе се сретне со Баросо и со Рен попладнето, по што ќе имаат заедничка прес-конференција. Претходно Груевски ќе учествува на европски молитвен појадок, а од Брисел ќе замине во посета на Финска. Речиси редовно правило е македонскиот премиер да ги остварува средбите во Брисел во четири очи, па се очекува оваа да биде во тој манир, иако овојпат, всушност, е во шест очи.


#
Статијата е прочитана 1947 пати.

Испрати коментар

Од: dedo dimo
Датум: 02.12.2009 07:10:33
Premierot Gruevski se sretnuva so Baroso a shto da im kazi .Nie ne sne MAKEDONCI i imeto ke go smenime ?.Golema glupost da se ochekuva takvo neshto ,toa e ne mozno i taa zelba nivna i na Grcite nikogash nema da se ostvari.Premierot ili predsedatelot ili parlamentot ne mozat i ne smeat takvo neshto da pravat .toa e narodno I narodot mora da odluchuva .Baroso i Ren kako EU lideri trba na Grcija da i kazat - takvo neshto e ne vozmozno i da e postavat vo linija so drugite zemji chlenki na EU ili da e iskluchat.Smeshno e na nekoj da mu nareduvash kako da se vika Toa e diktiranje na sila deka e chlenka na EU .VO EU krajno e vreme da se PROBUDAT i da stavat kraj na ovaj Fashistichki akt od strana na Grcija.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 02.12.2009 07:34:19
Г-динот Баросо беше вчера ,,награден,, со ептен ,,кооперативниот однос,, од страна на премиерот на соседот.Незнам што се очекува од денешната средба кога мислам да е илузорна после повторното презентирање на негацијата кон идентитетот и јазикот кон нас како народ.Ако се сака да се чуе дали имаме воља за продолжување на разговорите имаме имаме,но ако врши притисок да се откажеме од тоа што бара соседот е тука не малу него ептен големо,,morgen,,.Подобро е да го викне спасителот на помодрените таму може да најде користен соговорник.
Од: ajde dosta lazenje
Датум: 02.12.2009 08:17:50
A sto ke ceka Baroso od Grujo koga i samiot Baroso znae deka imeto e veke smeneto, samo e prasanje na vreme koga i javno toa Grujo ke go kaze. A do togas ke glumi demek pregovori. Sega na 7-mi ke odglumat demek "ne go dava" imeto i ke glumi "patriot" a malku podocna najkasno do Mart ke izleze i ke go zamajuva narodot deka ete demek uspel sve da spasi i identitet i jazik i ustav i sve..... ama demek so dodavka na imeto e demek nisto nema da izgubime. Ajde be sve e ova finta na Grujo za da go zataska predavstvoto pred narodot i demek da izleze pobednik.
Од: И Македонија е Eвропа
Датум: 02.12.2009 08:51:26
Претседателот на Европската комисија, во случајов господинот Баросо, има обврска да се среќава со првите луѓе на земјите членки на Унијата, како и со премиерите на земјите кандидати, како во нашиот случај. Затоа не треба да го превреднувате негово време и дека во многу згусната агенда нашол половина час да се сретне со нашиот премиер. Ако е вистински претседател на Комисијата и ако не е оптеретен со одредени комплекси, тогаш со Груевски треба да разговара, ако треба, и половина ден. Со тоа и практично, а не само декларативно, ќе покаже дека е сериозно посветен на отстранувањето на ирационалните пречки за влез на Република Македонија во Европската унија.
Од: Do: Dedo Dimo
Датум: 02.12.2009 08:55:17
Dedo, aj glej si vnicinjata i ne tresi gluposti. Ili ako vekje moras, bar nauci da pisuvas pravilno.....
Од: Коста Стоименовски
Датум: 02.12.2009 09:13:01
Целосно се согласувам со „Ајде доста лажење“! Сега се бара одложување на дефинитивното решение со цел да се „исперат мозоците“ на луѓето, но сега во обратна насока! Претстои безмилосно и бескрупулозно „купување“ на медиуми, новинари, колумнисти, активисти на НВО, па и на влијателни „предавници“ и оние кои не се согласуваат со актуелната влада! Тоа го тврдам на основа на некои сопствени впечатоци во врска со некои медиуми, кои одбиваат да печатат написи кои се критички настроени спрема власта!!!
Од: Велимир Цвејиќ
Датум: 02.12.2009 09:44:15
За "дедо димо", Вашата рекација сосема јасно ја откри какав одговор очекува новинарката Јовановска од премиерот Груевски да му даде на Баросо, иако тој не очекува да добие таков одговр. Но, на повеќето македонски новинари, со години забулдени од познатите политичари што ја доведоа Македонија на оваа дереѓе, кои за срешќа сега се во опозиција, барат како било да се нарекуваат Македонци, само тие да можат да продолжаат да го уживаат животот, покрај 700.000 сиромашни од кои половина со недоволно храна.
Од: men
Датум: 02.12.2009 10:27:50
Gruevski ke mu prenese na Baroso deka ako Makedonija ne gi pocne pregovorite togas nama vise da bide vozmozno da e najde resenie so Grcija t.e ke se prekinat pregovorite. Zato ke dobieme datum za pregovori.
Од: MKD_ka
Датум: 02.12.2009 10:32:13
БРАВО ДЕДО ДИМО, искрена почит мудар и честит Македонецу, дедо на сите Македонци и мој сакан сонароднику. Кој не ги почитува постарите и помудрите, не ја почитува ни земјата во која живее, ни народот кој со крв, мака, пот и солзи ни го оставил во аманет тоа што ние го имаме денес. МАКЕДОНИЈА Е НАША МАЈКА, било така од секогаш, е и ќе биде така се додека има Македонци на Земјата. Да се биде Македонец е ПРИВИЛЕГИЈА и одговорност. Поздрав до сите Македонци, каде и да се!!! СТОП за преговорите за промена на името!!!
Од: dragi
Датум: 02.12.2009 10:36:20
Ovoj Baroso ja zastapuva Grckata pozicija -on e pogolem grk i od Papandreu - Portugalija i Grcija tie se dvete zemji kako nerazvieni najmnogu pari dobija -profitira od evropa - zatoa mnogu ne se nadevajte na ovoj covek.
Од: antibiotik
Датум: 02.12.2009 14:21:29
Za Kosta,ako ste vie diplomatot od VMRO,kao go objasnuvate faktot deka deka Baroso prv pat go prima Gruj.posle tolku vreme vladenje na VMRO,najverovatno ke kazete deka na sakla da mu odzema od dragocenoto reformatorsko vreme na Gruj.Toa e poraka i toa golema,zemja kandidat, a jas ne go primama nejziniot premier.Tolku e cenet i pocituvan nadvor,a za ovcive ovde............
Од: evropa
Датум: 02.12.2009 14:48:21
mi se gadi od komentarite edno bogatasi dr naviknale da trpat ama ima makedonec koj saka da zivee kako covek i se najedvam nema grujo da ja prokocka sansata da vlezeme vo eu toa nee promena nego pridavka a kako ze zivee vo mak i tunguzija da ne krstat treba da bideme radosni.
Од: skrieno ime
Датум: 02.12.2009 17:18:39
kakviste vie politicari nikaveci edni

Најди! во Утрински
Насловна
Албанците - нивното минато, потеклото и обичаите (11)
Зденко
Изборни бањи
ЕПП - битка за македонското прашање
Холандија ќе не' спасува со вакцини
Исправена неправда
Економски патриоти и предавници
„Златната топка“ за волшебникот Меси
Долгови се трупаат - државата пак се задолжи со нови 52 милиона евра
Невообичаени жртви
Трагедија во Слатино, Охридско - со камења ја отепал мајка си