Број 3493  сабота, 29 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Шарпланинскиот куп ќе се одржи на 26 и на 27 февруари

Испратени покани за учество до сите европски скијачки Федерации

Миодраг Мицковиќ



Една од најголемите спортски манифестации што годинава ќе се одржат во Македонија, традиционалниот, 38. Шарпланински куп програмата е една недела порано од досегашните термини - на 26 и 27 февруари за да се овозможи на повеќе квалитетни скијачи за да можат да се појават на патеките Езерино и Орлова на Попова Шапка во борба за трофејот победник на Купот. Веќе неколку месеци, како што не' извести претседателот на Организацискиот одбор, Димитар Танурковски, траат подготовки за оваа најголема скијачка манифестација во Македонија. Испратени се покани до речиси сите скијачки федерации во Европа, до федерациите на САД и на Канада, така што се очекува годинава на Шарпланинскиот куп да настапат ре��орден број скијачи од повеќе држави. Да потсетиме, минатата година на Купот настапија 70 скијачи од 11 држави.

Шарпланинскиот куп се одржува под покровителство на Владата на Република Македонија на чело со премиерот Никола Груевски.

И годинава, како и минатата, директор на трките во слалом и велеслалом ќе биде прославениот поранешен југословенски скијач, Бојан Крижај, кој со задоволство прифати да дојде повторно на Попова Шапка, убавицата на Балканот, како што ја нарече.

Наградниот фонд ќе изнесува 3.000 евра за прво, 2.000 за второ и 1.000 евра за трето место. Победникот ќе добие и традиционално, чистокрвен шарпланинец.

На првиот ден, на 26 февруари, ќе се вози слаломот. Патеката (Езерино) е долга 685 метри со височинска разлика од 198 м, додека патеката за велеслалом (Орлова) е долга 1.140 метри со височинска разлика од 390 метри.

Победник на минатогодишниот Шарпланински куп беше Австриецот Франц Промок. Инаку, прв победник на Шарпланинскиот куп беше еден од најдобрите поранешни југословенски скијачи, Словенецот Тине Мулеј, во далечната 1948 година. Тој е инаку и рекорден по бројот на победите на Купот бидејќи беше победник и во 1951 и во 1955 година. На двапати трофејот на Шарпланинскиот куп го освоија: Леополд Грубер (Австрија) - 1969 и 1971 година, Александар Жиров (Русија) - 1979 и 1981, Миха Малус (Словенија) - 2004 и 2005 и Бугаринот Стефан Георгиев - 2000 и 2005 година.

На Шарпланинскиот куп ќе настапат и нашите најдобри скијачи-алпинци предводени од Антонио Ристовски и Дардан Дехари.


#
Статијата е прочитана 365 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Норвешка деветта, Германија на 11. место
Мари го победи Ферер, против Ѓоковиќ во финалето во Мелбурн
Ферари самоуверен со новиот болид
Свеста на тест!
Мозис со животна награда за фер-плеј
Барса се извлече во Љубљана
Рома против Интер во полуфиналето од Купот
Дулко и Пенета победнички во двојки
Македонија в недела ги добива противниците
Њујорк славеше против Мајами