Број 3493  сабота, 29 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Мозис со животна награда за фер-плеј

Атлетската легенда го доби признанието за борбата против допингот и за промоција на аматерскиот спорт

Легендарниот американски атлетичар Едвин Мозис е добитник на признанието за фер-плеј на кариерата за својот придонес во борбата против допингот во спортот и за промовирањето на аматерскиот спорт. Двократниот олимписки и светски шампион на 400 м со пречки и некогашен светски рекордер во оваа дисциплина ја прими наградата на свечената церемонија во олимпискиот „главен град“ Лозана. Признанието го доделуваат Меѓународниот комитет за фер-плеј и Меѓународната асоцијација на спортските новинари (АИПС).

Годишната награда за фер-плеј заедно ја добија тројца спортисти - иранскиот фудбалер Амин Задех, литванскиот десетобоец ��ариуш Драудвила и кинескиот борач Гао Фенг. Задех ја исфрли топката во аут иако пред себе имаше празен гол, одбивајќи да го искористи тоа што противничкиот голман лежеше на теренот повреден. Драудвила веројатно го чинеше медал на Европското првенство во атлетика тоа што му го позајми своето копје на подоцнежниот освојувач на бронзениот медал Андреј Краучанка од Белорусија, кој го скрши своето и не можеше да најде друго. Гао, пак, го изнесе повредениот противник од салата за да му биде укажана помош на Азиските игри, и покрај тоа што ривалот беше санкциониран за удирање во текот на меѓусебниот дуел на душекот.

Новото признание „спортска моќ“ го поделија тројца - Навал ел Мутавакел, Мај ел Халил и Ерлингур Јохансон. Ел Мутавакел стана првата Мароканка, Африканка и Арапка што освоила олимписко злато и сега е висок функционер во Интернационалниот олимписки комитет. Ел Халил од Либан, поттикнувач на маратонот во Бејрут, преживеа речиси фатален инцидент на тренинг, а починатиот исландски тренер по пливање, Јохансон, тренираше хендикепирани пливачи до самиот крај на својот живот минатата година, кога почина од рак.


#
Статијата е прочитана 373 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Норвешка деветта, Германија на 11. место
Мари го победи Ферер, против Ѓоковиќ во финалето во Мелбурн
Ферари самоуверен со новиот болид
Свеста на тест!
Барса се извлече во Љубљана
Рома против Интер во полуфиналето од Купот
Шарпланинскиот куп ќе се одржи на 26 и на 27 февруари
Дулко и Пенета победнички во двојки
Македонија в недела ги добива противниците
Њујорк славеше против Мајами