Број 3493  сабота, 29 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Барса се извлече во Љубљана

Барселона стигна до победа 68:67 со кош на Наваро

Кошаркарите на Макаби во Тел Авив целата работа ја завршија веќе во првата четвртина што ја добија со 30:18. Домашните повторно го пронајдоа својот ритам на европската сцена и тука римјаните ништо не можеа, освен да се молат да не доживеат катастрофа.

Меѓутоа, молитвите не беа послушани, и на крај безмилосните Израелци застанаа на плус 41 (99:58).

Скорцанитис беше најефикасен поединец во тимот на Макаби со 19 поени, додека Елијах додаде 18.

Барселона во мечот со тимот на нашиот Влатко Илиевски, Олимпија, влезе како фаворит, иако се знае дека љубљанчаните оваа сезона прикажуваат феноменални партии. Европскиот првак на полувремето водеше со 36:26, но во третата четвртина следуваше студен туш на домашните кои со 28:16 ја вратија неизвесноста, а беа и на пат кон подвиг.

Малку недостасуваше Олимпија да победи. Кени Грегори на 40 секунди пред крајот погоди за 67:66, а тогаш Хуан Карлос Наваро, инаку најефикасниот на средбата со 27 коша, погоди за водство на Барса. Словенците инсистираа на тоа токму Грегори да направи пресврт за триумф, но во последните два напада прво промаши „тројка“, а потоа и за два поена. Нашиот интернационалец во редовите на Олимпија, Влатко Илиевски, за 38 минути игра постигна осум поени, имаше и најмногу асистенции - 6, еден скок и една украдена топка.

Светисла Пешиќ и Валенсија не успеаја од Истанбул да се вратат со ореол на победник, иако малку недостасуваше да се случи пресврт. Рака на срце, Фенербахче го заслужи триумфот (75:73) затоа што водеше во текот на целиот натпревар, а во некои моменти и со десет разлика. Најрасположен во турскиот тим беше Омар Онан со 22 коша, а кај Валенсија Душко Савановиќ погоди 11 коша.

Резултати:



Група Е: Каха Лаборал - Лиетувос Ритас 86:89, Панатинаикос - Уникаха 82:56.

Табела: Панатинаикос 2-0, Каха Лаборал 1-1, Ритас 1-1, Уникаха 0-2.

Група Ф: Макаби Рома 99:58, Олимпија - Барселона 67:68.

Табела: Барселона 2-0, Олимпија 1-1, Макаби 1-1, Рома 0-2.

Група Г: Монтепаски - Реал 68:78, Партизан - Ефес 76:79.

Табела: Реал 2-0, Ефес 2-0, Партизан 0-2, Монтепаски 0-2.

Група Ф: Жалгирис - Олимпијакос 64:71, Фенербахче - Валенсија 75:73.

Табела: Фенербахче 2-0, Валенсија 1-1, Олимпијакос 1-1, Жалгирис 0-2.


#
Статијата е прочитана 478 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Норвешка деветта, Германија на 11. место
Мари го победи Ферер, против Ѓоковиќ во финалето во Мелбурн
Ферари самоуверен со новиот болид
Свеста на тест!
Мозис со животна награда за фер-плеј
Рома против Интер во полуфиналето од Купот
Шарпланинскиот куп ќе се одржи на 26 и на 27 февруари
Дулко и Пенета победнички во двојки
Македонија в недела ги добива противниците
Њујорк славеше против Мајами