Велес и велешани можат полесно да дишат. За некое време и до нов, осми тендер. Пропадна последниот обид за продажба на Топилницата. Повисоката судска инстанција од Скопје ја поништи одлуката на велешкиот суд.
Ако беше поинаку, фабриката за олово и цинк ќе завршеше кај газда што го криеше идентитетот. Тоа беше непознатата фирма „Метрудхем“, (неофицијално блиска до „Минеко“ - најголем доверител на Топилницата), која планираше да го стави загадувачот во погон.
Судскиот епилог од форсајт сагата „Топилница“ несомнено говори за матни игри во тендерската постапка. Не било нешто чисто во желбата да се стопанисува со Топилница.
Изгледа била оправдана жалбата на турската компанија „Јалим“, која на мошне чуден и сомнителен начин беше исфрлена од игра поради кусок од 100 евра во уплата од еден милион евра.
Едноставно, неверојатно е како не можеме да се ослободиме од ѓаволскиот синдром на македонските работи. Секаде каде што има простор да се ќари, па дури и таму каде што нема клима. Влегува ли во цената на профитот здравјето на човечкиот род? Очигледно не.
Топилницата е затворена и не испушта чад, но негативните последици се' уште се чувствуваат. Контаминирани се почвата, воздухот и водата и за тоа постојат несоборливи докази.
Топилницата кога-тогаш ќе се отуѓи. Нека размислат добро доверителите кому ќе ја дадат. Никој не смее да ја заборави ескалацијата на зелената бура која рече „не“ за враќање на индустриската сцена. Велес нема никогаш да дозволи ново загадување. Еколошките филтри отпаѓаат. Експерти тврдат дека кај овие топилници тие технолошки чуда ги даваат истите загадувачки перформанси.
ona sto na sekoj graganin na veles mu e mnogu jasno,poleka stanuva jasno i na sudstvoto koe dosega ne sakase da rascisti so kriminalot okolu topilnicata.tie sto ja iskradoa sega sakaat da ja kupat.epten se sizici.
Од: девичанецот
Датум: 03.10.2008 10:40:29
Што е чудно тоа?
А кому Бучко му го продаде Сувенир?
Знаеше ли некој освен тој самиот?
А како трчаше во 12 и 5, не во 5 до 12 да го продаде ЕСМ?
Па сега ќе има станови, хареми и што ќе си посака....