Брoj 2802  петок, 03 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Промената го стави на маки „Браќа Манаки“

Томи Салковски најавува поголемо проширување, а другите тврдат дека ова е селење на мала врата

Сунчица Уневска

Годинешниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ завршува утре, но она по што ќе се памети нема да биде ниту неговата далеку поамбициозна програма, ниту големиот број на гости и многу значајни имиња на светскиот филм. За жал, она по што ќе се памети, а и она на што се сведуваат сите одгласи во текот на неговото траење, е неочекуваниот потег фестивалот во поголемиот дел од Битола да се пренесе во Скопје и по 29 години да се воведат големи промени во неговата физиономија. Реакциите, иако би рекле доста задоцнети, затоа што проширувањето во Скопје беше најавено пред неколку месеци, се цело време во фокусот на јавноста, но она што е интересно, и постојано се зголемуваат. И тоа не само од страна на Битола и на нејзините граѓани, туку и од страна на институциите кои првично му дадоа поддршка на новиот концепт. Додека сега, изјавите на сите се дека организаторите се обиделе на мала врата фестивалот „Браќа Манаки“ целосно да го преселат во Скопје.

„Кинотеката излезе во пресрет на најавените (наводно позитивни) промени на концепцијата, сметајќи дека ќе придонесе кон збогатување на фестивалот. Но, непосредно пред почетокот на фестивалот кога многу доцна организаторите ја дадоа на увид програмата, ни стана јасно дека новата концепција не е онаква каква што беше претставена туку дека е спротивна на се' за што Кинотеката досега се залагала и се залага“, ни изјави директорката Мими Ѓоргоска - Илиевска, нагласувајќи дека Кинотеката е еден од основачите на фестивалот заедно со Друштвото на филмските работници и Општина Битола. Токму поради тоа, ни рече директорката, Кинотеката е секогаш подготвена да направи се' што е во интерес на есенцијалните вредности на фестивалот, но дека ставовите и постапките на организаторот годинава се во спротивност со нив. Тие како знак на протест најавија дека нема да бидат дел од неговото затворање кое, и покрај реакциите, сепак ќе се одвива во Скопје.

Таква е изјавата и на директорот на Филмскиот фонд на Македонија, Дејан Илиев, кој исто така го поддржа фестивалот. „За оваа промена не сум бил информиран. Знаев дека ќе има проширување на програмата, но не знаев дека целата фестивалска активност ќе биде преселена во Скопје. Излезе дека во Битола се прикажува само ревија“, ни изјави Дејан Илиев. Неговото мислење �� дека нешто навистина треба да се менува, но дека ова во никој случај ова не е решение. „Напротив, ни рече Илиев, излезе дека ова е лош експеримент. Публиката треба да се зголеми но не по цена да се уништи фестивалот.“

Министерката за култура Елизабета Канчевска - Милевска ни рече дека Министерството му дава голема поддршка на фестивалот, но нејзиниот став е дека било каква одлука или промена треба да се донесе на транпарентен начин. Таа ни рече дека кога фестивалот конкурирал за средства од Министерството, тие поднеле проект ист како и минатите години, без да го изложат новиот концепт. „Фестивалот „Браќа Манаки“ е бренд, тој е многу значаен за државата, но и за Битола и за нејзините граѓани, кои живеат за фестивалот. Секој фестивал си има своја препознатливост која е поврзана токму со градот во кој се одржува. Сметам дека е убаво фестивалот да се почувствува секаде, но не може на овој начин да се протурка некоја одлука. Тоа треба да се направи на поинаков начин, да се одржат трибини, да се викнат сите релевантни чинители“, ни изјави министерката Канчевска Милевска, која рече дека и годинава фестивалот е поддржан со 3,5 милиони денари.

Градоначалникот на Битола, пак, Владимир Талевски, кого токму битолчани го обвинуваат дека го испуштил фестивалот, тврди дека програмата му била доставена само два дена пред одржувањето. Според него, станува збор за многу мала група луѓе која стои зад сето ова, дека тоа не е одлука ниту на Советот на фестивалот, ниту на Министерството или на Општина Битола. „Апсолутно не држат нивните изјави. Станува збор за голема неодговорност. Тие го обезвреднија фестивалот и ги омаловажија гостите и наградите, нанесувајќи му голема штета на фестивалот“, изјави Владимир Талевски, кој интензивно се подготвува да направи паралелно затворање на фестивалот во Битола. „Битола и оваа година го поддржа фестивалот со 1,5 милиони денари, ние секогаш сме ги покривале хотелските сместувања, сите пропагандни материјали. И оваа година дадовме средства за плакати, но тие се изложени во Скопје, а не во Битола“, објаснува Талевски, додавајќи дека директорот на фестивалот ја злоупотребил својата позиција и дека се работи за политичка игра.

Додека директорот на фестивалот, Томи Салковски, го зборува спротивното. „Ние баравме Општина Битола да биде партнер, бидејќи таа ни е многу важна, но изгледа дека терминологијата не беше многу јасна. Во Битола ја немавме потребната логистика, имавме руинирана сала, дотраена техника, немавме канцеларии. Претходните три години ние во Битола го постигнавме максимумот и сакавме да ја прошириме програмата“, објаснува Салковски. Тој нагласува дека тие се позитивни и отворени и дека сакаат фестивалот уште повеќе да го прошират. Оваа година, како што рече, бројот на гостите бил многу зголемен и од нив ја добиле поддршката. Инаку, тој исто како и Талевски, мисли дека станува збор за наместена политичка игра.

А ние би додале дека, како што рече Дејан Илиев, нешто навистина треба да се менува. Но, што и како, со оглед на тоа што „Браќа Манаки“ неспорно е фестивал од национален интерес, треба да одлучат сите и јавноста да биде запознаена. Она што е најважно, е да се сочува брендот по кој Македонија се препознава, да се сочува духот и есенцијата, но и да се внесат измени кои нема да ја нарушат неговата концепција, а ќе воспостават вистински однос со филмската фела и со својата публика, кој факт е дека го немаше. Но, „Браќа Манаки“ никако не смее да стане тоа што не е, бидејќи дури тогаш не само што нема да добиеме ништо, туку и многу ќе загубиме.


Статијата е прочитана 407 пати.

Испрати коментар

Од: marija
Датум: 03.10.2008 01:33:29
Ovaa e najbestramno gazenje po gordosta na gradot,ponizuvanje na bitolskiot graganin,prisiluvanje da se otkazime od tradicijata. Duhot na BITOLSKITE Manakievi mora da ostani tamu od kade sto pocna vo Bitola
Од: aleksandar k.
Датум: 03.10.2008 04:02:11
Најстрашното во цела оваа приказна е што се уништува можноста еден фестивал да се развива. Умира можноста еден филмски фестивал да расте и да се подобрува. Тоа е фатално кога реално ќе се погледне на работите. Техничките капацитети, што толку се посочуваат, се историска категорија. Тие се создаваат, модифицираат и менуваат. Но, животот на еден филмски фестивал не смее да се врзува единствено за тие работи а тие работи не смеат нужно да го детерминираат неговиот тек. Опасен е концептот еден фестивал со уметнички карактер единствено пазарно да се премерува и вреднува. Ако тоа се направи тогаш секогаш би имало подобра понуда а игрите на наддавање никогаш нема да престанат. Епилог: Вечна селидба. Фестивал номад. Фестивал на печалба.
Од: natasha
Датум: 03.10.2008 09:02:24
Materijalisti! Materijalisti i nisto drugo! Ako nesto go sozdade toj festival toa e Bitola - braka Manaki bea bitolcani, drugari na dedo mi! Ova e kako dete od majka da kradete! Koga nesto ke vi se dopadne i vredi, vednas da si go donesete doma, trcajte... - e ama ne e isto, ne e toa, toa! Daj batalete i ostajte go festivalot tamu kaj so si bil otsekogas i ako sakate dobar filmski festival da si go naprajte sami u Skopje!
Од: Skupi
Датум: 03.10.2008 09:46:43
Nesto ne svakam, ova ne bilo odluka nitu na Sovetot na festivalot, nitu na Ministerstvoto ili na Opstina Bitola! Gradonacalnikot i direktorot istotaka mislat deka stanuva zbor za namestena politicka igra a i samata Ministerka za Kultura bilo protiv vakvata promena!!! Ne svakam kako 'site' sakaat festivalot da ostanal vo Bitola no sepak nekako 'misteriozno' se preseli vo Skopje! Kako festivalot sam svesno da odlucil pa si otisol vo Skopje; Ministerkata, Gradonacalnikot, Sovetot na Festivalot, Direktorot... nisto ne mozat okolu toa! Bezvredni moroni, nikoj nema hrabrost da se izvini pred javnosta i da prezema nekakva odgovornost.
Од: jas
Датум: 03.10.2008 11:29:04
kako shto se odnesuvavte kon pokojniot milton manaki.(tie povozrasnite mnogu dobro se sekavat,na covekotkoj vo pidzami shetashe niz shirok sokak) Taka se odnesuvate i kon negoviot festival.
Од: Ivo B
Датум: 03.10.2008 18:21:53
Interesno, duri i zachuduvachki!!! I pokraj toa shto cela makedonska javnost, pa duri i relevantnite institucii se protiv ovogodishnite festivalski izmeni, gospodinot Salkovski ima hrabrost da izjavuva deka i ponatamu stoi zad svojata ideja, pritoa najavuvajki i novi proshiruvanja. Vo sekoja kulturna i civilizirana zemja, posle ova fijasko, odgovorniot ne treba da najavuva proshiruvanja…tuku ostavka! Tomi, ti si na poteg.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Дотраено здравство
Зденко
Македонија има лидери, но нема лидерство
Огромно интересирање за влезници за концертот посветен на Тоше
Одлуката за прием во НАТО нема да се смени
Претходен број
Фијаско на лидерската средба
Verbatim
Под вулканот
Мајка го искасапила и го испекла синот во Кочанско
Санацијата на банките помина во Сенатот на САД
Матна продажба
Родителите на 1.500 основци ќе заработат прекршочна пријава
Не е Бајрам, Бранко е
Слатките од „Ринија“ затруја 339 лица
Не��олку дилеми за религиското образование