Брoj 2802  петок, 03 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мислења

Неколку дилеми за религиското образование

 Илија Ацески

Нејасно е во колкав степен религиското образование ќе се исполни во облик на индоктринација и дали тоа е целта зад која се крие овој проект

Воведувањето религиско образование во основното образование предизвика дискусии за неговата оправданост и смисла. Дискусијата за тоа дали требаше да се воведе или не се чини е беспредметна: дека треба тоа е несомнено.

Средиштето на дискусијата се преместува околу прашањата: зошто е тоа потребно, кои наставни содржини се пожелни и неопходни и како тие да се реализираат пред учениците. Одговорот на тие прашања ќе не' доведе до одговорот на суштинското прашање: дали религиското образование, без разлика дали станува збор за неконфесионално религиско образование (запознавање на религиите) или конфесионално религиско образование (да создаде религиска просветеност кон една одредена религиска традиција), ја зајакнува толерантноста во рамките на мултикултурната и мултиконфесионалната заедница, какво што е македонското општество. Потоа, во колкава мера е во функција на зајакнување на националниот идентитет, како што тоа обично се смета кога станува збор за Македонија, иако е малку проблематично, за кој идентитет станува збор, во ситуација кога во рамките на еден национален идентитет се исполнуваат повеќе религиски идентитети. Едноставно: како припадниците на исламската или на некоја друга вероисповед со македонски национален идентитет преку верското образование ќе го јакнат националниот идентитет ако тргнеме од ставот дека македонскиот национален идентитет е неодвоив од православната вероисповед и црква? Верата и нацијата на овие простори се многу измешани и преклопени, проблематично е да ги доведете нив во рамките на училиштето на ниво на ,,неутрално“ значење и во функција на образовни цели и изградба на демократско општество.

Тоа ја потенцира другата варијанта на религиското образование: непостоењето облик на религиско образование во рамките на основното образование како посебен предмет во услови на мултикултурна/конфесионална/етничка/религиска состојба што може да разбере како неутрален став на училиштето спрема состојбите на религијата? Нејасно е, сепак, во колкав степен религиското образование ќе се исполни во облик на индоктрина��ија. Дали индоктринацијата е целта зад која се крие религиското образование, како да се оценат и препознаат методите и облиците кои водат во индоктринација и дали има други форми што би требало да се воведат и слично. Тоа се прашања на кои треба да одговорат надлежните институции на државата. Во овој момент нема аргументирани одговори ни дали има или ќе има. Првите впечатоци се многу конфузни и нејасни и не само во тој поглед.

Втората дилема се однесува на запознавањето на учениците со религијата, а е во функција на истата цел: јакнење на толеранцијата. Искуствата од исламските земји, кои многу посветуваат внимание на религиско образование, не се многу охрабрувачки во тој поглед. Во таа насока се движат и истражувањата на социјалните антрополози кои сметаат дека запознавањето на религијата, односно религиите е неопходно, но не и доволно за зголемување на степенот на толерантноста, што директно го поставува прашањето за тоа како се претставуваат религиите или религијата во рамките на една програма. Во тој контекст, дискусиите за предложените програми и за конфесионалното и за неконфесионалното учење за религиите треба да се постават на широка расправа, но и со експертски анализи, што го нема тоа, за жал, кај нас.

Третата дилема се однесува на постоењето посебен предмет (особено ако станува збор за задолжителен) на конфесионално религиско образование (христијанско, исламско, еврејско) во рамките на училиштето како световна институција. Искуствата се различни во рамките на европските држави и не е в ред ако некое решение го истакнуваме како повеќе или помалку вредно или посоодветно за нашата држава. Во речиси еднонационалните и конфесионални општества ситуацијата е различна од оние кои се сложени во секој поглед, како што е македонското општество.



Неконфесионалното верско образование (учење или запознавање со религиите) мора да биде прифатливо за сите без разлика на конфесионалната припадност и неутрално во формирањето поглед на светот.

Основите врз кои почива воведувањето на предметот учење или запознавање за религиите, меѓу другото, се содржани во објективно запознавање со феноменот на религиите без кое нема запознавање со историјата и културата, воопшто, што може да биде доволно за исполнување повисок степен на толеранција во едно мултикултурно и мултиконфесинално општество. Но, за дојдеме до таа ситуација, навистина е потребна програма и методски пристап, чии резултати треба да бидат препознатливи во позитивна смисла.

Едно искуство кое е забележано во едно скопско основно училиште не оди во прилог на практикување конструктивистички пристап насочен кон критичко размислување и решавање на проблемите, дијалог за прашањата и слично. На пример, во текстот што треба да го совладаат децата (научат напамет) се вели следново: фетишизмот е верување во кое племето му дава одредени магиски својства на определен предмет. Во еден дел религијата е критикувана како опиум за народот. Марксизмот и социјализмот се обидоа да му го заземат местото на религијата, посочувајќи го човекот кон реалниот живот. Сепак, религијата и понатаму е актуелна како одговор на современите прашања околу животот и смртта, постоење на човекот и неговата мисла, како заштита и утеха. Ова многу повеќе е текст за нивните родители, но тоа е друга приказна. Тоа е прераскажување на првата тема од програмата со запознавање на религиите.



Следното прашање се однесува на насоките на проучување на религијата/религиите што треба да ги има предвид државата. Дали државата е неутрална во поглед на религиите и што е суштината на конфесионалното религиско образование? Ако запознавањето на религиите е ослободено од индоктринација и има неутрален став во однос на религискиот поглед на свет, што се случува со конфесионалното религиско образование кое е во директна функција на зацврстување на конкретниот религиски став и чувство за припадност? Не би требало по еден месец нередовна реализација на програмите да донесуваме заклучоци. Овде се обидувам да го проблематизирам следново: прво, дали училиштето може да биде место на исполнување на религиските чувства, рецитирање на „Оче наш“, клањање , крстење во која било организирана форма; второ, дали во рамките на училиштето треба да се наметнува религиски поглед на свет, да се врши индокринација; трето, дали училиштето треба да врши притисок на учениците да прифаќаат еден религиски поглед на свет. Без сомнение, потребно е време за да бидат расчистени дел од овие дилеми.

Тоа што започна да се реализира на планот на религиското образование за краток временски период ќе ги покаже позитивните и негативните страни. Но, да се биде доволно свесен за нив, и за тоа од која вредносна позиција ќе бидат оценувани резултатите, е потребно внимателно следење и брза интервенција на органите на државата кога ќе се прекршат некои од фундаменталните човекови и религиски права.

(Авторот е универзитетски професор)


Статијата е прочитана 616 пати.

Испрати коментар

Од: Moe mislenje
Датум: 03.10.2008 00:28:33
Vo Makedonijae kako multietnicka i multikonfeionalna zaednica ,najpogodno e voveduvanje na nekonfeisonalno religisko obrazovanie vo oblik na predmet zapoznavanje so religiite i nivnata istorija i istoriski razvoj. Za predmetot veronauka ne se pogodni mesta obrazovnite ustanovi, za toa postojat verski objekti i tamu sekoj prema svoite zelbi i religiski pogledi treba i moze da si gi zadovoli religiskite potrebi. Znaci zapoznavanje so istorijata i razvojot na osnovnite religii vo obrazovnieto da , a na veronaukata mestoto i e vo crkvite, djamiite , sinagogite i drugite sakralni objekti.
Од: Bosilkova
Датум: 03.10.2008 11:25:52
I toa kako e potrebno konfesionalno religisko vospituvanje vo ucilistata, koe se razbira nema da bide obavezno za onie koi ne se pripadnici na primer na pravoslavnata veroispovest. Vo site evropski obrazovni ustanovi religiskoto vospituvanje e potpora na obrazovniot sistem. Nasite deca koi se ucenici vo istite ne gi posetuvaat reli.nastavi za taa cel imaat drugi aktivnoski ili pak slobodno. Nie sme vo prv red pravoslavna drzava a toa ne zaci deka ne mozeme da funkcionirame Multinacionalno. Zemete ja na Primer Svajcarija (multi..multi nacionalna ) a sepak Hristijanska.
Од: Biljana
Датум: 03.10.2008 17:56:23
Jas zivejam vo Amerika i cesto odam i vo Canada i ova go nema ni vo ednata ni vo drugata drzava da e zadolzitelno verskot ucenje.Postojat privatni ucilista kade se uci veronauka i koj saka da sigi pusti decata da ucat veronauka gi sapisuva tamu,a vo drzavnite ucilista nese uci nikakva veronauka.Za zal vo nasata Makedonija mnogu e navlezena politikata vo crkvite i sega G.G.Stefan raspolaga so drzavata Makedonija,a ne gospodinot Gruevski.Jas mislam deka ne treba da se uci i da bide obanezno ucenje vo ucilistata.Tuka sekoja nedela si odat roditelite vo crkva i sigi nosat svoite deca da slusaat versko predavanje od strana na nivnite popovi i tukasnite crkvi se so sedenje,a ne prostum stoenje i koga odat vo crkva sedat i slusaat sto im veli popot nivni i navistina e prijatno dase odi vo takvi crkvi i dase slusa sosto mnogu poucno im kazuvaat na lugeto,a ne kako kaj nas pejat popovite i neznajs sto kazuva zosto mnogu promrvlivo govorat i nese razbia.Kaj nas e rano peenjeto vo crkvite,a tukan

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Дотраено здравство
Зденко
Македонија има лидери, но нема лидерство
Огромно интересирање за влезници за концертот посветен на Тоше
Одлуката за прием во НАТО нема да се смени
Претходен број
Промената на „Браќа Манаки“ треба да биде транспарентна
Фијаско на лидерската средба
Verbatim
Под вулканот
Мајка го искасапила и го испекла синот во Кочанско
Санацијата на банките помина во Сенатот на САД
Матна продажба
Родителите на 1.500 основци ќе заработат прекршочна пријава
Не е Бајрам, Бранко е
Слатките од „Ринија“ затруја 339 лица