Брoj 2802  петок, 03 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Бизнис-сцена

Под вулканот

Мирче Јовановски

Кога Америка ќе кивне, светот добива настинка. Оваа илустрација деновиве доби малку поинаква верзија, која ја презентира германскиот министер за финансии Пер Штајнбрук, кој предупреди дека од пневмонијата од која боледува американската економија, Европа во најмала рака ќе добие силна настинка.

Како и да е, потресите во најмоќната економија во светот се закануваат до темели да ги разнишаат не само американските компании туку и оние во другите делови во светот. Не се малку економистите кои стравуваат од повторување на Големиот крах од 1929 година. За тоа презентираат запрепастувачки сличности во потценетоста, односно преценетоста на францускиот франк и британската фунта пред големата криза, со актуелните непредвидливи движења на вредноста на американскиот долар, движењата на пазарот на недвижен имот, цената на обработливото земјиште, капиталните инвестиции... Тоа и поттикна некои економисти да напишат дека турбуленциите на берзите во светот кои не престануваат создаваат чувство како да се живее под вулкан кој само што не еруптирал или, пак, може да биде заспан со години.

Светот завчеравечер, барем за момент, здивна. Американскиот Сенат го прифати модифицираниот план за спас на американската економија тежок 700 милијарди долари. Но, сликата веќе денес повторно може да се промени доколку Конгресот уште еднаш ги отфрли овие, според многумина, социјалистички мерки за богатите капиталисти.

Светот денес е едно глобално село. Слободата на движење на капиталот доведе до практично неограничено ширење на меѓусебните врски. Оттаму разбирливо е зошто владите во светот од петни жили се обидуваат да се подготват и да ги минимизираат негативните последици од финансиското цунами.

Освен кај нас, каде што Владата како да ја одбра политиката „ќе чекаме, ќе видиме“.

Немоќ или самоувереност? Или „самоувереноста“ дека нам кризата ништо не ни може доаѓа од сознанието дека Македонија како мала економија и онака не може ништо да направи, па оттука и ништо друго не и' преостанува освен да чека и да гледа како другите се справуваат со кризата? Или неразвиеноста на домашниот пазар на капитал сега се покажува како спасоносна брана од глобалните финансиски потреси?

Колку и да е изолирана Македонија од светската економија, сепак, тоа не е оправдување, би рекле, за преоптимистичките изјави кои деновиве стигнуваат од официјалните претставници на ��ласта од типот дека кризата, додека дојде до кај нас, ќе стивне или дека парите на домашните банки се сигурни, бидејќи биле пласирани во врвните европски банки.

Европските банки не се изолирани острови, па да не ги засега она што се случува од другата страна на Атлантикот. Напротив, врските меѓу нив се толку испреплетени што беше и основниот мотив американската влада да посегне по решение кое се смета за еретичко во либерална економија како што е американската: Федералните резерви на САД (Централната банка) подржави 80 отсто од Американ интернешенел груп (АИГ), што беше мотивирано со процената дека доколку се пушти низ вода оваа институција, со себе ќе повлече еден куп други банки (и тоа не само во САД) каде што таа се јавува како гарант.

Кој до вчера можеше да помисли (уште помалку да претпостави) дека може да дојде до колапс на банката Леман брадерс или дека еден Мерил Линч, за да се спаси, ќе биде откупен од Банката на Америка...

Германија, како една од засегнатите држави, веќе презеде серија мерки со цел да го спречи можното прелевање на кризата, но и да ги смири домашните инвеститори. И другите развиени земји не спијат.

Најголема опасност за Македонија е намалување на извозот, но и сосема извесното поскапување на капиталот во глобални рамки. Во тоа се согласни домашните експерти.

Македонија е мала економија и како таква својот развој е принудена да го темели токму на пораст на извозот. Таа едноставно нема можности да дејствува сама за себе или да развива национална економија од затворен тип. Оттаму, ако и онака малиот извоз се намали дополнително поради кризата, тогаш „покусата нога“, како што покојниот академик Ксенте Богоев често знаеше да го именува македонскиот извоз, уште повеќе ќе се скуси.

Дали во такви околности македонската економија ќе може да ја одржи и онака нарушената рамнотежа? (М.Ј.)


 


Статијата е прочитана 462 пати.

Испрати коментар

Од: perica
Датум: 03.10.2008 16:58:49
Ke cekame pa ke vidime. Ako ne ovaa Sreda , drugiot Petok.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Дотраено здравство
Зденко
Македонија има лидери, но нема лидерство
Огромно интересирање за влезници за концертот посветен на Тоше
Одлуката за прием во НАТО нема да се смени
Претходен број
Промената на „Браќа Манаки“ треба да биде транспарентна
Фијаско на лидерската средба
Verbatim
Мајка го искасапила и го испекла синот во Кочанско
Санацијата на банките помина во Сенатот на САД
Матна продажба
Родителите на 1.500 основци ќе заработат прекршочна пријава
Не е Бајрам, Бранко е
Слатките од „Ринија“ затруја 339 лица
Неколку дилеми за религиското образование