Брoj 2802  петок, 03 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Си велам...

Не е Бајрам, Бранко е

 Ерол Ризаов

Бајрамското обраќање на премиерот Груевски се претвори во фарса

Никола Груевски е првиот македонски премиер кој на најголемиот муслимански празник Рамазан-бајрам им се обрати на сите граѓани на Република Македонија. Извонреден политички, и не само политички потег. Беше тоа одлична шанса Груевски да се промовира во современ европски политичар, атипичен за цела Југоисточна Европа. Тамам си реков дека ова е полн погодок, конечно ќе бидеме сведоци на еден рафиниран добар и корисен политички популизам кој можеше да му донесе и на Груевски, и на Македонија, и на домашната, и на меѓународната сцена, големи поени - од сето тоа ништо. Бајрамското обраќање на премиерот Груевски се претвори во фарса. Уште од првата минута на обраќањето се виде дека вистинскиот повод не е Бајрам, туку е Бранко. Не е Рамазан-бајрам, туку е Бранко Црвенковски, претседателот на државата.

Наместо да остане во колективната свест на граѓаните на Македонија дека еден македонски премиер без комплекси на Бајрам, државен празник во Македонија, што само по себе многу кажува, првпат во историјата покрај вообичаените честитки испраќа значајни политички пораки, бевме сведоци на тривијална кавга, емотивна конфузија, нетрпеливост и јавна демонстрација на балканштината. Претходниот ден истото тоа, во друга пригода, го направи претседателот на државата, Бранко Црвенковски, обвинувајќи го Груевски со непримерни зборови небаре како незрела личност и неспособен премиер да се соочи со најгорливото прашање во поновата историја на Република Македонија, а тоа се името и евроатлантските интеграции. Уште еднаш граѓаните на Македонија видоа до каде оди омразата и целосната партизација на Македонија, битката за власт, и до каде одат личните суети, политичката некултура и игнорирањето на највисоките приоритети на државата.

Навистина голема штета. Можеше тоа да биде политичка лекција на Груевски пар екселанс. Премиерот имаше што да каже во една бајрамска порака за првпат и во поновата, но и подамнешната историја на Република Македонија. Си велам, како ќе прозвучеше, ако нашиот премиер покрај вообичаената честитка дадеше мал отчет пред јавноста на реализацијата во практиката на Охридскиот договор. Бајрам беше добар повод да се почне токму од Охридскиот договор, бидејќи ниту една земја во Југоисточ��а Европа не ги решила подобро колективните права на малцинствата во практиката како тоа што го направи Македонија. Нашите малцинства и како уставна категорија се конститутивни народи на државата. Бајрамското обраќање на премиерот беше одличен момент да се каже дека Охридскиот договор е спроведен во живот, не само како резултат на една наметната криза во 2001 година туку, пред се', поради вековната традиција на овие простори да се почитуваат верските, националните и јазичните разлики. Спроведувањето на Охридскиот договор во практиката е само уште еден доказ дека воената криза 2001 година е наметната однадвор.

Се разбира, Бајрам беше извонредна прилика и за други пораки како, на пример, да се кажат неколку реченици за економските прилики во земјата, со што особено се горде премиерот Груевски. Иако се' уште не сме стасале да живееме како во 1989 година, бидејќи домашниот производ ни е на ниво од пред 20 години, што јасно укажува на кое дереџе сме, односно дека она што е направено во претходниот период, во македонската транзиција не може ни да се одржува, а камоли да се направи нешто ново и значајно. Сепак, можеше во една ваква прилика да се нагласи сосема оправдано дека во Македонија значајно е подобрена финансиската дисциплина на граѓаните и на компаниите. Обврските кон државата, даноците, придонесите, и се' друго се исплаќаат како никогаш досега. Има добри резултати во борбата против криминалот и корупцијата, без оглед на грешките и злоупотребите на пресумцијата на невиност. Можеше и беше добар повод да се охрабрат граѓаните и со првите посериозни знаци за интерес на странските компании кон „Бунарџик“ и за некои посериозни најави за странски директни инвестиции... Можеше да се истакнат и некои реформски зафати со зголемување на конкурентноста и напредок во реформите. Сето тоа е нормално дури и неопходно во политиката, особено при вакви јавни обраќања на највисоките функционери како што се претседател или премиер.


Конечно, разбравме дека премиерот Груевски и претседателот Црвенковски имале заеднички став што не може, но ни оддалеку немаат заеднички став што може да се направи за Република Македонија и како треба да се направи тоа

Можеше нашиот премиер да поентира со својата бајрамска порака и со многу други најави, податоци и активности, но тој избра да ни соопшти дека Бранко Црвенковски е најголемото зло за Македонија. Небаре ако го нема Македонија за час ќе цвета и ќе стане членка на ЕУ и на НАТО.

Секако дека јавните обраќања на претседателите и на премиерите треба добро да се осмислат и подготват. Мора да ги содржат и најсуштествените и најгорливите државни проблеми и стратегиски прашања што ги засегаат сите граѓани. Особено кога треба да се преземе одговорност и да се донесе одлука за тешките прашања и кога на народот треба да му се даде самодоверба и надеж за подобар живот и визија за подобра иднина. Премиерот Груевски можеше, а и требаше во своето бајрамско обраќање да бара поддршка и единство да се реши проблемот со името и да го посочи патот како да се ослободиме од кратенката БЈРМ. Со право можеше да упати критика зошто овој проблем во изминатите 17 години го игнорирале сите влади и сметале дека со неговото одложување или со признавањето на уставното име од голем број земји тој проблем ќе се реши сам по себе. Во тој дел, се разбира, своја одговорност има и сегашниот претседател на државата, Бранко Црвенковски. Навистина ќе делуваше како погодок во центарот ако Груевски со висока политичка култура и со чувство на историска одговорност го повикаше претседателот Бранко Црвеновски, но и лидерите на политичките партии и парламентот да преземат заедничка активност со единствен став кон државните и националните интереси. Немаше да биде тоа заговарање на едноумие и лажно единство. Напротив, Груевски требаше да излезе од тесната партиска лушпа (стр. 146 од Програмата на ВМРО-ДПМНЕ) и да се впушти во храбро барање поддршка за решавање на државните интереси од приоритетно значење за сите граѓани на Македонија. Тој во обраќањето потврди дека најзначајните приоритети се НАТО и ЕУ. Секое одложување на овие европски интеграции оди најмногу на негово конто. Нашиот премиер Никола Груевски се крие зад референдум. Но, и без референдум и без истражување на јавното мислење се знае дека мнозинството граѓани на Република Македонија се за уставното име без никаква промена и толеранција кон наметнатите и навредливи грчки барања. Па, зошто тогаш Груевски не го каже тоа отворено дека не прифаќа никаков компромис за името. Мислам дека ова јавно обраќање можеше да биде пресврт во политичките релации меѓу власта и опозицијата, меѓу владата и парламентот и, особено, меѓу премиерот Груевски и претседателот Црвенковски ако премиерот тргнеше од еден сосема друг агол и ако го повикаше претседателот на државата, Црвенковски, заедно да тргнат низ Македонија во битка за Европа. Граѓаните на Македонија ќе ја прифатат нивната заедничка определба за да се заврши најтешката работа на оваа генерација македонски политичари.

Конечно, разбравме дека премиерот Груевски и претседателот Црвенковски имале заеднички став што не може, но ни оддалеку немаат заеднички став што може да се направи за Република Македонија и како треба да се направи тоа. На Црвенковски и на Груевски им недостига храброст јавно да излезат пред граѓаните и да кажат за што се залагаат тие и за што бараат поддршка.

Со нивната кавга губиме сите.


Статијата е прочитана 2675 пати.

Испрати коментар

Од: Pero
Датум: 03.10.2008 00:13:36
Kako ne vi e jasno gospodine zosto premierot nzmesto samo cestitki za praznikot morase da go pluka Branko.Pa covece toj nema spieno cela vecer smisluvajki kako i sto da mu vrati,ama kutriot i sam znae i toa najmnogu go plasi deka Bane e eden i sekogas ke go pobeduva.
Од: RR Skopje-Arachinovo preku Gevgelija
Датум: 03.10.2008 00:50:06
Takov e patot po koj Grujo go odolgovlekuva procesot na reshavanje na problemot so imeto,za koj vekje e sigurno deka e nephoden uslov za eliminiranje na prechkite za EU i NATO.Samo zatoa shto ne e nitu negov,nitu na familijata,interes.A mozhe da gi ogarnichi,ili ne daj Bozhe,sprechi da prodolzhat da si valdeat kako vo ogradeno trlo,vo koe kje strizhat bez kontrola odnadvor.Se ostanato shto izjavuva,konstruira,izmisluva,lazhe i podmetnuva e samo manevar za dobivanje vreme za sebe,za Grcite,za "prijatelite" od Istok ,chii instalacii se na kluchni pozicii vo drzhavata i vo negovoto najblisko okruzhuvanje."Ne si pravi Bajram na pametot" e edna izreka koja denes site ja osoznaa,bidejkji e nasha sudbina so sekojdnevno doziranite velichenja na vodachot,koj e obzemen od velichina.Iako bez osnova,ama PRte i novinarite go odlepija od realnosta.I zoshto mislite(poradi stavanje = vo vinata) deka Crvenkovski treba da bide bokserska vrekja po koja sekojdnevno kje go istura besot zapalenoto bokserche
Од: Trpenspasen
Датум: 03.10.2008 01:00:54
Se soglasuvam so mnogu stavovi od iznesenoto. Branko go znaeme, kompromisdzija za se ona sto mu pomaga da bide na vlast. I toj e takov i tocka. Ama Gruevski, sto bara referendum koga znae sto ce kaze narodot. I tuka Erol e potpolno vo pravo. Treba javno da kaze deka ne se prifaca promena na imeto i tocka. Ce ja resavame nasata idnina na drug nacin, posporo ce napreduvame, ama podostoinstveno. A za tie sto sakaat da si ja svitkaat kicmata nemam komentar.
Од: marjan-viena
Датум: 03.10.2008 01:54:16
site gubime,ama kriv e branko.toj i negovite ,,socijaldemokrati,,. potocno receno,banda kriminalci,profiteri,i predavnici. i toa,dokazani.so pedigre.
Од: pero
Датум: 03.10.2008 01:57:03
Eve bre lugje... ajde neka se povlece Branko... i sto mislite... ke procvetaat ruzite vo Vladata... NE! Togas vinata za nesposobnosta na Grujo i kompanija ke ja prefrlat na nekoj drug Branko... mora da pronajdat drug vinovnik... oti neli tie imaat Programa (prokleta bila, zamislite vika na 146 strana od programata bil stavot za imeto, cunki taa programa nivna e sveta kniga)... ne dragi Makedonci... sto ne vodat gilipteri ne vodat... Kade? Samo Gospod znae...
Од: od diasporata
Датум: 03.10.2008 02:02:07
nie branko ne bajram tuku e brankis crvenko kum makedonski so pridevka
Од: Donco
Датум: 03.10.2008 04:48:06
Erol Kardas mnogu si umen ama si kako trudnite zeni. Ocebijno segasnava vlada ti smeta samo tebe i na tie sto gi sakas od srce. Ama janlas oldi. Mnogu ocebijno. Dobro bi bilo za da si go socuvas rejtingot da ne pisuvas vakvi kritiki so omraza. Bu dunja jalandunja.
Од: aleksandarmkd
Датум: 03.10.2008 04:56:54
Ерољ да не со јадел туљумба у Риниа... Боли боли кога не си оној кој ја креира политиката во МКД
Од: Спектатор
Датум: 03.10.2008 05:46:03
Ако текстот го оценуваме (коментираме) користејќи еден од показателите од европските и светските меѓународни фудбалски натпревари, а тоа е процентот на посед на топката, тогаш на екранот ќе стои: Груевски 95% - Црвенковски 5%. Имено, по моја група проценка, во ваков процент се упатените критиките од почитуваниот господин Ризаов до Груевски и Црвенковски. Но, и овие 5% критика на Црвенковски се сепак голем напредок за Ризаов, иако тој самиот, длабоко во себе, и на Бајрам и “Бајрамовски“, би му собрал 103,2%. Ерол, кој ја уништи националната, и наша и твоја “Нова Македонија“?
Од: Gemidzija
Датум: 03.10.2008 06:19:06
Prodolzi da laes kuce besno blisku ti et krajot i tebe i na tvojata gnasna redakcija. Makedonia za vek i vekov. Napred GRUJO so tebe sme do smrt ,se duri i posledniot Juda ne go snemat od nasata napatena Makedonija.
Од: Читател
Датум: 03.10.2008 08:29:13
Ти се “лепи“ устата за Бранко а “гади“ за Никола. А мене како читател од тебе.
Од: Nikola
Датум: 03.10.2008 08:42:18
za Spektator: Prasuvas, koj ja unisti "Nova Makedonija"? Da ti odgovoram! Vladata na VMRO-DPMNE, vo koja minister bese Gruevski. Potset se kakvi se dubari se odvivaa vo taa kuca. Se kupuvaa tapisoni kobozem po mnogu visoki ceni za da se izvlecat pari za partijata. Se napravi nekoja prodazba koja potoa se ponisti. Duri osudeni bea kadri na DPMNE.
Од: ЗССО-Скопје
Датум: 03.10.2008 08:48:08
Тогаш кога ќе имаме убеден демократ за лидер, тогаш кога ќе важи правото за ситте, (а не за сите, освен за мене и мојата фамилија) е тогаш ќе бидеме на добар пат. Кога ќе имаме таков лидер и кога ќе изградиме таков имиџ на земјата, тогаш може да се надеваме на подобро живеење. Ова не е обична флоскула и дека не се сфати ова, џабе се. Свесен сум дека и тогаш нема да биде се како што треба, а посебно нема да биде добро за сите, ама барем за повеќето од нас. Абе само тоа го бара ЕУ од нас, ама тоа е изгледа и најтешкото. Мораме да му припаѓаме на демократскиот свцет, а потоа е се полесно.
Од: dias
Датум: 03.10.2008 09:04:21
a sto ne kazes ti sto prifakas vo vrska so imeto,ili B.C. sto prifaka a sto ne,b.c. cetiri god.ne e izlezen od dupkata a i prethodnite 13 god.se otepa od vodenje bitki za imeto.pa neli vremeto raboti za nas.
Од: Македонец
Датум: 03.10.2008 10:34:01
Maestralno analiziranje!!! Bravo Erole. Sekoj zbor napisan vo ovaa statija ja otslikuva za zal realnost vo ovaa mila Makedonija. Samo toa e koga za premier ke odberete nedokvakano detiste koe e zelno za slava i spektakli pred tv kamerite.
Од: devicanecot
Датум: 03.10.2008 10:36:15
Навистина, како во еден текст, Бранко спасителот наш и на цела Македонија станува клучна фигура. И позитивна личност. Ероле, со колку пари ти е порачан овој текст?
Од: Новинар на НМ
Датум: 03.10.2008 11:02:40
До Спектатор, Абе партиско штрафче, не полемизираш со текстот лажеш што направил Ризаов во Нова Македонија. Па сите што сме поодамна во новинарството знаеме дека Ерол бил новинар и уредник во Н.М. Никогаш не бил директор и не работел со финасии. Ерол беше и е добар новинар. А ти се криеш зад твојот псевдоним. На Н.М. најсилниот удар и ја зададе ВМРО ДПМНЕ И ДА кога ја презедоа насила и ја уништија, а пред тоа ги избнркаа најдобрите новинари и уредници. Сите пишани медиуми во Македонија ги водат токму тие новинари што ДПМНЕ ги избрка како непријатели. Нека ти еГоспод на помош. Лажго
Од: докторот
Датум: 03.10.2008 11:52:30
господине Ризаов, со секоја своја статија се недминувате себеси тресејќи секакви глупости. Толку сте оригинален во празнотијата и злобата што се прашувам како се поднесувате самиот себеси.
Од: citatelka
Датум: 03.10.2008 12:58:29
Aleksandar,ovoj definitivno jadel tuljumba u Rinija. Sreka sto od tuljumbite ne mu dadoa na Nikola.Znaci neblagodaren narod! Koj dosega vam muslimanite vi ukazal cest kako Nikola-pa makar bilo i za rejting??? Brane??? Kiro??? KOj? A ajde Rizaov odgovori mi na edno prasanje- koj musliman ne raboti na hristijanski praznik?
Од: Ивец
Датум: 03.10.2008 13:43:35
Браќа и сестри ммро-овци, знам дека ви смета и буквата Б и Е, заради Бранко и Ерол. И дека по овие две букви и не го читате тексот, а, да биде иронијата поголема, имате или немате со што да размислувате, сеедно, ни го претставувате главниот и, единствениот дел од вашиот живот и приклученија: завист и од неа омраза... Зошто бре браќа и сестри не си отидете во “Вечер“, кај бумбарите, кај гласот на народот и таман да се докомплетирате...
Од: taipov abdula-istoricar intelekt.od turskata nacionalnost
Датум: 03.10.2008 14:32:16
Erol, Jas sum tvoj studentski drugar studiravme cetri god.zaedno neznam da li se sekavas?jas vo tie cetri godini nemozev da ja otkrijam tvojata nacionalna pripadnost ti bese jugosloven namozam da te racunam za prav turcin bidejki ne go poznavase turskiot jazik(mislam deka edno vreme bese izvestuvac na N.Maked.od RT-kako se snavogase neznam).I den deneska turcite imame golema potreba od kadri kade ke mozaat da ja spasaat turskata ncionalnost od pritisokot i asimilacijata od strana na Albanskite partii vo (Gostivar,Tetovo,Kicevo,Struga).Site nasi lideri od sekogas za vreme na Bajramskite praznici preku TV-im go cestitaat bajramskite praznici toa mnogu pozitivno,sto nikade vo zapadna evropa eden lider nemaat izlezano preku tv.da go cestitaat bajram. Los e gruevski bidejki im dade sansa na site nacionalnosti da ucestvuvaat vo vlasta gi zgolemi zatvorite i ja zaustavi korupcijata. Branko ke si zamine Srcan Kerim ke go zameni da vidime togas sto komentar ke dades za Gruevski.
Од: mare
Датум: 03.10.2008 14:43:16
Narodot si kaza na 1-vi sto e negova volja, taka da, gospodine urednik, gjabe vi e takanarecenata analiza. Moze da placete i da plukate kolku sakate, ama ke go gledate Gruevski na top scenata uste doolgo vreme! Narodot e najgolema anliza.
Од: nin
Датум: 03.10.2008 14:52:02
Не е Македонија - Европа е (закана за територијалниот интегритет на земји во ЕУ на континентот) Компромис за името (бидејќи веќе тоа се нагласува во преговорите) по се изгледа треба да се постигне покрај со Грција и со ЕУ. А јас имам предлог за реципроцитетно решение. Имено Бидејќи името Република Македонија се сваќа како претензија кон територија со исто име и Европска Унија треба да се сваќа како претензија кон територија со исто име (Европа). Ова би се однесувало покрај на Македонија и на другите земји кои не се (и не сакаат да бидат) во ЕУ, како на пример Норвешка, Русија, Швајцарија, Црна Гора и др. Така да кога Европската унија ќе се преименува со геогравска одредница (пр. северо/јузжна и југо-источно/западна)тогаш и Македонија ќе се преименува соодветно (Горна, погорна, најгорна). Дали има крај на глупостите за кои се дебатира во ООН и ЕУ и на она што покрај политичарите (веројатно од незнаење или интерес) го пласираат и „независните, паметните и стручни“ новина
Од: Др. мед. Крсте Н.поп/Стефанија
Датум: 03.10.2008 17:32:49
Нема дилеми, Бранко е,УДБ И КОС, како што сте и вие сите југо плачковци!? крсте поп/стефанија
Од: petre
Датум: 03.10.2008 17:37:21
em bas fgolema steta. aj' dogodina zdravje. bajram i nisto drugo
Од: историчар
Датум: 03.10.2008 19:55:00
Јас студирав со Ерол. Бевме вкупно16 студенти на групата Општа исорија со Историја на уметност. Таипов нема ниту некој слушнал за него. Сигурен сум дека Вие што се преставувате сам како интелекталец немало на нашата група. Вие измислувате дека Ерол не знае турски и не се чуствува како Турчин. На ова ке ви сесмеат сите што лично го знаеме Ризаов. Тој зборува турски одлично. Тоа му е мајчин јазик. Затоа не се чуди како тој известувал од Турција. Разбирам зошто вмровците го напагаат , но некој што се преставува за Турчин како тебе мора да се гребе кај власта или сте некој кодош.
Од: Slavica
Датум: 03.10.2008 22:50:17
Od poveketo komentari moze jasno da se proceni pripadnosta kon odredena politichka partija na komentatorite, a isto i nekulturata na oderedn broj komentatori. Kako i sekogash pak ima komentari od lugje koi ne rasmisluvaat trezveno i objektivno, pa duri se i vulgarni. Jas ne sum pripadnik na niedna politichka partija i licno smetam deka tekstot na g-din Rizaov e odlichen. Kako i mnogu drugi negovi tekstovi. Pa novinarot napravil dobar osvrt na situacijata. Toj gi kritikuva negativnostite i kaj dvete strani. No nekoi se zapnale da pisuvaat i za privatniot zivot na novinarot - kako onoj 'abdula'. Drugi pak se drznale da spomnuvaat tulumbi. So vakva nekultura nikade ne se stignuva.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Дотраено здравство
Зденко
Македонија има лидери, но нема лидерство
Огромно интересирање за влезници за концертот посветен на Тоше
Одлуката за прием во НАТО нема да се смени
Претходен број
Промената на „Браќа Манаки“ треба да биде транспарентна
Фијаско на лидерската средба
Verbatim
Под вулканот
Мајка го искасапила и го испекла синот во Кочанско
Санацијата на банките помина во Сенатот на САД
Матна продажба
Родителите на 1.500 основци ќе заработат прекршочна пријава
Слатките од „Ринија“ затруја 339 лица
Неколку дилеми за религиското образование