Брoj 2802  петок, 03 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Родителите на 1.500 основци ќе заработат прекршочна пријава

Родителите ќе мора да платат 1.000 евра ако не ги запишат своите деца во средно во наредните две недели

Жаклина Хаџи-Зафирова

Родителите на околу 1.500 основци ќе мора да ги олеснат своите џебови за 1.000 евра ако не ги запишат своите деца во средно во наредните две недели. Ова предупредување вчера стаса од Министерството за образование и наука, кое постојано го пролонгира рокот за пријавување на завршените основци во средните училишта, сакајќи да докаже дека може да се оствари нивниот проект за стопроцентна опфатеност на учениците во средното образование. Најновиот рок што им го постави Министерството на родителите на идните средношколци е 15 октомври како последна шанса, бидејќи по овој рок ќе почне да поднесува прекршочни пријави адресирани на име на родителите или старателите на учениците.

Министерството за образование, сепак, не гледа толку црно на бројката на незапишани ученици и го смета за успех досегашниот број на запишани во средните училишта, за што велат дека овој процент годинава е за четири проценти поголем отколку лани. Законските одредби предвидуваат со 1.000 евра да бидат казнети родители кои нема да ги запишат своите ученици ако тие се малолетни, додека казната за полнолетните е малку помала и изнесува 800 евра.

„Во овој период се одвива комуникацијата меѓу основните, средните училишта и родителите на оние ученици што треба да се запишат во средно, што очекуваме да заврши до 15 октомври.

По овој рок на известување на семејствата дека е потребно да се вклучат децата во средното образование ќе мора да се примени законската одредба за поднесување прекршочна пријава“, вели Ѓорѓи Николов, директор на Државниот просветен инспекторат во Министерството. Тој појаснува дека веќе е истечен триесетдневниот законски рок за поднесување прекршочни пријави за родителите кои досега не ги запишале децата, бидејќи учебната година веќе е почната. Николов очекува дека сите полуматуранти ќе продолжат со своето образование.

Во Министерството за образование посочуваат на податоците кои велат дека годинава 25.700 ученици се опфатени во средното образование или 94,5 отсто, што е за четири проценти повеќе од лани, кога во средно биле опфатени 23.869 ученици. „Годинава имаме помал број ученици, односно 1.500, што се' уште не се запишале во средно, што е помалку во споредба со минатата година“, вели портпаролката во Министерството за образование, Маја Корубин.

Во светот над 75 милиони деца се надвор од образовниот процес. Со оваа бројка излезе вчера УНИЦЕФ, од каде што објавија дека најголемиот дел од децата што не одат на училиште се девојчиња, кои никогаш не виделе како изгледа училиште. Според нивните податоци, од децата што се запишуваат, само половина го продолжуваат школувањето по четвртото одделение во основно училиште.




Статијата е прочитана 918 пати.

Испрати коментар

Од: zabegan
Датум: 03.10.2008 09:08:39
abe za kazni ovie se peceni a ne gi prasuvat lugeto dali decata im se opremeni za na uciliste pola makedonia e bez egzistencia(rabota) a tie zapnale kazni al znaete bre nesto drugo sem da pretete so kazni a koj da ve kazni vas kaj se knigite i posle mesec i sukar nema knigi.kako nevie sram dosta be veke go laete ovoj narod.
Од: suzana
Датум: 03.10.2008 09:36:49
kako ne vi e sram kako ne se sramite be i vie novinarite sto go pisete ,koga odite na tie presovi na vlada da go rpasate premierot i toj ministerot za obrazovanie dali tie semjstva imaat pari da gi pratat decata na skoluvanje a ne ovde da mafta deckoto so picina da se rasfrla so poistoci na negovite pajtasi negovite koi nemaat pojma i da beri arac kako vo tursko , prvo neka prasa dali tie semejstva i familii imaat da gi pratat vo uciliste, ama i nie kako narod sme krivi pratimu gi goli i bosi vo uciliste ili odnesimu gi vo kabinetoto kaj nego odnesimu gi vo ministerstvoto da vdat malku kako e a ne da go kaznuva roditelot koj nema za da odnese leg doma a ne da go rati na skolo deteto eh be eh be samo da pisete i vie ste a i tie sto ve prakaat .Direktno da go rpasate premierot so koi sredstva da gi pratat koi fabrik gi otvori kolku od niv gi zaposli dali napravi nesto vo delot na firmite a ne mu stegna da plakaat za alkoholot za da soberi pari za isbori toj deckoto .Eh be svesti se mak
Од: evropa
Датум: 03.10.2008 11:01:44
Vo zapadna ev prvo ti dadat sociala ako nemi vraboten pa togas kazna medjutoa ima kazni za soobracaaen prekrsok edna dnevnica a ova e nevideno roditeli da se kaznat pa duri i ako pluknes na ulica ili ako toa maloletnik go storil toa abe Grujo narodot vo tursko go nosis a ne vo eu.......ako mak vleze vo eu site ovie zakoni ce mora da se ponistat zatoa sto se krsat so covekoviteprava pa se prasuvam ima li vo mak dvizenje ili organizacije koja gi prati ovie raboti?dovolno samo da prati email do evropskiot sovet vo strazburg mpa eu ce bara vednas ovie gluposti da se ukinat,toa moze da go stori i privatno lice.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Дотраено здравство
Зденко
Македонија има лидери, но нема лидерство
Огромно интересирање за влезници за концертот посветен на Тоше
Одлуката за прием во НАТО нема да се смени
Претходен број
Промената на „Браќа Манаки“ треба да биде транспарентна
Фијаско на лидерската средба
Verbatim
Под вулканот
Мајка го искасапила и го испекла синот во Кочанско
Санацијата на банките помина во Сенатот на САД
Матна продажба
Не е Бајрам, Бранко е
Слатките од „Ринија“ затруја 339 лица
Неколку дилеми за религиското образование