Европските акции во пораст
Лондон - Европските акции на индикативните берзи во Лондон и Франкфурт вчера значително поскапеа, откако претходно ист тренд беше забележан и на ефектните пазари во Азија и во САД. На вчерашното тргување на лондонската берза Паневропскиот индекс на акции - ФТСЕурофрст 300 е зголемен за четири проценти, на 892,49 бода. Најважните европски национални индекси на акциите исто така се зголемени. Британскиот ФТСЕ 100, францускиот ЦАЦ - 400 и германскиот ДАКС се зголемија за четири проценти. Индексот ФТСЕурофрст 300 е зголемен во понеделникот за десет проценти и за дополнителни три во вторникот, бидејќи берзанските играчи позитивно ја примија веста за подготвеноста на владите на земјите од еврозоната да вложат повеќе од две илјади милијарди евра во стабилизација на регионалниот финансиски пазар. (МИА)
|