Директорот на Дојче банк се откажа од годишниот бонус од над милион евра
Франкфурт - Директорот на најголемата банка во Германија Дојче банк Јозеф Акерман соопшти дека ќе се откаже од својот годишен бонус, кој изнесува над милион евра, за да покаже солидарност со своите вработени во време на финансиската криза. „Го известив НО дека се откажувам од мојот бонус во оваа тешка година во интерес на мојот персонал кој работи напорно и на кој повеќе му требаат пари отколку мене“, изјави Акерман. Неговиот потег ќе го следат уште тројца членови на раководството. Лани Акерман и тројцата членови на раководството на банката вкупно имаат примања од 33,2 милиони евра, од кои 4,3 милиони на име бонуси. (МИА)
|