Брoj 2815  сабота, 18 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Падна првта жртва од кризата - брокерска куќа

Светската криза и намалениот промет е главната причина за затворањето, велат од КБЦ „Секјуритис“

Соња Маџовска

Падот на Македонска берза, предизвикан од светската финансиска криза ја зеде и првата „жртва“ меѓу брокерските куќи. Вчера се затвори КБЦ „Секјуритис“.

Комисијата за хартии од вредност вчера соопшти дека престанува со работа КБЦ „Секјуритис“ и таа веќе нема да може да врши услуги со хартии од вредност, предвидени со Законот за хартии од вредност.

Оваа одлука на КФВ следува откако брокерската куќа, на Собранието на акционери одржано на 26 септември донела одлука за престанување со работа на друштвото и спроведување постапка за ликвидација. Како резултат на таквата одлука, КХВ спровела непосредна вонредна контрола и согласно со законот донела решение за одземање на дозволата за работа на КБЦ „Секјуритис“, а до надлежниот суд ќе поднесе предлог за отворање ликвидација.

Светската финансиска криза, која најмногу се почувствува на македонскиот пазар на капитал преку намалениот промет, е главната причина за затворањето на брокерската куќа, велат од КБЦ „Секјуритис“, а овој чекор белгиските инвеститори го повлекле за да ги намалат трошоците. „Во најлошо време влеговме на пазарот на хартии од вредност - минатата година во септември кога Берзата почна да паѓа. Прво започнавме како дел од белградската групација ’Сензал‘, која подоцна ги купи белгиската КБЦ ’Секјуритис‘.Одлуката за ликвидација ја донесе централата во Белгија, поради кризата и намалениот промет на Берзата“, објаснува Маријан Поповски, директор на КБЦ „Секјуритис“. Тој вели дека следниот чекор е да се спроведе ликвидацијата во најдобар ред, по што повторно ќе бара работа како брокер, бидејќи смета дека овој бизнис, сепак, има перспектива. И Горан Ковачевиќ, поранешен вработен во оваа брокерска куќа, смета дека намалениот промет на Берзата, како и конкуренцијата влијаеле на затворањето на брокерската куќа. И тој вели дека повторно сака да работи како брокер.

Со затворањето на КБЦ „Секјуритис“ сега остануваат да работат 28 брокерски куќи, што не е мал број, со оглед на големината на македонскиот пазар на хартии од вредност.

Инаку, на вчерашниот берзански ден, индексот МБИ 10 повторно забележа пад, иако поблаг, од 0,58 проценти и изнесува 3.590 индексни поени. На Берзата беше остварен мал вкупен промет од 20,6 милиони денари.


Статијата е прочитана 888 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Европските држави ги одобруваат плановите
„Космофон“ ќе мора да се продава
Владата контра НБМ - бара олабавување на монетарната политика
Средба на Бесими со странските инвеститори во земјава
Ќе се интегрираат фондовите
ОПЕК закажа итен состанок
Директорот на Дојче банк се откажа од годишниот бонус од над милион евра
Европските акции во пораст