Брoj 2815  сабота, 18 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

„Космофон“ ќе мора да се продава

„Космофон“ мора да се продаде, бидејќи тоа е единствен начин да се одбегне концентрацијата на пазарот на мобилна телефонија во Македонија што се создаде откако „Дојче телеком“ го купи грчки ОТЕ, одлучи Комисијата за заштита на конкуренцијата

„На завчерашната седница донесовме решение со кое ја одобривме концентрацијата на пазарот на мобилна телефонија, но под одредени услови, кои се прифатени како предлог на ’Дојче телеком‘ и ’Космофон‘. Основна работа е дека Комисијата го прифати предлогот на учесниците во концентрацијата ’Космофон‘ да биде продаден“, изјави претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Чедомир Кралевски.

Тој потенцира дека рокот за продажбата и сите преостанати информации поврзани со тоа се службена тајна.

Според Кралевски, доколку „Дојче телеком“ не постапи според усогласените услови, тогаш Комисијата има механизми и ќе поведе прекршочна постапка и ќе изрече соодветни казни. Висината на казната може да се движи и до 10 проценти од остварениот промет во претходната година, како и забрана за вршење на дејноста во одреден временски период.

Со купувањето акции во грчки ОТЕ се создаде нарушување на конкуренцијата на македонскиот пазар на мобилната телефонија, бидејќи „Космофон“ е фирма-ќерка на ОТЕ, а „Т-мобиле“ фирма-ќерка на „Дојче телеком“. Двете компании сега поседуваат повеќе од 40 проценти на пазарот на мобилна телефонија, што е спротивно со Законот за заштита на конкуренцијата. Иако купопродажбата на ОТЕ од страна на „Дојче телеком“ веќе е завршена, концентрацијата преку „Космофон“ и „Т-мобиле“ на пазарот на мобилна телефонија се' уште не е спроведена во надлежните органи, како што се Централниот регистар и другите државни органи. „Космофон“ и „Т-мобиле“ се' уште егзистираат како посебни субјекти на пазарот, каде што трет субјект од септември минатата година е мобилниот оператор ВИП. (А.С.)


Статијата е прочитана 228 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Европските држави ги одобруваат плановите
Владата контра НБМ - бара олабавување на монетарната политика
Средба на Бесими со странските инвеститори во земјава
Падна првта жртва од кризата - затворена брокерска куќа
Ќе се интегрираат фондовите
ОПЕК закажа итен состанок
Директорот на Дојче банк се откажа од годишниот бонус од над милион евра
Европските акции во пораст