ОПЕК закажа итен состанок
Виена - Организацијата на земји-извознички на нафта (ОПЕК) закажа итен вонреден состанок за 24 октомври, на кој ќе се разговара за влијанието на глобалната рецесија на пазарот на нафта.
Во 13-члениот картел расте притисокот да се намалат испораките на „течното злато“, за да се спречи натамошниот пад на цените, кои денеска се за над 50 отсто помали отколку во јули, кога достигнаа рекордни 147,27 долари за барел. (МИА)
|