Европските држави ги одобруваат плановите
Париз - Француската влада вчера одобри план во вредност од 360 милијарди евра за спасување и заштита на банките од колапс и деблокирање на кредитните пазари. Планот е објавен во службен регистар и веднаш стана закон, пренесуваат агенциите.
Францускиот спасувачки пакет е дел од минатонеделната одлука на 15 држави-членки на ЕУ за пласирање на милијарда евра во финансиските системи.
И германскиот парламент одобри план за спасување на банките. Поточно, планот за инјектирање на 480 милијарди евра во банкарскиот систем на Германија, за негово спасување во услови на светската финансиска криза, беше одобрен вчера од германскиот Парламентот. (Макфакс) |