Средба на Бесими со странските инвеститори во земјава
Министерот за економија, Фатмир Бесими, се сретна со странските инвеститори - членки на Меѓународниот совет на инвеститори – ИЦИ. На средбата станало збор за прашања поврзани со целокупната деловна клима во земјата, како и за тешкотиите со кои се сретнуваат странските инвеститори во нивното секојдневно работење.
Дискусијата била насочена кон успешно изнаоѓање решенија за подобрување на тековната состојба, како и за заеднички придонес кон надминување на моменталната финансиска и деловна состојба. (Ек.Р.) |