Ќе се интегрираат фондовите
По седум години од основањето, со имплементација на едношалтерскиот систем, Централниот регистар најави нови проекти за блиска иднина. На развојната агенда на оваа институција се наоѓа втората фаза од едношалтерскиот систем, во која е предвидена интеграција на фондовите за пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и Агенцијата за вработување. Директорот на Централниот регистар, Зоран Алексов, го најави и проектот за воведување електронско поднесување документи за залог и лизинг. (А.П.)
|