Број 2987  сабота, 16 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

СТИЛ

Матурски креации за ноќта на зрелоста

Наспроти долгите вечерни тоалети, оваа сезона матурската вечер е поим за младост, весел дух и убаво расположение

Ивона Саздовска

Кога станува збор за модните трендови, матурантите почнуваат со подготовките уште од почетокот на учебната година за да имаат време да го изберат соодветниот модел, оној од соништата, а притоа да имаат и период на премислување, во случај да не ги задоволи нивните очекувања.

Проблемот настанува кога матурантите, особено припадничките на понежниот пол, се губат во просторот и времето, сакајќи да ги „симнат“ од Интернет тоалетата на Жизел Бундхен, долната облека на Адријана Лима или моделот на чевли на „Ле Бланк“.

Сето тоа звучи убаво и трендовски, но џебот е премногу плиток за да ги задоволи нивните желби и замисли, па најчесто им остануваат како опција блиските бутици или модните креатори кои се тука да пристигнат како прва помош и да направат барем делумна варијанта на посакуваниот модел.

Од вечерни тоалети, преку куси здолништа и кратки панталони... се прави вистинската трансформација на една осумнаесетгодишна матурантка, барем еднаш во животот ќе изгледа две-три години повозрасно за својата матурската забава.

Ако се земе предвид дека за нив тоа е најважната ноќ во годината, тогаш некако е оправдано стиловите да се менуваат со вртоглава брзина, се' додека не се дојде до крајната цел - да се биде најубава девојка на вечерта.

Независно дали станува збор за спортски или елегантен стил, најважно е да се одбере модел што ќе одговара на физичкиот изглед, расположението, замислата и конечната реализација.

За сите кои се' уште не се одлучиле како ќе изгледаат на матурската вечер, модната стилистка Цаци Паковска советува дека не треба да брзаат и да се задржуваат на она што го замислиле во главата.

„Моето искуство со матурантите говори дека трендовите никогаш не се следат докрај, бидејќи секој што доаѓа кај мене има однапред замислена креација во главата што би сакал да ја оствари. Она што во тој момент претставува проблем е фактот дека многу од тие модели не одговараат на нивниот физички изглед или претставуваат премногу класичен модел за толку млади девојчиња. Постојат такви кои се разумни, па умеат да го послушаат мојот совет и да добијат подобра креација што ќе ги истакне нивните позитивни делови, а ќе ги стави во се��ундарен план недостатоците. На сите ни е сосема јасно дека совршеноста ја нема, па затоа постоиме ние, кои можеме да сугерираме и да помогнеме целокупниот изглед да изгледа совршено и соодветно на возраста“, вели Паковска.

Иако оваа сезона колоритноста е смирена, кога станува збор за матурските вечери, може да се направи соодветно експериментирање со силни или пастелни бои, како и цветни или класични дезени.

„Боите не се правило на матурската вечер. Се' доаѓа предвид кога станува збор за таков вид забава. Многу често девојките се убедени дека она што го гледаат на Интернет или на телевизија мора да биде и нивни модел. Пастелните бои оваа година можеби се поатрактивни од силните, но тоа не значи дека некоја девојка не може да облече нешто во црвена или во друга боја. Повторувам дека се' зависи од физичкиот изглед и личните преференции“, додава Паковска.

Со цел да не се направи грешка, доколку сакате да изберете совршен модел за матурската вечер, најпрвин треба да пронајдете на која категорија и' припаѓате според физичкиот изглед. Според мислењето на Паковска, постојат неколку модни совети кон кои треба да се придржуваат сите матуранти.

„Доколку девојката е премногу слаба, а истовремено и ниска, тогаш се препорачува да одбере модел на кус фустан или кусо здолниште, бидејќи на тој начин ќе дојде до израз нејзиното тело, а не е исклучена можноста дека добро би дошле и соодветен модел на куси панталони. Ако станува збор за високи и слаби девојки, тогаш кусите модели не доаѓаат предвид, но одлична замена за нив се фустаните со должина до колената или цевкестите панталони, кои идеално ја издолжуваат фигурата. За оние што варираат со телесната тежина, тука мора да се внимава на моделот, што значи дека најдобро би било во горниот дел да облечат нешто тесно до пределот на градите, од каде што почнува да се шири надолу, додека во долниот дел би било пожелно да облечат здолниште до колената или, во подобра варијанта, одлично прилега и балон-фустан. Она што секако барем според мене е најважно е дека моделите треба да бидат израз на нивната младост, бидејќи понатаму во животот ќе имаат можности да ги облечат вечерните тоалети или да го следат елегантниот и класичен стил“, советува Паковска.

По личен вкус



Тања Стојковиќ, матурантка

- Не сум некој голем љубител на матурските вечери, бидејќи неколку години бев поканета како гостин на неколку и не ми се допадна изгледот на славеничките, бидејќи изгледаат повеќе како возрасни жени отколку како тинејџерки. Веројатно ќе бидам една од ретките кои ќе се облечат во фармерки и некоја интересна кошула, а што се однесува до чевлите, се' уште не сум одбрала модел, но знам дека ќе бидат едноставни.



Маја Причек, матурантка

- Мислам дека секоја девојка треба со особено внимание да се подготви за својата матурска вечер, што подразбира неколку месеци однапред бирање модел и негово подготвување. Се одлучив за еден модел на Келвин Клајн што го видов на неговата последна модна ревија и искрено се надевам дека нема да се случи повторување со некоја од моите соученички. Што се однесува до чевлите, веројатно, ќе бидат црни и едноставни.



Горан Наумов, матурант

- Бидејќи не сум љубител на палта, на матурската вечер планирам да одам во кошула и фармерки, што значи дека ќе го следам спортскиот стил. Најважно е да си поминеме убаво и да го паметиме денот како почеток на едно ново искуство и крај на едно убаво дружење. Воопшто не ми е важно како ќе изгледам, ниту да бидам скапо облечен, бидејќи понатаму ќе има уште многу можности за прославување.


Статијата е прочитана 527 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Норвешка со најдобра евровизиска песна
Гастрономски рај со најлоша храна?
Вероника веќе не паѓа на чудниот шарм на Берлускони
Опатија- Мила и препотентна морска убавица
Откажан балканскиот дел од турнејата
Срушен домот на „Милионерот-бездомник“
Три години го купувал молчењето на сопругата
Љубовно гнездо во станот на Ив Сен Лоран