БРУНИ - САРКОЗИ
Љубовно гнездо во станот на Ив Сен Лоран
Францускиот претседател Никола Саркози и неговата поубава половина, Карла Бруни, сакаат бившиот дом на покојниот моден великан Ив Сен Лоран да го претворат во свое љубовно гнездо. Претседателскиот пар фрлил око на станот во отмениот дел на Париз, каде што живеел Сен Лоран.
Станот на три ката до неодамна бил дом на голем број уметнички дела, кои се продадени на аукција минатата зима, а се продава од смртта на дизајнерот, од минатиот јуни. Вредноста му се проценува на 5 милиони евра. Саркозиеви, од почетокот на врската, поголем дел од времето минуваат во станот на Карла во предградието на Париз, но нивните советници за безбедност ги уверуваат дека би требало да се преселат поблизу до Елисејската палата.
„Карла беше блиска пријателка на Ив и со радост би се преселила со сопругот во неговиот стан. Сакаат мало љубовно гнездо, во кое ќе можат да се скријат од метежот на Елисејската палата. Станот на Ив е како создаден за тоа“, открил извор близок на сопружниците Саркози. |