Број 2987  сабота, 16 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Срушен домот на „Милионерот-бездомник“

Три месеци откако прошета по црвениот тепих на доделувањето на „оскарите“, Азхарудин Мохамед Исмаил, десетгодишната ѕвезда од „Милионер-бездомник“, исфрлен е со своето семејство од домот.

Светските медиуми со неверување ги пренесуваат зборовите на малиот Азхарудин, кој опишува дека вечерта кога почнал да тоне во сон, полицаец, во придружба на екипа за рушење, упаднал во нивната руина наречена дом, во еден од сламовите на Мумбаи, и им се заканил со стап од бамбус.

Неговиот дом, изграден од отпадоци, бил срушен, пред да успее семејството да го изнесе својот мизерен имот. Образложението било дека семејството незаконски живеело на државно земјиште на кое ќе се изгради парк. Во 14-милионскиот Мумбаи, град со најмногу милијардери и најмоќни компании на светот, во сламовите живеат 54 отсто од жителите. Азхарудин и Рубина Али, неговата деветгодишна партнерка од филмот, се' уште живеат како милиони други „кучиња од сламовите“, со таа разлика што Азхарудин сега станал и бездомник.

Враќајќи се од Холивуд, тие двајцата биле дочекани како национални јунаци, а властите на пребогатиот Мумбаи им ветиле на семејствата нови куќи, но своето ветување не го исполниле до денес. За снимањето на филмот, децата добиле само трошки, кои нивните родители одамна ги потрошиле.

Во меѓувреме, „Милионерот“, покрај осумте „оскари“, заработи 326 милиони долари со брилијантната приказна, за која придонесоа и Рубина и Азхарудин.

Ним им остана славата, а филмаџиите, кои од филмот собраа заработка 20 пати поголема од вложеното, се бранат дека не станува збор за експлоатација, зашто на децата им платиле школување, што порано го немале. Филмаџиите често истакнуваат дека „од благодарност“ за сите деца од сламовите основале фондација со 755.000 долари, што е помалку од 2,5 промили од заработувачката.


Статијата е прочитана 594 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Норвешка со најдобра евровизиска песна
Гастрономски рај со најлоша храна?
Матурски креации за ноќта на зрелоста
Вероника веќе не паѓа на чудниот шарм на Берлускони
Опатија- Мила и препотентна морска убавица
Откажан балканскиот дел од турнејата
Три години го купувал молчењето на сопругата
Љубовно гнездо во станот на Ив Сен Лоран