Број 2987  сабота, 16 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

„Евросонг“

Норвешка со најдобра евровизиска песна

Норвешкиот претставник, Александар Рибак, беше фаворитит и победи на Евросонг 2009, во Москва

Web Update - 00:30,  17.05 - Гледачите и жиријата на 42 земји учеснички на изборот за песна на Евровизија годинава го избраа Александар Рибак од Норвешка за најдобар. Рибак, инаку роден во Белорусија, со песната „Бајка“ освои 387 поени, пред Јоана од Исланд со 218, а Ајсел и Араш од Азербеџан беа трети со 207 поени.

Текст од печатеното издание:

Со одбраните 10 финалисти од втората полуфинална вечер на 54. Евровизиски фестивал, што се одржува во салата „Олимпик“ во Москва, се знае конечниот редослед на сите 25 земји-учеснички што настапуваат вечерва. Тоа се Норвешка, Грција, Азербејџан, Украина, Естонија, Данска, Литванија, Хрватска, Молдавија и Албанија.

Второто евровизиско полуфинале ќе го паметиме по ирски квазирокерки, српски локален хит правен по урнек на Бреговиќ, здодевно кипарско мјаукање, по мускулите на грчкиот Рики Мартин - Сакис Рувас, убавите лица на Азербејџан што изведоа вистинска евровизиска песна, одличниот вокал во шаренилото на претставниците на Молдавија, украинската Мадона со илјада професии, здодевни светкави Холанѓани кои до последен миг уценуваа со учество поддржувајќи ги хомосексуалците... Како и да е, оваа вечер беше многу посилна од првата (првите одбрани финалисти се Шведска, Ерменија, Турција, Израел, Исланд, Романија, Финска, Португалија, Малта и Босна и Херцеговина), што веруваме самото финале ќе го направат прифатливо за гледање и ќе ја оправдаат бројноста од над милијарда ТВ-гледачи.

Преносот се најавува за 21 часот (МТВ), а тричасовниот музички спектакл ќе го води новата двојка - евровизиската руска претставничка од 2000 година, популарната Алсоу и ТВ-презентерот Иван Ургант. Инаку, топ-моделката Наталија Водјанова и Андреј Малакхов, водителите низ полуфиналните вечери, добија најниска оценка од ЕБУ - поради несериозност, незнаење англиски и француски јазик и недостаток на „она нешто“ што се подразбира кај добрите водители.

Се' уште е неизвесно дали на денот на големото финале ќе се случи и најавената геј-парада, исто како што е ставена под прашалник стриптиз-точката на Дита Фон Тиз, која треба да ја разубави песната на германските претставници. Вечерва, во пауза меѓу гласањето, со свое шоу ќе настапи и минатогодишниот победник Дима Билан, а резултатите од гласањето ќе се знаат до полноќ. (В.Т.)

1. Литванија

2. Израел

3. Франција

4. Шведска

5. Хрватска

6. Португалија

7. Исланд

8. Грција

9. Ерменија

10. Русија

11. Азербејџан

12. Босна и Херцеговина

13. Молдавија

14. Малта

15. Естонија

16. Данска

17. Германија

18.Турција

19. Албанија

20. Норвешка

21. Украина

22. Романија

23. Англија

24. Финска

25. Шпанија


Статијата е прочитана 762 пати.

Испрати коментар

Од: ani
Датум: 17.05.2009 05:32:47
a koga ke ima repriza na evrosong?
Од: silvester, sidnej
Датум: 17.05.2009 10:42:52
Moe mislenje e deka Evrovizijata ne e nisto drugo osven eden pazar na muzikanti i cirkuzanti. Vo Avstralija ovoj "muzicki" nastan e za potsmev. Sekoja godina lici poveke na teatar, balet, sirkus, gimnastika... i apsolutno nikakva muzicka linija. Bese toa pred poveke od 20 godini. Najdobro e da se pauzira za 15 godini, pa potoa....

Најди! во Утрински
Забава
Гастрономски рај со најлоша храна?
Матурски креации за ноќта на зрелоста
Вероника веќе не паѓа на чудниот шарм на Берлускони
Опатија- Мила и препотентна морска убавица
Откажан балканскиот дел од турнејата
Срушен домот на „Милионерот-бездомник“
Три години го купувал молчењето на сопругата
Љубовно гнездо во станот на Ив Сен Лоран