Протест за поддршка на работниците на „Мура“
Љубљана - Протестен собир за поддршка на работниците во текстилната компанија „Мура“ вчера одржа целиот регион Прекмурје, во северозападниот дел на Словенија.
Егзистенцијата на 3.300 работници на „Мура“ и на нивните семејства виси на конец откако државата го отфрли барањето на компанијата да и' обезбеди пет милиони евра за да може да продолжи со работа.
„’Мура‘ не е само економски туку, пред се', социјален проблем, па затоа нема да се делиме на наши и ваши. Не се бориме за еден или друг сопственик, туку за работниците, кои своите животи ги минуваат на лентите во ’Мура‘“, се вели во повикот за протест на Општина Мурска Собота, центар на Прекмурје.
Компанијата „Мура“ минатата година ја заврши со 68,9 милиони евра приход и 5,8 милиони евра загуба. Акционерите на компанијата на собранието закажано за крајот на август се очекува да ги разрешат управниот и надзорниот одбор на „Мура“. (Макфакс) |